Прескокни на содржина
ФК Беласица

2020-ти

„Сезона 2024/25“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2024/25“

Преглед

Беласица оваа сезона ја стартува со Александар Стојанов како тренер и Благој Митев, како негов помошник. Беласица се засилува со неколку млади фудбалери, и тоа: З. Кочанковски, кој доаѓа од Австралија, М. Дебрешлиоски, Е. Мустафа, С. Младеновски, Т. Идриза, К. Стојанов од Брера и Е. Мандак од Брегалница Штип. Беласица ја напуштаат: А. Коцев, П. Гугуљанов, Х. Чукарски, Н. Талески, Д. Михолов, К. Јордановски, П. Јакимов, А. Абази и М. Ахмедов. Беласица ја стартува сезоната со пораз од Арсими, но потоа следуваат 6 последователни нерешени игри. Од 8 коло, Беласица влегува во победничка серија, притоа победувајќи во Богданци, потоа победувајќи го Осогово и на крајот и Скопје. Серијата победи ја прекинува против Кожуф на домашен терен, а потоа Беласица ќе изгуби во Радовиш и на домашен терен против вечниот ривал, Брегалница. Беласица на гостувањето во Велес ја забележува својата трета гостинска победа. Во последното коло губи од есенскиот шампион, Македонија ЃП, а од истиот противник губи на пенали и во 1/16 на купот на Македонија. Беласица ја завршува полусезоната на 10-тото место, со 4 победи, 7 нерешени резултати и 4 порази, со гол-разлика 15:18. Најдобар стрелец е Димче Јовов со 6 гола, пред А. Милушев, К. Капсаров и К. Стојанов со по 2 гола. Сите натпревари ги одигруваат капитенот А. Милушев, голманот Ѓ. Трајков и К. Капсаров. Во зимскиот преоден рок, Беласица направи големи играчки промени. Се врати во Беласица, одличниот Александар Коцев, потоа дојдоа од Кожуф, искусниот Б. Најденов и А. Богданоски, Ж. Крстев од Брера, М. Ѓурчиноски од Победа (Прилеп),... Екипата ја напуштија: З. Кочанковски кој се врати во Австралија, А. Митров отиде во Италија, Е. Мустафа замина во Беса, В. Глигоров во Кожуф, К. Капсаров во Детонит, а М. Љумовиќ во Победа (Прилеп),... Во првото пролетно коло, Беласица губи на домашен терен од силната екипа на Арсими, за да во следното коло убедливо победи со 4:0 против Вардар од Неготино. Беласица иако, поведува на гостувањето во Охрид, губи на крај со 2:1, истото сценарио се случува и на натпреварот со Башкими, во Струмица. Првата пролетна гостинска победа Беласица ја забележува во Прилеп, со голот на Милушев. Потоа, Беласица забележува уште три последователни победи и тоа: првин ја совладува со 3:0 екипата на Новаци, а во гости и екипата на Каменица со 1:2, за на крај убедливо да ја победи со 4:1, екипата на Вардарски. Победничката серија беше прекината со одигрувањето 0:0, во Кочани. Во следното коло, Беласица одигра нерешено против Кожуф во Гевгелија. Со голот на Коцев, Беласица ја победи екипата на Скопје. Во следното коло, Беласица одигра нерешено против Кожуф во Гевгелија. По серијата од седум натпревари без пораз, Беласица доживеа два последователни порази и тоа, дома од Детонит од Радовиш и од Брегалница во Штип. Во последниот домашен натпревар, Беласица одигра 1:1 со Борец, а во последното коло одигра 0:0, со овогодинешниот шампион, Македонија ЃП. Најдобри стрелци во оваа сезона се: Д. Јовов 8, А. Милушев, А. Богданоски, А. Коцев и К. Стојанов по 4 гола.

Резултати и стрелци

Втора македонска лига

Втора македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Арсими — Беласица4:2Јовов 4, 65
Вардар (Неготино) — Беласица2:2Милушев 34 Јовов 66
Беласица — Охрид1:1Христовски 37
Башкими — Беласица1:1Јовов 33
Беласица — Победа (Прилеп)1:1Јовов 25
Новаци — Беласица0:0
Беласица — Саса2:2Стојанов 12 Дебрешлиоски 20
Вардарски — Беласица0:1Кочанковски 78
Беласица — Осогово1:0Милушев 56
Скопје — Беласица0:2Капсаров 35 Стојанов 92
Беласица — Кожуф0:0
Детонит (Радовиш) — Беласица2:1Јовов 28
Беласица — Брегалница (Штип)0:1
Борец (Велес) — Беласица0:1Капсаров 72
Беласица — Македонија ЃП0:4
Пролетен дел 2025
Беласица — Арсими0:1
Охрид — Беласица2:1Коцев 8
Беласица — Башкими1:2Коцев 52
Победа (Прилеп) — Беласица0:1Милушев 70
Беласица — Новаци3:0Јовов 41 Цониќ 75 Најденов 92
Каменица Саса — Беласица1:2автогол 82 О. Здравковски 85
Беласица — Вардарски4:1Јовов 24 Богданоски 65, 77 Стојанов 73
Осогово — Беласица0:0
Беласица — Скопје1:0Коцев 18
Кожуф — Беласица1:1Богданоски 44
Беласица — Детонит (Радовиш)1:2Стојанов 40
Бреганица (Штип) — Беласица1:0
Беласица — Борец (Велес)1:1Цониќ 64
Македонија ЃП — Беласица0:0

Статистика на играчи

Тренер: Александар Стојанов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Ѓ. Трајков270
2М. Стоилов210
3А. Милушев (кап)304
4Б. Попоски270
5С. Младеновски230
6М. Дебрешлиоски291
7А. Коцев154
8С. Сулев220
9Д. Јовов298
10К. Капсаров152
11К. Стојанов254
12С. Ахтаров30
13З. Кочанковски131
14Љ. Христовски141
15С. Секирски160
16Ж. Крстев120
17В. Глигоров120
18А. Богданоски144
19Е. Мустафа140
20Б. Најденов101
21М. Љумовиќ140
22А. Митров80
23Л. Атанасовски80
24Л. Војнески90
25М. Цониќ122
26О. Здравковски61
27Е. Мандак40
28С. Здравковски60
29М. Ѓурчиноски50
30И. Мадевски40
31Т. Идриза30
32А. Коцевски30
33С. Димов10
34С. Трајков10
35Н. Механџиски10
36Г. Бучков10

Табела

Пласман
10
Одиграни
22
Победи
8
Нерешени
7
Порази
7
Дадени голови
27
Примени голови
24
Бодови
31
Фотографија од табелата за „Сезона 2024/25“, скенирана од изворниот документ

Фотографии