Прескокни на содржина
ФК Беласица

Средби со Партизан од Белград

Преглед

Партизан и Беласица своето фудбалско пријателство го започнаа во летото 1973 година, кога Благој Истатов и Васил Рингов преминаа во редовите на ФК Партизан. Рингов останува две сезони во Партизан, а Истатов брани три сезони. Пријателството на Истатов со управата и играчите на ФК Партизан остануваат до крајот на неговиот живот.

Рекорди

Беласица и Партизан имаат играно помеѓу себе четири пати во Струмица, и тоа:

11.09.1979 година – Истатов претходната сезона се враќа во Беласица и тоа е првото гостување на Партизан во Струмица;

29.11.1983 година, на простувањето на Благој Истатов. Првично натпреварот треба да се игра на 15.11.1983 г., но заради обилни снежни врнежи, натпреварот е одложен и се игра две недели подоцна;

11.07.1996 година, на простувањето на фудбалската легенда на Беласица, Петар Андреев, кој по 22 сезони ја заврши својата кариера во декември 1995 година;

Февруари 2000 година е последното гостување на Партизан во Струмица. Во дресот на Беласица на овој натпревар настапи и идната голема ѕвезда на македонскиот фудбал, Горан Пандев. На овој натпревар настапува и Ацо Стојков, кој есента 2006 година ги брани боите на Партизан.

Се надеваме дека и во иднина Беласица ќе биде домаќин на ФК Партизан.

Извор: Аце Стојанов, „ФК Беласица – гордоста на Струмица“, 2025 година.

Фотографии