Прескокни на содржина
ФК Беласица

1990-ти

„Сезона 1996/97“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1996/97“

Преглед

Оваа сезона екипата ја предводи Б. Истатов и помошниците А. Трајков и В. Дрвошанов, а главен спонзор еЕта, на Ванчо Банков. Екипата езасилена со Васко Георгиев, кој се враќаод Силекс, Р. Дориев од Кожуф, бугарскиот голгетер М. Петков од Брегалница Делчево, А. Манчев од Турново, Р. Христовски од Тиверија, Б. Шонтевски и Буровски од Малеш, Ване Георгиев од Брегалница Штип, С. Петковски од АРМ и голманот Аврамов. Беласица ја напуштаатповеќе млади фудбалери, кои заминуваатво Плачковица од Радовиш, и тоа: Ј. Василев, П. Стојанов, П. Ристевски, З. Начевски и М. Иванов, додека пак Т. Секулов, Ј. Тренчовски и М. Аљоков одат во Малеш. Во Првата лига, во која се натпреваруваат 14 екипи, Беласица во есенскиот делзабележува: 3 победи, 4 нерешени резултати и 6 порази со гол-разлика 13:21, доволно за 11-тото место. Најдобри натпревари,кои ги одигрува Беласица, се победите од 4:0 против Рудар Пробиштип, 3:1 против Цементарница и гостинската победа против Македонија во Ѓорче Петров. Ударно дуо оваа полусезона се М. Петков со 6 и Васко Георгиев со 4 гола. Во зимската пауза се враќа триото од Малеш: Т. Секулов, Ј. Тренчовски и М. Аљоков, а најголемо засилување е В. Костов-Манго, кој се враќа од Вардарски. Екипата ја напуштаат: Шонтевски, Ване Георгиев, Беличев, Каралиски, Марков, Буровски и Аврамов. Пролетта Беласица игра подобро и забележува 6 победи и 2 нерешени резултати на 13 натпревари. ПротивШкендија од Тетово, Марио Петков постигнува хет-трик за 3:0. Петков со двата гола против Рудар од Пробиштип придонесува за гостинска победа од 0:4. В. Костов ги донесувапобедите со своите решавачки голови против Македонија ЃП и Балкан. В. Георгиев ја донесува победата против Вардар, а З. Трајковски против Саса. Последниот натпревар во својата кариера против Брегалница во Штип го одигрува Ристо Панов, на свои 40 години, 11 месеци и 14 дена. На крајот со 33 бода Беласица го освојува 10-тото место, со гол-разлика 32:39. Петков со 12 гола е најдобар стрелец на тимот, пред Васко Георгиев со 8, З. Трајковски со 4 и младиот Димитар Андреев со 3 гола. Младинците на Беласица играат финале на купот против Вардар, но убедливо го губат, но ќе навестат дека младинската школа на Беласица секогаш создавала квалитетни играчи.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел
Шкендија (Тетово) — Беласица1:0
Беласица — Слога Југомагнат1:1Петков 50
Тиквеш — Беласица0:0
Беласица — Силекс0:0
Пелистер — Беласица4:1Георгиев 34
Беласица — Рудар (Пробиштип)4:0Георгиев 39 Петков 59, 80 Трајковски 57
Македонија ЃП — Беласица0:1Петков 48
Беласица — Цементарница3:1Петков 20 Георгиев 42, 78
Балкан (Скопје) — Беласица4:1Христовски 63
Беласица — Победа Прилеп1:2Петков 53
Вардар (Скопје) — Беласица3:0
Саса — Беласица4:0
Беласица — Брегалница (Штип)1:1Беличев 49
Пролетен дел 1997
Беласица — Шкендија (Тетово)3:0Петков 3, 18, 40
Слога Југомагнат — Беласица2:1Д. Андреев 32
Беласица — Тиквеш1:1Георгиев 83
Силекс — Беласица7:2Георгиев 32 Д. Андреев 34
Беласица — Пелистер1:1Петков 50
Рудар (Пробиштип) — Беласица0:4Петков 24, 89 Трајковски 42 Атанасов 74
Беласица — Македонија ЃП1:0В. Костов 77
Цементарница — Беласица1:0
Беласица — Балкан (Скопје)2:1Трајковски 32 В. Костов 86
Победа Прилеп — Беласица5:1Георгиев 70
Беласица — Вардар (Скопје)1:0Георгиев 70
Беласица — Саса1:0Трајковски 10
Брегалница (Штип) — Беласица2:1Д. Андреев 27

Статистика на играчи

Тренер: Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1М. Илиев210
2Г. Стојановски180
3Т. Николов240
4Р. Дориев180
5М. Даскаловски180
6Р. Панов200
7А. Манчев160
8Т. Атанасов241
9М. Петков1712
10З. Трајковски244
11Вас. Георгиев258
12Аврамов40
13Р. Христовски191
14Б. Беличев121
15С. Петковски160
16М. Каралиски110
17В. Костов82
18Д. Андреев113
19Б. Шонтевски50
20Ване Георгиев60
21К. Панов80
22Буровски60
23Ј. Тренчовски30
24В. Митев20
25М. Милев50
26Димов20
27Б. Марков10
28Д. Фетиов10
29Иванов10
30Т. Секулов10
31М. Аљоков10
32М. Панов10

Табела

Пласман
10
Одиграни
26
Победи
9
Нерешени
6
Порази
11
Дадени голови
32
Примени голови
39
Бодови
33
Фотографија од табелата за „Сезона 1996/97“, скенирана од изворниот документ

Фотографии