Виареџо куп
Преглед
Турнирот во Виареџо, Италија, наречен „Копа карневале“, важи за најквалитетен турнир за млади фудбалери во Светот, каде се имаат појавено многу светски ѕвезди. Беласица за прв пат во 2001 година учествуваше на овој турнир, на иницијатива на тогашниот претседател на Беласица, Ванчо Таковски. На првото учество за Беласица на овој турнир играа и Горан Пандев и Аце Стојков, кои шест месеци подоцна преминуваат во милански Интер, што се едни од најголемите трансфери во историјата на македонскиот фудбал. Беласица во првото свое учество забележува еден нерешен исход и два порази. Во првиот натпревар, Беласица губи од Перуџа со 1:2, а стрелец за Беласицае А. Стојков. Во вториот натпревар Беласица губи од Килмес со 3:4, а головите за Беласица ги постигнуваат Г. Пандев, А. Стојков и С. Ѓоргиев. Во последниот натпревар Беласица одигрува 2:2 против екипата на Бари, а двата гола за Беласица ги постигнува Горан Пандев, идната ѕвезда на италијанското калчо. Беласица на овој турнир е предводена од Илија Матеничаров. За Беласица на овој турнир настапија: Т. Пандев, Р. Попов, З. Костов, Б. Божиновски, Г. Пандев, Д. Масев, З. Балдовалиев, С. Бајлозов, В. Пандев, Б. Стојков, З. Танчев, А. Крстев, П. Божијанов, А. Стојанов, И. Поцев, М. Белчев, С.Ѓорѓиев, Н. Глигоров и А. Стојков.
Во 2002 година, Беласица пак учествува на турнирот во Виареџо, но сега ослабена без двете свои најголеми ѕвезди, Г. Пандев и А. Стојков. Во првиот натпревар убедливо губи од Наполи со 0:5. Во вториот натпревар Беласица игра против француска Ница и успева да одигра 2:2, со головите на З. Балдовалиев и П. Божијанов. Во последниот натпревар, Беласица ја совладува екипата на Кастел ди Сангро со 3:2, со головите на Д. Масев, П. Божијанов и З. Балдовалиев. Беласица со 4 бодови го освојува третото место во групата и отпаѓа заради послабата гол-разлика од Ница.
Беласица по трет пат играше во Виареџо, по четири години пауза, во февруари 2006 година. Оваа генерација на Беласица обезбеди две победи против Џенова и Сантос Лагуна, а загуби само од Тревизо. За Беласица на овој турнир играа: К. Захов, В. Николов, А. Милушев, Д. Стојков, М. Алаѓозовски, Д. Савиќ, Д. Митрев, К. Чачев, Г. Пројков Д. Божинов, К. Кавазов, М. Тимов, Б. Маневски, Р. Ристов, Т. Андреев, Ѓ. Станковски, Д. Јакимовски, Вргов и Бајрам. Овој тим на Беласица беше предводен од тренерот Звонко Тодоров. Беласица во првиот натпревар губи од Тревизо со 1:4, а почесниот гол за Беласица го дава идниот македонски репрезентативец, Душан Савиќ. Во вториот натпревар, Беласица ја совладува екипата на Сантос Лагуна со 1:0, со голот на Душан Савиќ во 89 минута. Во последниот дуел, Беласица ја победува екипата на Ѓенова со 2:0 и повторно стрелец е Душан Савиќ, а гол во финишот постигнува и М. Тимов.
Беласица и во јануари и февруари 2008 годинаучествуваше на Виареџо купот во Италија. Играчите на Беласица во првиот натпревар играа против Милано, во кој играа идните ѕвезди на европскиот фудбал: П. Обамејанг, М. Дармијан, С. Ромањоли, А. Палоши... Милан ја победува Беласица со 4:0. Беласица во вториот натпревар одигрува1:1 против Чезена, а голот за Беласица го постигнува Ѓ. Танушев. Во последниот натпревар, Беласица со 2:1 го победувамалезискиот тим, со двата гола на М. Мишовски. За Беласица, на овој турнир играа: Ѓ. Танушев, Б. Гуцев, М. Цветковски, Г. Пројков, А. Мисковски, Д. Божинов, М. Пасков, В. Милев, Р. Митев, Ѓ. Станковски, Р, Ристов, М. Мишовски, Д. Стојанов, С. Атанасов, В. Гидалов, М. Митев, В. Истатов, Д. Улисев и Ушев.
Беласица во 2009 година повторно игра на Виареџо купот, во Италија. Беласица забележува три тесни порази. Беласица најпрвин губи со 1:2 од Торино, а стрелец на голот за Беласица е Ѓ. Марков. Во вториот натпревар, Беласива губи со 0:2 од Индепиенте од Санта Фе. Во последниот натпревар против Бари, Беласица го забележува и третиот пораз со 1:2, а стрелец за Беласица е А. Мисковски. Беласица на овој турнир,како тренер,ја предводи Југослав Тренчовски, а во делегацијата, покрај претседателот П. Мишевски, се и М. Илиев, И. Панов и Р. Секулов. Во тимот на Беласица настапуваа: Р. Митев, В. Милев,Ѓ. Марков, Ѓ. Танушев, Ф. Тимов, Т. Василев, Т. Јанев, Д. Божинов, Д. Стојанов,Љ. Ѓоргиев, Р. Ристов, С. Велјановски, Ѓ. Станковски, Д. Ничев, М. Пасков, М. Цеков, Ј. Јакупов, С. Атанасов и М. Мишовски.
На Виареџо купот, во 2010 година, Беласица е во група со Фиорентина, Чезена и Самбенедетезе. Беласица во првиот натпревар забележува пораз од Фиорентина со 0:2. Беласица и во следните два наптревари губи со 0:1 и на крајот завршува без бодив со гол-разлика 0:4. Беласица е предводена од тренерот Југослав Тренчовски, а во тимот се: Ф. Тимов, Ѓ. Марков, Ѓ. Танушев, Т. Василев, Т. Јанев, Б. Гуцев, М. Донев, Б. Коњарски, Р. Ристов, А, Ефремов, Б. Петров, Д. Ницев, П. Савевски и Ѓ. Иванов. Беласица само за овој турнир е засилена и со неколку играчи од Хоризонт од Турново: Д. Георгиев, М. Мавров и Т. Петров.
Младинскиот тим на Беласицаповторнонастапува во Виареџо во 2013 година. Беласица одигрува 3 натпревари во група со: Аталанта и Сиена од Италија и Бриж од Белгија. Беласица губи во првиот натпревар со 0:2 од Аталанта, а потоа губи и од Бриж 0:3 и од Сиена 0:1. Беласица на овој турнир ја предводат поранешните играчки легенди на Беласица, Тони Ефтимов и Панче Стојанов. За Беласица на овој турнир настапија: И. Алексовски, Т. Милев, Е. Амедов, М. Филиповски, М. Шијаков, И. Ѓорѓиев, И. Ников, О. Падешки, А. Багашовски, Т. Илиев, З. Митевски, Ѓ. Глигоров, К. Иванов, Р. Адамов, М. Цонев и Ѓ. Стоилов, кој доаѓа од Хоризонт од Турново.
Младинскиот тим на Беласица учествуваше на турнирот во Виареџо и во 2014 година. Ова е последното учество на Беласица на овој турнир.
Во трите натпревари во Италија, забележува 2 нерешени натпревари и 1 пораз. Во првиот натпревар губи од Лацио со 0:1, а во следните два одигрува 1:1, против Национал од Парагвај и против Варезе. Стрелец на двата гола за Беласица е Никола Коцев. Екипата повторно ја предводеше тренерот Тони Ефтимов. За Беласица на овој турнир настапија: И. Алексовски, М. Ѓорѓиев, И. Ѓорѓиев, И. Ников, О. Падешки, С. Петров, С. Стојанов, З. Митевски, П. Милев, Ѓ. Глигоров, К. Иванов, Ј. Јаничов, В. Јованов, Н. Коцев, М. Насков, Н. Божинов, А. Марков и М. Цонев.
Беласица игра на вкупно 8 изданија од турнирот во Виареџо и одигрува 24 натпревари. Беласица забележува 4 победи, 5 нерешени резултати и 15 порази, со гол-разлика 22:46. По три гола за Беласица на овој турнир постигнуваат Г. Пандев и Д. Савиќ, додека по два гола постигнуваат: А. Стојков, З. Балдовалиев, П. Божијанов, А. Мискоски и Н. Коцев.
Извор: Аце Стојанов, „ФК Беласица – гордоста на Струмица“, 2025 година.
Фотографии
Беласица 2001
Беласица 2006
Беласица 2009
Беласица млади
Беласица 2014