Вечното дерби со Тиверија
Преглед
Беласица – Тиверија во периодот од 1929 до 2017 година одигруваат 29 првенствени натпревари. Беласица победува на 20 натпревари, 5 се одиграни нерешено и на 4 натпревари победува Тиверија. Гол-разликата е 71:20. Извештаи за стрелци немаме од 13 натпревари. Според извештаите од 16 натпревари, В. Георгиев со 4 гола е најефикасен во дерби средбите во дресот на Беласица, а по 2 гола имаат дадено: Т. Атанасов, Г. Мазнов и Р. Трајков. Кај Тиверија, Б. Гуцев со 2 гола е најефикасен во дерби натпреварите.
Во овие скоро 90 години, првиот првенствен натпревар е одигран во 1929 година, по Втората светска војна е во есента 1955 година, а последниот првенствен натпревар е одигран во пролетта 2017 година.
Од овие 29 натпревари, 6 се одиграни во Првата македонска лига, 4 првенствени натпревари се во Втората македонска лига - исток, 4 во Штипскиот потсојуз, 6 натпревари во Третата македонска лига - исток и 9 во периодот меѓу двете светски војни. Интересно е дека во Првата македонска лига, Тиверија има победено на 2 натпревари, а 4 натпревари завршиле нерешено.
Рекорди
Еве ги резултатите и стрелците на овие 29 натпревари:
1929/30
Тиверија - Беласица 0:6
Беласица - Тиверија 3:1
1931/32
Беласица - Тиверија 2:0
Тиверија - Беласица 0:4
1932/33
Беласица - Тиверија 5:0
1933/34
Беласица - Југославија 1:0
Тиверија од мај 1933 година се преименува во Југославија
1934/35
Југославија - Беласица 0:1
Беласица - Југославија 3:0
1938/39
Беласица - Југославија 1:0
1955/56, Штипски потсојуз
Беласица - Тиверија 6:1
Тиверија - Беласица 0:5
1961/62, Штипски потсојуз
Беласица - Тиверија 2:0 (Цветков, Ангелов)
Тиверија - Беласица 1:4
1973/74, Прва македонска лига
Тиверија - Беласица 1:1 (Вукшан заТиверија, Бинев 71 за Беласица)
Беласица - Тиверија 1:3 (Марковски 6 заБеласица, Б. Карамучев 3, Дробаров 48, Почек 53 за Тиверија)
1974/75, Прва македонска лига
Тиверија - Беласица 0:0
Беласица - Тиверија 0:1 (Галевски 68)
1975/76, Прва македонска лига
Тиверија - Беласица 1:1 (М. Секулов 29 заТиверија, Тасев 70 за Беласица)
Беласица - Тиверија 0:0
1998/99, Втора македонска лига - исток
Тиверија - Беласица 2:4 (Глигоров 42, Каралиски 88 заТиверија, Христовски 5, Танев 8, Т. Мицевски 13, Манчев 20 за Беласица)
Беласица - Тиверија 5:1 (Р. Трајков 17, 35, В. Георгиев 40, 62, 76 за Беласица, Алачки 16 за Тиверија)
1999/2000, Втора македонска лига - исток
Тиверија - Беласица 0:5 (Т. Атанасов 36, 66, Стојков 38, Мазнов 45, 70)
Беласица - Тиверија 2:0 (Туна 86, В. Георгиев 89)
2012/13, Трета македонска лига - исток
Беласица - Тиверија 1:1
Тиверија - Беласица 3:1 (Гуцев 2, Упчев)
2014/15, Трета македонска лига - исток
Беласица - Тиверија 2:0 (Б. Глигоров 66, Донев 70)
Тиверија - Беласица 1:2 (Пакетов заТиверија, Цонев 47, Костовски 50 за Беласица)
2016/17, Трета македонска лига - исток
Тиверија - Беласица 1:2 (Т. Серафимовски за Тиверија, Б. Истатов 62, Д. Ѓоргиев 77 заБеласица)
Беласица - Тиверија 1:2 (Мариќ 66 за Беласица, А. Глигоров, Митревиќ заТиверија)
Извор: Аце Стојанов, „ФК Беласица – гордоста на Струмица“, 2025 година.