Прескокни на содржина
ФК Беласица

1990-ти

„Сезона 1999/2000“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1999/2000“

Преглед

* немам стрелци за средбите со Бело Брдо и Карпош (1 и 4 коло), каде Беласица постигнува 12 гола, но се знае од извештајот за полусезоната дека од тие голови, 7 гола се постигнати од Т. Атанасов, кој е најдобар есенски стрелец на тимот со 16 гола.

За Беласица оваа сезона дебитираат Горан Пандев и Аце Стојков, идните играчи на Интер. На чело на клубот, како претседател, застанува Ванчо Таковски, кој ја донесувавтората златна ера на Беласица. Клубот е засилен со враќањето на: Т. Атанасов од Работнички, Ш. Туна, Е. Димитров и А. Имер од шампионот Слога Југомагнат, Р. Атанасов од Тиверија и З. Андонов од Малеш. Од Беласица си заминуваат: В. Георгиев во Малеш, М. Наков во Тиверија, Д. Фетиов, Г. Стојановски, А. Манчев, Т. Мицевски, Р. Трајков... На двојна регистрација се регистрирани Г. Мазнов, Т. Бандулиев и Б. Тимов, кои преминуваат во шампионот Слога Југомагнат, но есента ќе бидат оставени да настапуваат во Беласица. Беласица есентаигра феноменално и завршува на првото место со 13 победи и само 2 порази од Малеш и од Слога од Виница. Најдобар поединец е капитенот Тони Атанасов, кој постигнува 16 гола. А. Стојков дебитира со два гола против Овче Поле,а Горан Пандев дебитира со хет-трик против Металург од Велес. На голот во првите 5 кола е М. Илиев, а потоа ќе брани Б. Тимов, за да биде последните две кола на голот Ж. Гоцев. Тимот е предводен од Р. Панов и Р. Божинов. Во зимската пауза, пак се враќа В. Георгиев од Малеш, а какоголмани се доведуваат Г. Стефановски од Охрид и Димов. Од тимот си заминуваат М. Илиев во Јака, С. Танев во Тиверија, М. Костов во Турново, а Мазнов, Бандулиев и Тимов продолжуваат да играат само за шампионот, Слога Југомагнат. Беласица продолжува да блеска и во пролетниот дел од шампионатот, нижи убедливи триумфи од 8:0 против Дојранско Езеро, на два пати по 7:0 против Бело Брдо и Овче Поле. Локалниот ривал, Тиверија, ќе биде победен со 2:0. На крајот, Беласица со 81 бод и 27 победи и 3 порази, со гол-разлика од 116:19 е убедливо прва. Најдобар стрелци за Беласица се: Т. Атанасов со 23 гола, пред А. Стојков со 20, В. Георгиев со 18, Ш. Туна со 12 и Г. Пандев со 10 гола. Беласица во поголемиот дел од пролетната сезона ја предводи И. Матеничаров, творецот на генерацијата на Пандев, Стојков, Балдовалиев...

Резултати и стрелци

Втора македонска лига – исток

Втора македонска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1999
Бело Брдо — Беласица2:3
Беласица — Брегалница (Штип)3:0Андонов 23 Бандулиев 45 Р. Атанасов 88
Башкими (Куманово) — Беласица1:2Т. Атанасов 37 Имер 90
Беласица — Карпош9:0
Вардар (Неготино) — Беласица1:3Т. Атанасов 53, 90 Р. Попов 59
Беласица — Дојранско Езеро1:0Христовски 31
Овче Поле — Беласица1:5Туна 13 Стојков 36, 41 Имер 59 Бандулиев 80
Беласица — Металург (Велес)7:0Имер 38 Пандев 47, 55, 77 Т. Атанасов 63, 85 автогол
Малеш Берово — Беласица2:0
Беласица — Кожуф9:0Т. Атанасов 5 Андонов 8 Пандев 13, 43, 45 Николов 35 Туна 40 Стојков 50 М. Костов 83
Брегалница (Делчево) — Беласица2:3Туна 51 Николов 82 Христовски 89
Беласица — Јака Радовиш6:1Туна 1, 43 Стојков 58, 62, 77 Стоилов 64
Слога Виница — Беласица4:0
Беласица — Ударник Пирава2:0Мазнов 10 Т. Атанасов 33
Тиверија — Беласица0:5Т. Атанасов 36, 66 Стојков 38 Мазнов 45, 70
Пролетен дел 2000
Беласица — Бело Брдо7:0Георгиев 4, 23, 61 Т. Атанасов 30, 56 Пандев 76 Стојков 85
Брегалница (Штип) — Беласица1:2Георгиев 25 Андонов 48
Беласица — Башкими (Куманово)4:1Стојков 57, 81, 89 Т. Атанасов 88
Карпош Скопје — Беласица0:5Андонов 5, 20 Георгиев 47, 90 Минов 76
Беласица — Вардар (Неготино)6:0Туна 8, 12 Пандев 29 Стојков 33 Георгиев 37 Иванов 87
Дојранско Езеро — Беласица0:8Туна ,, Стојков 35, 41, 60, 42, 52, 55 Георгиев 45 Пандев 84
Беласица — Овче Поле7:0Т. Атанасов 27 Стојков 30, 52, 73 Георгиев 63, 87 Масев 74
Металург (Велес) — Беласица1:4Туна 70 Георгиев 74, 90 З. Костов 87
Беласица — Малеш Берово3:0Георгиев 11, 78 Т. Атанасов 50
Кожуф — Беласица0:4Т. Атанасов 35 Георгиев 70, 80, 82
Беласица — Брегалница (Делчево)4:1Т. Атанасов 34 Имер 55 Стојков 57, 83
Јака Радовиш — Беласица1:0
Беласица — Слога Виница1:0Пандев 56
Ударник Пирава — Беласица0:1Андонов 17
Беласица — Тиверија2:0Туна 86 Георгиев 89

Статистика на играчи

Тренер: Ристо Панов, Илија Матеничаров

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Б. Тимов80
2Т. Николов242
3Љ. Стоилов221
4Р. Попов251
5Ш. Туна2712
6А. Имер244
7З. Андонов276
8Т. Атанасов2723
9А. Стојков2220
10Г. Пандев2010
11В. Георгиев1518
12Г. Стефановски80
13Р. Христовски212
14Е. Димитров170
15М. Иванов201
16Р. Атанасов201
17Т. Бандулиев82
18И. Димов60
19С. Танев80
20М. Илиев50
21Г. Мазнов63
22З. Костов81
23Ж. Гоцев20
24Минов81
25Д. Масев41
26Т. Пандев20
27Табанов20
28В. Мицевски50
29М. Костов31
30Д. Кочев30
31В. Пандев10

Табела

Пласман
1
Одиграни
30
Победи
27
Нерешени
0
Порази
3
Дадени голови
116
Примени голови
19
Бодови
81
Фотографија од табелата за „Сезона 1999/2000“, скенирана од изворниот документ

Фотографии