Прескокни на содржина
ФК Беласица

Младинска школа на Беласица

Преглед

Беласица секогаш била горда на својата младинска школа, од каде излегувале големи играчи, кои подоцна играле во првиот тим на Беласица, а некои од нив играле и во странство и во други големи клубови во Македонија и поранешна Југославија.

Уште во периодот на Кралството Југославија, Беласица имала своја младинска школа. По Втората светска војна, особено е позната генерацијата која во 1950 година стигнала до полуфиналето на првенството на Македонија во младинска конкуренција. Во оваа генерација биле: Ристо Гошев, Александар Трендов, Васо Цветков, Томе Ефтимов, Коте Харилов, Кочо Ќосев, Ѓорѓи Јанев, Митко Танчев, Ѓорѓи Аџиташков...

Беласица во сезоната 1964/65 е освојувач на младинскиот куп на Македонија. Оваа генерација на Беласица е предводена од голманот Благој Истатов и капитенот Томе Семенков, кои подоцна направиле одлични кариери. Од оваа генерација во првиот тим добра кариера има и крилото Миле Чинков, а во првиот тим на Беласица настапуваат и: А. Малинов, Ѓ. Маринов, И. Камиларов, додека пак А. Маглешев и Д. Манолев долги години играат во Тиверија. Покрај нив, во оваа шампионска генерација на Беласица играле и: П. Танчев, П. Петков, Н. Хаџистојанов...

Беласица при крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години на минатиот век од својата школа успева да создаде многу фудбалери, кои станаа ѕвезди на македонскиот фудбал. Од овој период би издвоиле играчи како: Н. Секулов, Р. Анчев, С. Грнчаров, М. Георгиев–Шеки, Б. Тасев, Т. Пецев, В. Рингов, Б. Георгиев, А. Грнчаров, И. Андреев, П. Андреев...

Во следните неколку години од школата на Беласица излегуваат и играчи како: М. Василев и Т. Георгиев. Во осумдесеттите години од минатиот век од генерацијата 1964/65 излегуваат фудбалери кои заигруваат и во Втората југословенска лига, како што се: Г. Стојменов, Б. Марков и М. Даскаловски, а од оваа генерација се и Н. Џорлев, З. Истатов...Оваа генерација на Беласица ја предводи Александар Трајков–Чанда. Во осумдесеттите години голем дел од фудбалерите кои излегуваат поминуваат низ тренерската палка на Панче Пантазиев и Томе Ефтимов–Жонглер. Од крајот на осумдесеттите години излегуваат играчи како: В. Костов-Манго, В. Бојчевски, М. Алачки, С. Танев, Н. Танушев...

Беласица во сезоната 1992/93 го освојува првиот младински куп на Македонија. Овој тим на Беласица го предводи поранешниот играч Томе Пецев, а во финалето му помага и Илија Андреев, кој е тренер на првиот тим во финишот на оваа сезона. Од овој тим претходно си заминуваат М. Начевски и М. Наков. Беласица во финалето ја победува екипата на Пелистер со 5:3, со головите на Т. Секулов, В. Георгиев, М. Аљоков, Т. Атанасов и В. Ристов. Беласица на финалниот натпревар настапува во состав: Д. Алексиев-Панчуров, И. Арапов, Л. Атанасов, П. Ристевски, И. Ѓузелов, С. Петковски, В. Георгиев (Ј. Тренчовски), П. Стојанов (В. Ристов), Т. Секулов, Т. Атанасов, М. Аљоков (Д. Котев).

Второто финале во младинскиот куп ФК Беласица го одигрува во мај 1997 година, против Вардар од Скопје. Губи од силниот тим на Вардар предводен од А. Баевски, М. Вајс, И. Златановиќ... Оваа генерација, родени во 1979/80, предводена најпрвин од Илија Андреев во помалите категории, а потоа и од Томче Ефтимов, успева покрај финалето на купот во 1997 година, во 1998 година да стане и младински вицешампион, губејќи ја титулата заради послабата гол-разлика. Во финалето на купот против Вардар играа: Б. Тимов, Р. Секулов, Тренчевски, М. Панов, Иванов, Коцев (Костадинов), Г. Пандев, Д. Андреев, К. Панов, Д. Фетиов и Р. Христовски.

Во сезоната 1997/98 се појавува нова надежна генерација, која ја предводат: Г. Пандев, А. Стојков, Д. Масев, З. Балдовалиев... Оваа генерација го игра финалето на купот на Македонија за пионери, против Тетекс. Беласица победува со 3:0, со двата гола на Г. Пандев и еден на А. Стојков. Беласица настапува во состав: Т. Пандев, П. Божијанов, А. Крстев, Ѓорѓиев, И. Митрев, Д. Коцев (З. Василев), А. Стојков, А. Стојанов (Ј. Марковиќ), Д. Масев, Г. Пандев, З. Танчев.

Во првенството, оваа екипа го освојува второто место.

Во следната сезона, 1998/99, оваа генерација на фудбалери на Беласица се натпреваруваше во кадетската конкуренција и успеа да ја освои двојната круна. Во финалето на купот на Македонија во кадетска конкуренција Беласица ја совладува Слога Југомагнат со 5:3. Стрелци на головите за Беласица се: Д. Масев, Г. Пандев, З. Балдовалиев ,Танчев и А. Стојков. Беласица настапи во состав: Т. Пандев (Б. Стојков), П. Божијанов, З. Балдовалиев, А. Крстев, И. Митрев (Ј. Марковиќ), Д. Коцев, А. Стојков, Златанов (Грозданов), Д. Масев, Г. Пандев, З. Танчев. Пионерската екипа на Беласица оваа сезона игра финале.

Беласица го игра своето трето младинско финале за купот на Македонија, во сезоната 1999/ 2000 година. Финалето се игра во Прилеп, а противник е екипата на скопски Вардар. Финалето завршува со 3:1 за Вардар, а стрелец на почесниот гол за Беласица е Г. Пандев.

Беласица, предводена од тренерот И. Матеничаров, на овој натпревар е во состав: Т. Пандев, А. Крстев, А. Стојанов, В. Пандев, Р. Попов, Табанов, В. Мицевски, Д. Масев, А. Стојков, Г. Пандев, З. Танчев. Кадетите предводени од П. Андреев и пионерите предводени од З. Тодоров, исто така играат финале во плејофот за шампион на Македонија.

Кадетите на Беласица во сезоната 2000/01 ја освојуваат двојната круна. Тренер е Звонко Тодоров, а капитен на екипата е Александар Стојанов. Во финалето на купот на Македонија, Беласица ја совладува екипата на Слога Југомагнат по подобро шутирање пенали. Во финалето на првенството, во Струмица, Беласица ја совладува екипата на Вардар со 3:0. Во овој состав на Беласица играа: Николов, А. Василев, Г. Попов, Ј. Марковиќ, П. Божијанов, Ј. Говорко, М. Стојков, Томе, К. Кусиванов, А. Трајковски, С. Божинов, Ј. Ѓоргиев, К. Бомјански, Л. Караколев, Т. Панов,А. Стојанов, М. Гашев, Ж. Костадинов... Пионерите, предводени од Панче Пантазиев, го освојуваат купот на Македонија, победувајќи ја штипска Брегалница со 1:0, додека пак младинскиот тим, во четвртфиналето ја совладува екипата на Тиквеш со 6:0, играјќи во состав: Т. Пандев, П. Божијанов, З. Балдовалиев, Д. Масев, В. Пандев, Табанов, Р. Попов (Ј. Марковиќ), А. Стојанов (М. Стојков), В. Мицевски, Г. Пандев (Ефтимов) и З. Танчев (С. Бајлозов). Неочекувано, младинците иако се главни фаворити за трофејот, губат во полуфиналето на купот на Македонија против екипата на Цементарница.

Во 2002 година, четврто финале на Беласица во младинскиот куп. Беласица го освојува вториот трофеј со победата над Куманово на пенали, по 2:2 во регуларниот дел. З. Балдовалиев ги дава двата голаво финалето, а исто дава два гола и во 1/2 во првиот натпревар во Скопје против Вардар. Екипата ја предводи З. Тодоров, а главни играчи се З. Балдовалиев и Р. Попов. Во финалето против Куманово, Беласица настапи во состав: В. Николов, М. Ташев, Г. Попов, М. Стојков, Р. Попов, Ј. Марковиќ, В. Пандев, А. Стојанов (Панов), П. Божијанов, Д. Масев и З. Балдовалиев. Беласица оваа сезона стана шампион и во кадетска конкуренција (1985-86), совладувајќи ја екипата на Вардар со 2:1 со головите на: Василев и Панов. Беласица на овој натпревар настапи во состав: Николов, Ташев, Караколев, Ристов, Василев, Маневски, Кусиванов, Костадинов, Тасев, Панов, Вргов (Јорданов), додека пак пионерската екипа (1987-88) станува шампион со победа над Пелистер со 3:1, со головите на Пројков, Тасев и Ангеловски. Беласица на овој натпревар настапи во состав: К. Захов, К.Ангеловски, Ѓ. Станковски, К. Кавазов, К. Чачев, М. Алаѓозовски, Д. Јакимовски, М. Тимов, Г. Пројков, С. Пандев, Тасев, а играле и: Цветков, А. Милушев и Т. Андреев.

Беласица во 2003 година го игра своето петто финале во купот на Македонија, против Вардар и натпреварот завршува 1:1, а на пенали губи 3:4 на пенали. Стрелец на голот за Беласица е П. Божијанов. Тренер на Беласица е Ристо Урдов. Екипата на Беласица на овој натпревар настапува во состав: В. Николов, Б. Маневски, М. Стојков, Г. Попов, М. Ташев, Б. Ристовски, А. Стојанов, С. Пандев, Л. Караколев, И. Тасев, П. Божијанов, а во игра влегле: Б. Томевски и Д. Брзаковски.

Кадетскиот состав на Беласица во следната сезона, 2003/04, игра финалето на купот на Македонија, но овој пат Пелистер е подобар и победува со 3:1. Беласица игра во состав: К. Захов, Т. Андреев, А. Милушев, К. Ангеловски, Д. Стојков, Димов, Г. Пројков, С. Пандев и Д. Јакимовски. Екипата на Беласица е предводена од Томе Пецев. Беласица по 4 добиени финалиња во купот на Македонија за кадети, за прв пат губи. Тренерите Звонко Тодоров и Илија Матеничаров, имаат по два пехара во кадетска конкуренција како тренери.

Беласица во 2006 година го игра своето шесто финале на младинскиот куп на Македонија, што во тој момент претставуванајмногу финалиња во првите 15 години од македонската независност. Беласица во дуелот со Силекс го освојува својот трет трофеј, победувајќи ја оваа екипа со 2:1, со головите на Ѓ. Станковски и М. Алаѓозовски. Почетен состав на Беласица во овој натпревар е: К. Захов, Д. Митрев, А. Милушев, Ѓ. Станковски, К. Чачев, Д. Божинов, М. Тимов, Д. Стојков, Т. Андреев, Г. Пројков и М. Алаѓозовски. Во игра влегле и: И. Мазнејков, И. Димитров и А. Бакулески. Овој тим на Беласица е предводен од З. Тодоров и Р. Анчев.

Во 2007 година, пионерската екипа на Беласица (родени во 2002 година) го игра финалето на купот на Македонија. Оваа екипа е предводена од Д. Ќосев, а во неа играле: З. Истатов, Ф. Тимов, Б. Глигоров, Ј. Јакупов, С. Ристов... Беласица континуирано учествува и на Виареџо купот во Италија. Во овој период од 2007 до 2012 година излегуваат играчи како: Ѓ. Марков, Т. Василев, Ѓ. Танушев, Б. Гуцев, Д. Илиев, А. Багашовски, З. Митевски...

Беласица во сезоната 2023/24 со својот младински тим успева да стигне во полуфиналето на младинскиот куп на Македонија, но не успеваат да дојдат до финалето. Беласица и во последната, 2024/25 година, се натпреварува во супер младинската лига на Македонија и го освои 10-тото место.

Извор: Аце Стојанов, „ФК Беласица – гордоста на Струмица“, 2025 година.

Фотографии

  • Беласица 1950

  • Беласица 1981

  • Беласица 1992/93 со трофејот

  • Беласица 1993 извештај

  • Беласица 1997 извештај

  • Беласица 1997

  • Беласица 1998 пионери

  • Беласица 1999 кадети

  • Беласица 2000 извештај

  • Беласица 2000 извештај

  • Беласица 2001 кадети книга

  • Беласица 2002 извештај

  • Беласица 2002 со трофејот

  • Беласица 2003 извештај

  • Беласица 2006 екипа

  • Беласица 2006 извештај

  • Беласица 2007 пионери

  • Беласица 2013 млади

  • Беласица 1964/65 младинци млади

  • Беласица 1971/72 младинци млади

  • Беласица 1993 младинци млади

  • Беласица 1993 млади со трофејот

  • Беласица 1993 младинци млади куп

  • Беласица 2003 млади