Прескокни на содржина
ФК Беласица

2000-ти

„Сезона 2000/01“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2000/01“

Преглед

Беласица по две години пак се враќаво прволигашкото друштво. Предводена од младиот тренер, И. Матеничаров и екстра талентираните 17-годишни играчи Г. Пандев и А. Стојков и амбициозниот претседател В. Таковски, Беласица има амбиции за излез во европските купови. Помошни тренери се поранешните играчи М. Василев и Д. Василев, младинците ги предводи П. Андреев, кадетите З. Тодоров, пионерите П. Пантазиев, а директор на клубот е Б. Тодоров. Како засилувања се враќат поранешните играчи В. Костов од Тиквеш, Р. Дориев од Борец Велес, младиот голман од Вардар И. Златановиќ и Б. Божиновски, З. Поп Панев од Напредок Кичево, Т. Терзиев од Куманово, С. Колашинац од Слога, а доаѓаат и српските интернационалци Љ. Николиќ, Б. Михајловиќ и Т. Глигориевиќ. Од екипата си заминува капитенот Т. Атанасов, кој оди во Саса, М. Иванов во Турново, Р. Атанасов и С. Танев во Тиверија, а си одат и Е. Димитров во Силекс и голманот Г. Стефановски во Борец. Беласица стартува добро во првите три кола и е лидер на табелата со 5 бода, но во 4 коло се случува инцидентот со Вардар, по поразот во Струмица со 0:1, по што екипата влегува во серија лоши резултати. Но, во 7 коло се враќа на победничките патеки со победата во Велес против Борец. До крајот на есенскиот дел, Беласица забележува 6 победи и 1 нерешен резултат во Кочани. Во гости Победени се Македонија ЃП и Слога Југомагнат со голот на З. Андонов. Беласица завршува на 4-то место со 8 победи и 2 нерешени на 13 натпревари. Најдобат стрелец е Стојков, кој постигнува 5 гола, а по 4 гола постигнуваат: Пандев, Туна и Колашинац, а по 3 гола имаат Николиќ и Георгиев. Колашинац ги повредува лигаментите и ќе отсуствува цела пролет, а ќе ги нема ниту Љушев, Терзиев и голманите, Димов и Глигориевиќ. Како големо засилување доаѓа, Х. Бегановиќ од Горица, а исто и на голманските позиции, искусниот, А. Филевски од српски Обилиќ и младиот, А. Алчинов од Работнички. Доаѓа и младиот дефанзивец, И. Поцев од Јака и Д. Игњатовски од Борец Велес. По поразот во 1/4 на купот од Слога Југомагнат 0:1 на домашен терен, пред првото пролетно коло сменет е И. Матеничаров, а на негово место доаѓа Н. Илиевски-Џиџи. Во реваншот против Слога, Беласица одигрува 1:1 што не е доволно за пласман во полуфиналето. Беласица успева во 4 пролетно коло да го совлада Вардар во Скопје, со 1:2, со головите на Стојков во 12 и Николиќ во 60 минута, а Г. Пандев е најдобар играч на натпреварот. А им се одмаздува за поразите во есенскиот дел и на Силекс со 3:1 и на Пелистер со 2:0, со што ги победува сите 13 прволигаши оваа сезона. Борец е победен со рекордни 10:0, а В. Георгиев и Љ. Николиќ и двајцата постигнуваат по 4 гола. Но, по нерешениот натпревар 1:1 во Струмица против Македонија ЃП, Џиџи ќе биде сменет. Вопоследните 4 кола, тимот го предводи поранешната играчка легенда, Т. Георгиев. Беласица во борбата за третото место губи со 1:3, одПобеда во Прилеп. Беласица во последното коло одигрува 0:0 против Слога Југомагнат и завршува на 4 место и останува без влез за купот на УЕФА, а Слога по трет пат станува последователен шампион на Македонија. Беласица јаодигрува најдобрата сезона во независна Македонија со 17 победи и 4 нерешени резултати на 26 натпревари, со гол-разлика 56:22. Беласица најчесто во пролетниот дел игра во состав: А. Филевски, Р. Попов, З. Поп Панев, В. Костов, Ш. Туна, Р. Дориев, Х. Бегановиќ, Б. Михајловиќ, Љ. Николиќ, Г. Пандев и В. Георгиев, а најчести замени се: Р. Христовски, З. Андонов, А. Имер и голманите А. Алчинов и И. Златановиќ. А. Стојков поради повреда игра само на 5 натпревари. Најдобар стрелец во сезоната е Љ. Николиќ со 16 гола, пред В. Георгиев со 9, А. Стојков со 7 и Г. Пандев со 6 гола.

Беласица најчесто игра во овој состав (играчи, стартер+замена/голови):

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2000
Тиквеш — Беласица0:6Колашинац 7 Стојков 22, 39 Георгиев 62, 64 Туна 87
Беласица — Шкендија (Тетово)2:0Пандев 71 Колашинац 80
Работнички — Беласица1:1Стојков 3
Беласица — Вардар (Скопје)0:1
Силекс — Беласица2:0
Беласица — Пелистер2:3Туна 32 Михајловиќ 38
Борец Велес — Беласица2:4Стојков 15 Николиќ 33 Пандев 44, 73
Беласица — Саса3:1Колашинац 13 Пандев 15 Стојков 59
Македонија ЃП — Беласица2:3Колашинац 70 Николиќ 73 Туна 88
Беласица — Победа Прилеп3:1Поп Панев 4 Николиќ 55 Туна 74
Осогово — Беласица0:0
Беласица — Цементарница1:0Георгиев 81
Слога Југом — Беласица0:1Андонов 83
Пролетен дел 2001
Беласица — Тиквеш4:0Николиќ 7 Игњатовски 22, 65 Стојков 58
Шкендија (Тетово) — Беласица2:0
Беласица — Работнички2:1Костов 60 Пандев 85
Вардар (Скопје) — Беласица1:2Стојков 12 Николиќ 60
Беласица — Силекс3:1Николиќ 15, 67 Пандев 54
Пелистер — Беласица0:2Николиќ 19 Георгиев 45
Беласица — Борец Велес10:0Георгиев 6, 24, 29, 43 Игњатовски 26 Николиќ 33, 70, 88, 89 Михајловиќ 81
Саса — Беласица0:1Георгиев 14
Беласица — Македонија ЃП1:1Николиќ 45
Победа Прилеп — Беласица3:1Р. Попов 69
Беласица — Осогово1:0Дориев 67
Цементарница — Беласица0:3Николиќ 33, 41, 51
Беласица — Слога Југомагнат0:0

Статистика на играчи

Тренер: Илија Матеничаров, Никола Илиевски, Трајче Георгиев

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1И. Златановиќ140
2Р. Попов231
3З. Поп Панев231
4В. Костов242
5Р. Дориев231
6Ш. Туна174
7Љ. Николиќ2216
8Б. Михајловиќ212
9А. Стојков137
10Г. Пандев186
11В. Георгиев229
12А. Филевски60
13Х. Бегановиќ120
14Р. Христовски160
15С. Колашинац114
16А. Имер200
17З. Андонов191
18Т. Николов90
19А. Алчинов50
20Д. Игњатовски83
21Б. Божиновски60
22А. Стојанов30
23Т. Терзиев50
24В. Љушев30
25Д. Масев50
26И. Поцев40
27Љ. Стоилов20
28З. Костов10
29И. Димов10
30Т. Глигориевиќ10

Табела

Пласман
4
Одиграни
26
Победи
17
Нерешени
4
Порази
5
Дадени голови
56
Примени голови
22
Бодови
55
Фотографија од табелата за „Сезона 2000/01“, скенирана од изворниот документ

Фотографии