Прескокни на содржина
ФК Беласица

Куп на УЕФА

Преглед

ФК Беласица два пати како вицешампион на Македонија (2001/02 и 2002/03) се изборуваше да игра во купот на УЕФА. Но, за жал, и во двете свои учества испадна уште во првите двомеча. Во првиот двомеч се сретна против португалската екипа Лешоеш. На гостувањето во Португалија, Беласица поведе со 0:2, со двата гола на српскиот интернационалец, А. Ахметовиќ, но Португалците на крајот успеваат да изедначат. Во реваншот, Беласица игра послабо и преку голот на З. Балдовалиев, само успеваат да го ублажат поразот на 1:2.

Во второто учество во купот на УЕФА, Беласица за противник ја имаше екипата на Публикум од Словенија. Беласица ослабена во однос на претходната сезона, нема да е конкурентна. Па така во првиот натпревар во Словенија, Беласица губи со 7:2, а двата гола ги постигнува З. Балдовалиев, додеака во реваншот во Струмица, Беласица доживува уште една катастрофа и губи со 0:5.

Рекорди

Беласица во вкупно одиграните четири натпревари во купот на УЕФА ги има забележано овие резултати:

2002 г. Лешоеш – Беласица, 2:2 (Ахметовиќ 53,55);

Беласица- Лешоеш 1:2 (Балдовалиев 80);

2003 г. Публикум - Беласица 7:2 (Балдовалиев 49, 87);

Беласица - Публикум 0:5.

Од четирите натпревари одиграни во купот на УЕФА, Беласица има еден нерешен натпревар и три порази, со гол–разлика 5:16.

Беласица во европските купови има постигнато 5 гола, а нив ги имат постигнато само два играча, и тоа:

1. З. Балдовалиев, 3;

2. А. Ахметовиќ 2.

Извор: Аце Стојанов, „ФК Беласица – гордоста на Струмица“, 2025 година.

Фотографии