Прескокни на содржина
ФК Беласица

Стадион „Благој Истатов“

Преглед

Секој фудбалски клуб има свој стадион, каде генерации фудбалери тренерираат и ја создават историјата на својотклуб. Стадионот на ФК Беласица има својап риказна, како и самиот клуб. Првиот стадион на кој почнала да игра Беласица бил неколку стотини метри подолу од сегашниот стадион. Изградба на нов фудбалски терен имало во 1931 година кога свечено е отворен со двата пријателски натпревари против кумановскиот Спорт клуб. За ова дознаваме од весникот„Време“од 25.09.1931 година. Во Архивот во Струмица имаме скица од теренот на Беласица од 1942 година. Изградба на стадионот со трибина за 3.000 гледачи имаме во текот на 1950 и 1951 година, а официјално е отворен со натпреварот против скопски Вардар, на 11.02.1951 година. Во седумдесеттите години на минатиот век, теренот е многу оштетен, па затоа во сезоната 1976/77 се врши големо реновирање, а Беласица цела сезона игра на помошниот стадион. Фудбалскиот терен е нивелиран, поставен е дренажен систем, а изградена е и атлетска патека и соблекувални. Сите овие активности биле финансирани од Самоуправната заедница за физичка култура од Струмица. До следните интервенции на стадионот се чекало 28 години. На 14 ноември 2005 година, во присуство на тогашниотпретседател на ФИФА, Сеп Јозеф Блатер, беше пуштена обновената покриена западна трибина, со 1.800 седишта. Покрај трибината, во употреба беа пуштении помошните простории на стадионот „Младост“, со помош на донации од Гол-програматана ФИФА и од проектот Хет-трик на УЕФА, во вкупен износ од 800.000 швајцарски франци. Оваа доградба на стадионот се направи во време кога Ванчо Таковски беше претседател на ФК Беласица. Во периодот кога е претседател Таковски, се поставени и рефлекторите на стадионот „Младост“. Следната доградба на стадионот „Младост“ се случува во јуни и јули 2017 година, кога претседател е актуелниот Славчо Васков - Пинда. Во оваа нова доградба инвестирани се 1.800.000 евра од страна на УЕФА, на ФФМ и на ФК Беласица. По смртта на великанот на струмичкиот фудбал, Благој Истатов, стадионот„Младост“ во 2019 година, на предлог на актуелниот претседател, е преименуван во „БлагојИстатов“. По Националната арена во Скопје, стадионот „Благој Истатов“ е втора арена во Македонија која ги исполнува сите критериуми за да може овде да настапува и нашата национална репрезентација. На овој стадион низ историјата се играат и меѓународни натпревари од европските купови, а исто така и финалиња на македонскиот куп. Денес стадионот „Благој Истатов“ е модерно здание и очекуваме на него да бидат испишани нови светли страници на ФК Беласица и да излезат нови големи ѕвезди на македонскиот фудбал.

Извор: Аце Стојанов, „ФК Беласица – гордоста на Струмица“, 2025 година.

Фотографии