Прескокни на содржина
ФК Беласица

2010-ти

„Сезона 2015/16“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2015/16“

Преглед

Оваа сезона, Беласица ја предводи тренерот Ацо Стојанов, а помошник му е Ристо Анчев. Екипата доживува комплетен ремонт, остануваат само 4 играчи: М. Костовски, З. Митевски, Н. Коцев и В. Петков. Екипата се засилувасо: Ј. Серафимоски, Р. Митев и С. Начевски од Тиверија, С. Сулев и К. Зајков од Миравци, М. Атанасовски од Осогово, Ѓ. Глигоров од Хоризонт, Г. Мазнов, Д. Петров, К. Блажев, И. Танчев... Беласица во третото коло за прв пат ќе се сретне со Академија Пандев, во натпревар одигран под рефлектори, двете екипи нема да постигнат гол. Во есенскиот дел Беласица забележува неколку убедливи победи, но доживува и порази од Брегалница Делчево и Плачковица. Прв стрелец на тимот е М. Атанасовски со 14 гола, пред М. Костовски со 6 гола. Беласица во есенскиот дел на 11 натпреваризавршувасо 7 победи, 2 нерешени резултати и 2 порази, со гол-разлика 30:8. Во зимскиот преоден рок си заминува Г. Мазнов во ФК Дојранско Езеро, В. Петков, Д. Петров, К. Блажев, Џ. Аслани и првиот голман Ф. Лазаревски. Беласица како засилување го враќасвојот поранешен играч Д. Костадинов од Напредок Радово, В. Абази, А. Јованов, Л. Стојковски и Б. Чонев. Во вториот дел од сезоната, најдобриот стрелец, М. Атанасовски, одигрува само еден натпревар, а М. Костовски одигрува четири. Заминувањето на половина тим се одразувана резултатите и Беласица забележува 5 победи и 6 порази во пролетниот дел. Во пролетниот дел со својата ефикасна игра се истакнуванапаѓачот Н. Коцев, кој постигнува 6 гола. Во последното коло, Беласица противФК Баби во Штип одигрува многу ефикасен натпревар, кој завршува со 6:5 за домаќинот.Беласица на крајот ќе завршувана 3 место во Третата македонска лига - исток, притоа на 22 натпревари забележува 12 победи, 2 нерешени резултати и 8 порази со гол-разлика 49:27. Екипата на Академија Пандев е убедливо прва, пред Плачковица. Најмногу натпревари одигруваат: С. Сулев и З. Митевски по 22, а Ј. Серафимовски игра на 21 натпревар. Најдобри стрелци се: М. Атанасовски со 14 гола, пред М. Костовски и Н. Коцев со по 8 гола.

На првата слика, тимот од пролетта 2016 година кој игра против Брегалница од Делчево во 13 коло. Од лево на десностојат: Аце Стојанов-тренер, Ристе Митев, Даниел Костадинов, Миле Костовски-капитен, Илија Танчев, Никола Коцев, Ѓорги Глигоров, Зоран Митевски, Р. Анчев– помошник-тренер.

Резултати и стрелци

Трета македонска лига – исток

Трета македонска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2015
Саса — Беласица0:2Танчев 45 Атанасовски 59
Брегалница (Делчево) — Беласица2:1Атанасовски 60
Беласица — Академија Пандев0:0
Напредок З.Радово — Беласица1:3Костовски 37 Атанасовски 49, 66
Беласица — Работник Џумајлија3:0Атанасовски 34, 41 Костовски 38
Овче Поле — Беласица2:2Костовски 29, 44
Беласица — Карбинци6:0Аслани 5 Д. Ѓоргиев 10, 55 Коцев 27, 76 Петров 36
Осогово — Беласица1:2Атанасовски 68 Аслани 70
Беласица — Слога Виница6:0Мазнов 11 Костовски 24, 30 Атанасовски 43, 45, 70
Плачковица — Беласица2:1Глигоров 14
Беласица — Баби Штип5:0Атанасовски 23, 27, 31, 85 Д. Ѓоргиев 80
Пролетен дел 2016
Беласица — Саса4:0Костовски 5 Коцев 24, 65 Глигоров 80
Беласица — Брегалница (Делчево)1:0Коцев 57
Академија Пандев — Беласица3:0
Беласица — Напредок Радово1:3Коцев 10
Работник Џумајлија — Беласица2:0
Беласица — Овче Поле2:1Костовски 15 Коцев 43
Карбинци — Беласица0:2Танчев 55 Сулев 57
Беласица — Осогово0:1
Слога Виница — Беласица2:1Начевски 51
Беласица — Плачковица2:1Глигоров 24 Митевски 42
Баби Штип — Беласица6:5Серафимовски 2 Начевски 26 Јунузи 47 Шаќири 55 Коцев 86

Статистика на играчи

Тренер: Аце Стојанов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Р. Митев120
2И. Танчев182
3В. Петков110
4С. Сулев221
5З. Митевски221
6Ѓ. Глигоров183
7Н. Коцев158
8Ј. Серафимовски211
9М. Атанасовски1114
10М. Костовски118
11Г. Мазнов91
12Ф. Лазаревски90
13К. Блажев100
14Д. Костадинов100
15А. Јунузи131
16Д. Ѓоргиев153
17В. Абази100
18Ф. Шаќири111
19С. Начевски142
20Д. Петров101
21Џ. Аслани92
22Б. Чонев70
23Л. Стојковски30
24К. Зајков20
25А. Јованов10
26Р. Лазаровски10

Табела

Пласман
3
Одиграни
22
Победи
12
Нерешени
2
Порази
8
Дадени голови
49
Примени голови
27
Бодови
38
Фотографија од табелата за „Сезона 2015/16“, скенирана од изворниот документ

Фотографии