2020-ти
„Сезона 2025/26“

Екипа на ФК Беласица
Преглед
ФК Беласица на почетокот на оваа сезона се засили со неколку квалитетни играчи: Д. Стојков и Г. Томовски (Брегалница Штип), К. Манев и Ф. Митев (Брера), К. Капсаров и М. Костов (Детонит), Б. Спиркоски (Пелистер), А. Петечјук (Граничар, Хрватска), М. Наумоски (Македонија ЃП) и Г. Дончев, кој по година пауза се враќа на фудбалот, а последно играше во Тиквеш.
Останувањето на А. Коцев и Б. Најденов е исто така голем плус за овој тим, а тука се и клубските легенди, капитенот А. Милушев и С. Сулев. Младите, но веќе етаблирани играчи како Ѓ. Трајков, Б. Попоски, М. Дебрешлиоски, С. Младеновски и Ж. Крстев, се исто така солидна основа дека екипата на Беласица има широк ростер и простор за ротации, како и С. Секирски и М. Цониќ. Екипата ја напуштија: К. Стојанов (Брера), Д. Јовов (Хоризонт), М. Стоилов, М. Ѓурчиноски, А. Богдановски (Скопје), О. Здравковски, С. Здравковски.
Во првото коло, Беласица одигра нерешено во Охрид, додека пак во второто коло, Беласица во прекрасна атмосфера го совлада тимот на Скопје со 3:2. Во третото коло, Беласица го прегази тимот на Големо Коњаре со 1:7, за потоа во следното коло да го совлада и тимот на Детонит со голот на Спиркоски. Беласица во следните две кола на гостински терен ги порази екипите на Слога во Виница и Тетекс во Тетово.
Потоа, Беласица изгуби, првин дома од Шкендија Арачиново, па на гостувањето против Осогово. По поразот од Осогово, Александар Стојанов си даде оставка, а на негово место дојде Панче Стојанов. На првиот натпревар со новиот тренер, против Победа од Прилеп, Беласица беше поразена. Првата победа Панче како тренер ја забележа против Кожуф, а потоа Беласица победи и против екипата на Вардар од Неготино со 8:1 и против Брегалница во Штип. Беласица загуби потоа на домашен терен од Новаци, но последните две кола Беласица забележа победи против Каменица и Преспа.
Во зимскиот преоден рок, Беласица ја напуштија: Коцев, кој отиде во Швајцарија, Спиркоски, кој отиде во Србија, Капсаров замина во Брегалница Штип, а Секирски и Дебрешлиоски отидоа во Новаци, Цониќ во Тетекс, Петејчук во Башкими. Наумоски тешко се повреди, а ги нема и Најденов и Мустафа. Како засилувања дојдоа: Благој Стојанов од Кожуф, Цикарски од Вардар, Ристовски и Делов од Брера, Шаренковски од Детонит, Дамчевски од Австралија, Керими од Вардар Неготино, Иљази од Шкендија Арачиново и Шуку од Шкупи.
Пролетниот дел, Беласица го започна со пораз дома од лидерот Охрид, а беше поразена и на гостувањето во Скопје. Потоа, Беласица влегува во серија од четири победи, и тоа против: Големо Коњаре, Детонит, Слога Виница и Тетекс. Потоа, Беласица одигра нерешено против Шкендија на гостувањето и дома против Осогово. Победа во Прилеп беше убедливо совладана, а исто и Вардар во Неготино. Во вечното дерби, Брегалница ја совлада Беласица. Во следните две кола, Беласица беше поразена од Новаци, а победи против Каменица во Струмица и Преспа.
Беласица ја заврши сезоната на 5-то место, со 58 бода и гол-разлика 57:21. Најдобри стрелци на Беласица во оваа сезона се Милушев и Спиркоски со по 9 гола, а зад нив се Шуку со 7, Иљази и Коцев со по 6 гола.
Резултати и стрелци
Втора македонска лига
| Натпревар | Резултат | Стрелци |
|---|---|---|
| Есенска полусезона | ||
| Охрид — Беласица | 1:1 | Дебрешлиоски 6 |
| Беласица — Скопје | 3:2 | Дебрешлиоски 35 автогол 69 Капсаров 85 |
| Гол. Коњаре — Беласица | 1:7 | Спиркоски 20, 59, 75 Коцев 52, 65 Милушев 83 автогол 40 |
| Беласица — Детонит | 1:0 | Спиркоски 37 |
| Слога (В) — Беласица | 1:2 | Спироски 12 Капсаров 43 |
| Тетекс — Беласица | 0:1 | Коцев 2 |
| Беласица — Шкендија | 0:1 | |
| Осогово — Беласица | 3:1 | Милушев 74 |
| Беласица — Победа (Пр) | 1:2 | Коцев 47 |
| Кожуф — Беласица | 0:2 | Капсаров 25 Спиркоски 75 |
| Беласица — Вардар (Нег) | 8:1 | Коцев 20, 34 Капсаров 22 Спиркоски 24, 41 Милушев 53, 67 Секирски 79 |
| Брегалница (Ш) — Беласица | 0:1 | Капсаров 81 |
| Беласица — Новаци | 0:1 | |
| Каменица Саса — Беласица | 0:2 | Спиркоски 33 Манев 76 |
| Беласица — Преспа | 3:1 | Милушев 47, 89 Сулев 65 |
| Пролетна полусезона | ||
| Беласица — Охрид | 0:1 | |
| Скопје — Беласица | 1:0 | |
| Беласица — Гол. Коњаре | 4:0 | Шуку 14, 60 Сулев 35 Крстев 79 |
| Детонит — Беласица | 0:1 | Крстев 67 |
| Беласица — Слога (Вин) | 3:0 | Милушев 8 Иљази 67, 92 |
| Беласица — Тетекс | 3:1 | Иљази 47 Шуку 70 Сулев 88 |
| Шкендија (А) — Беласица | 0:0 | |
| Беласица — Осогово | 0:0 | |
| Победа (Прил) — Беласица | 0:5 | Шуку 16, 57, 63 Иљази 26, 55 |
| Беласица — Кожуф | 0:0 | |
| Вардар (Нег) — Беласица | 1:4 | Шуку 6 Иљази 10 Крстев 64 автогол 77 |
| Беласица — Брегалница | 0:1 | |
| Новаци — Беласица | 1:0 | |
| Беласица — Каменица Саса | 1:0 | Милушев 77 |
| Преспа — Беласица | 1:3 | Милушев 11 Дончев 57 Делов 79 |
Статистика на играчи
Тренер: Александар Стојанов, Панче Стојанов
Состав и статистика
| № | Име | Настапи | Голови |
|---|---|---|---|
| 1 | Трајков Ѓорѓи (2004) | 22 | 0 |
| 2 | Попоски Борјан (2004) | 27 | 0 |
| 3 | Милушев Александар (1988) | 30 | 9 |
| 4 | Дебрешлиоски Марио (2002) | 14 | 2 |
| 5 | Манев Коста (1993) | 22 | 1 |
| 6 | Младеновски Стефан (2004) | 22 | 0 |
| 7 | Сулев Стефан (1989) | 26 | 3 |
| 8 | Томовски Горан (1998) | 22 | 0 |
| 9 | Спиркоски Бојан (1995) | 14 | 9 |
| 10 | Коцев Александар (2003) | 15 | 6 |
| 11 | Капсаров Костадин (2005) | 14 | 5 |
| 12 | Ахтаров Спаско (2006) | 11 | 0 |
| 13 | Стојков Давид (2001) | 14 | 0 |
| 14 | Делов Виктор (2007) | 13 | 1 |
| 15 | Стојанов Благој (1999) | 11 | 0 |
| 16 | Шуку Ерион (2004) | 14 | 7 |
| 17 | Наумоски Марио (2000) | 14 | 0 |
| 18 | Иљази Бујар (2000) | 13 | 6 |
| 19 | Крстев Живко (2005) | 19 | 3 |
| 20 | Дончев Глигор (1998) | 20 | 1 |
| 21 | Цикарски Мите (1993) | 9 | 0 |
| 22 | Најденов Бојан (1991) | 8 | 0 |
| 23 | Ристовски Давид (2006) | 12 | 0 |
| 24 | Шаренковски Мартин (2006) | 11 | 0 |
| 25 | Митев Филип (2006) | 9 | 0 |
| 26 | Костов Марио (2005) | 17 | 0 |
| 27 | Цониќ Максим (2006) | 8 | 0 |
| 28 | Секирски Стефан (2008) | 7 | 1 |
| 29 | Мустафа Ерсан (2006) | 5 | 0 |
| 30 | Томе Осман (2008) | 4 | 0 |
| 31 | Петејчук Анатолиј (2002) | 3 | 0 |
| 32 | Метин Ќерими (2002) | 3 | 0 |
| 33 | Трендов Петар (2008) | 3 | 0 |
| 34 | Митров Апостол (2008) | 2 | 0 |
| 35 | Младенов Славе (2009) | 2 | 0 |
Табела
- Пласман
- 5
- Одиграни
- 30
- Победи
- 18
- Нерешени
- 4
- Порази
- 8
- Дадени голови
- 57
- Примени голови
- 21
- Бодови
- 58