Навивачи „Ајдуци“
Преглед
Секој фудбалски клуб има свои навивачи, кои живеат за успесите на својот клуб и кои го бодрат и во добро и во зло. Уште од самото основање на Беласица, клубот имал свои навивачи, кои навивале за својот клуб, како дома, така и на гостувањата. Во весниците од 50-тите и 60-тите години може да се прочита дека навивачите оделе пешки или со велосипеди или со запрежни возила и до Радовиш и до Гевгелија да го бодрат својот тим. Беласица ја следеле навивачите и во 70-тите години на гостувањата. На домашните натпревари во 80-тите години, Беласица ја гледаат по над 10.000 гледачи на натпревари против Динамо Загреб, Партизан, Трепча...
Навивачите на Беласица, официјално, се организираат како навивачка група во 1988 година, кога клубот го постига својот најголем успех, играње во единствената Втора југословенска лига. Првото име на навивачите на ФК Беласица било „Блу Драгон“, но само по една година се преименуванат во „Ајдуци“, кое име до денес гордо го носат. Пред „Ајдуците“, организирани навивачки групи се само: „Чкембари“, „Комити“ и „Војводи“. За иницијатори и основачи на навивачката група „Ајдуци“ се сметаат: Томе Паљошков, Лазар Атанасов, Аце Терзиев, Аце Галев, Тошо Јанев, Борис Василевски, Ѓорги Врешков, Вернер... „Ајдуците“ во сите овие години ја поддржуваат Беласица и никогаш не штеделе ниту глас, ниту дланки за да ги понесат своите фудбалери во нови успеси. Во периодот од 1996 до 1999 година доаѓа до прекин на активностите на „Ајдуците“. Во мај 1999 година, на натпреварот со Малеш од Берово, групата „Ајдуци“ пак го возобнувува своето навивање. Тогаш на чело на „Ајдуците“дошле Леце Пиличев и Игор Москов, па заедно со дел од постарата генерација на „Ајдуците“и уште со Наќе Ѓузелов, Јане Јанев и Вили Костадинов поворно го враќаат сјајот на „Ајдуците“. Беласица на чело со Таковски ги бележи најголемите успеси, а „Ајдуците“ се насекаде со тимот, се прават членски карти и го подигаат нивото на организираност. На средбата против Лешоеш, 500 „Ајдуци“ ја бодрат Беласица. Следната генерација на навивачи се предводени од Ване Апазов, Јован Назов, Ване Пантев и Зоран Коцевски. Тоа се само некои од членовите на „Ајдуците“, кои долги години имаат поминато на северната трибина на стадионот на Беласица. Секако, треба да се спомене и покојниот чичко Петар Анџиев, кој до крајот на својот живот ја гледаше Беласица.
НАПРЕД БЕЛАСИЦА!
Извор: Аце Стојанов, „ФК Беласица – гордоста на Струмица“, 2025 година.