Прескокни на содржина
ФК Беласица

2000-ти

„Сезона 2001/02“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2001/02“

Преглед

Во преодниот рок, Беласица ја напуштаат најголемите таленти на македонскиот фудбал, Г. Пандев и А. Стојков, кои одат во Интер од Милано. Х. Бегановиќ оди во Слога, Ш. Туна во Куманово, а си заминуваат и А. Филевски, А. Имер, Д. Игњатовски... Беласица се засилувасо повратниците од Саса, Т. Атанасов и С. Петковски, С. Лазаревски од Тенис Берлин, Љ. Савиќ од Ваљево, Д. Александровиќ од Македонија ЃП, а во одбраната доаќа Г. Матеничарски и Б. Богоевски и Н. Синадиновски од Југохром. Оваа сезона, во Првата македонска лига играат 12 екипи, кои по 22 коло се делат на две групи - плеј оф, каде играат првите 6 првопласирани екипи, по два пати меѓусебно. Оваа сезона тимот го предводи тандемот Н. Секулов и Р. Анчев. Н. Секулов го води како главен тренер до 9-тото коло, притоа забележува 6 победи и 3 порази на гостувањата против: Победа, Вардар и Силекс. Од 10-тото коло Р. Анчев е главен тренер, а Н. Секулов помошен тренер. Во следните 8 натпревари од есенскиот дел, Беласица победува 4 натпревари, игра 1 нерешен натпревар против Цементарница и забележува 3 порази. Беласица есенскиот дел го завршува на 4 место со 10 победи, 1 нерешен резултати 6 порази, со само еден бод помалку од Победа од Прилеп. Српскиот напаѓачки двоец, Николиќ и Савиќ, доминира со 15 гола постигнати заедно.

Во зимскиот преоден рок, Беласица го ангажира познатиот играч и тренер Д. Канатларовски, а негов помошник е Р. Анчев. Од Беласица си заминуваат: В. Георгиев во Напредок од Кичево, С. Петковски во Куманово, а си одат и З. Поп Панев, Д. Александровиќ и Н. Синадиновски. Беласица се засилува со Е. Реч од Нови Пазар, а во последните 6 кола од Силекс пристигнува и поранешниот играч на Беласица, П. Стојанов. Беласица стартува одлично со победа прорив Вардар со голот на В. Костов, а победени се и следните три ривала. Беласица по 22 кола е втора зад Победа, а пред Вардар. Беласица во плеј офот ја торпедира Цементарница со 5:0, со по два гола на Николиќ и Балдовалиев. По поразот од Победа, Савиќ со два гола ја носипобедата противСлога. Вардар е совладан во Струмица по втор пат, со голот на Т. Атанасов во 90-тата минута. Потоа следуваат два порази во Скопје.

Во претпоследното коло, Беласица му гостува на Вардар, каде со победа ќе успееше да дојде до титулата. Беласица поведува во петтата минута преку Балдовалиев, но Вардар изедначува во 15 минута, преку А. Бајевски и натпреварот завршува нерешено. Во последното коло, Беласица го победува Работнички, но Вардар ја совладува Слога и станува шампион. Беласица оваа сезона завршувана второто место, со само еден бод помалку. Најдобар стрелец на тимот е пак Љ. Николиќ со 14, пред Љ. Савиќ со 9, З. Балдовалиев со 8 и Т. Атанасов со 5 гола. Оваа сезона Р. Попов е најдобар играч во лигата, а младинскиот тим на Беласица го освојувакупот на Македонија.

Најчесто Беласица игра со овој состав (играчи, стартер+замена/голови):

На првата слика е тимот од првото пролетно коло против Вардар во Струмица, 1:0, стрелец В. Костов 52 мин.

Стојат: А. Алчинов, В. Костов, Р. Попов, Р. Христовски, Љ. Николиќ, Љ. Савиќ.

Долу: И. Поцев, Р. Дориев, Б. Михајловиќ, С. Колашинац, С. Лазаревски.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2001
ОсоговоБеласица1:2Николиќ 69 Савиќ 90
БеласицаРаботнички2:1Петковски 36 Николиќ 69
Победа ПрилепБеласица2:0
БеласицаЦементарница2:1Николиќ 13 Атанасов 90
Напредок (Кичево)Беласица0:2Савиќ 9, 39
БеласицаПелистер3:0Лазаревски 36 Николиќ 45, 83
Вардар (Скопје)Беласица3:0
СилексБеласица1:0
БеласицаМакедонија ЃП2:0Михајловиќ 39 Савиќ 50
КумановоБеласица3:1Дориев 48
БеласицаСлога Југомагнат0:1
БеласицаОсогово5:0Савиќ 9, 56 Лазаревски 25 Николиќ 42 Атанасов 65
РаботничкиБеласица2:3Колашинац 34 Николиќ 45 Савиќ 75
БеласицаПобеда Прилеп2:0Михајловиќ 11 Николиќ 45
ЦементарницаБеласица2:2Балдовалиев 10 Лазаревски 44
БеласицаНапредок (Кичево)1:0Костов 64
ПелистерБеласица1:0
Пролетен дел 2002
БеласицаВардар (Скопје)1:0Костов 52
БеласицаСилекс2:1Костов 65 Атанасов 88
Македонија ЃПБеласица0:3Р. Попов 60 Балдовалиев 66 Николиќ 68
БеласицаКуманово3:0Николиќ 29, 68 Балдовалиев 64
Слога ЈугомБеласица0:0
БеласицаЦементарница5:0Колашинац 3 Никокиќ 8, 73 Балдовалиев 38, 45
Победа ПрилепБеласица3:2Дориев 10 Р. Попов 56
БеласицаСлога Југомагнат2:1Савиќ 52, 55
БеласицаВардар (Скопје)1:0Атанасов 90
РаботничкиБеласица2:0
ЦементарницаБеласица3:1Балдовалиев 90
БеласицаПобеда Прилеп1:0Костов 65
Слога ЈугомагнатБеласица0:2П. Стојанов 60 Балдовалиев 66
Вардар (Скопје)Беласица1:1Балдовалиев 5
БеласицаРаботнички2:0Николиќ 34 Атанасов 80

Статистика на играчи

Тренер: Никола Секулов, Ристо Анчев, Драган Канатларовски

Состав и статистика

Состав и статистика
ИмеНастапиГолови
1А. Алчинов310
2Р. Попов302
3Р. Христовски190
4В. Костов (капитен)294
5Г. Матеничарски200
6Р. Дориев202
7С. Лазаревски253
8Б. Михајловиќ282
9Љ. Николиќ3014
10С. Колашинац172
11Љ. Савиќ259
12Б. Богоевски10
13З. Балдовалиев208
14И. Поцев170
15Д. Масев240
16Т. Атанасов265
17Е. Реч100
18С. Петковски81
19З. Поп Панев80
20П. Стојанов61
21Д. Александровиќ30
22Н. Синадиновски50
23И. Стојчевски30
24А. Стојанов50
25В. Георгиев20
26Т. Николов20
27З. Андонов140
28П. Божијанов80
29Г. Попов10

Табела

Пласман
2
Одиграни
32
Победи
20
Нерешени
3
Порази
9
Дадени голови
53
Примени голови
27
Бодови
63
Фотографија од табелата за „Сезона 2001/02“, скенирана од изворниот документ

Фотографии