Прескокни на содржина
ФК Беласица

1990-ти

„Сезона 1997/98“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1997/98“

Преглед

На чело на Беласица оваа сезона застанува тандемот Р. Јанушев и Б. Митев. Тимот враќа голем број свои поранешни играчи, и тоа: Т. Ефтимов и Н. Танушев од Пелистер, В. Георгиев од Цементарница, Д. Руменовски, П. Стојанов, Ј. Василев, М. Иванов и С. Танев од Јака Радовиш, М. Наков и Н. Стоев од Турново, а се враќа и голгетерот Зоран Митев. Во фудбалска пензија оди легендата Р. Панов, Г. Стојановски оди во Тиквеш, а заминуваат и Б. Беличев и Б. Марков. За оваа сезона клучен е натпреварот од 7 коло, кога Беласица го победува двократниот шампион Силекс, со 2:1, со двата гола на Т. Атанасов. Но подоцна Силекс се жали во ФФМ, каде главен збор има Љ. Иванов-Ѕинго и го добива натпреварот службено со 0:3, а строго ќе бидат казнети неколку фудбалери на Беласицасо повеќе натпревари суспензија. Беласица завршува на 10-тото место со 3 победи, 3 нерешени резултати и 7 порази. Заради многуте неправилности од ФФМ, Брегалница од Штип се откажува од Првата лига во зимската пауза и остануваат 13 екипи. Во зимскиот преоден рок, заминуваат: Т. Ефтимов во Вардар од Скопје и С. Петковски во Силекс, М. Илиев паузира до крајот на сезоната, а ги нема ни Н. Киров, Р. Христовски и Ј. Тренчовски,кој оди во Тиверија. Од Турново доаѓа Тони Мицевски. Беласица игра во 1/4 на купот на Македонија,но испаѓа од Вардар од Скопје, а истиот тој Вардар го победува во првото пролетно коло со 2:1. Т. Атанасов е прв стрелец во Првата македонска лига, со 12 гола. Тој ги постигнува решавачките голови против Вардар, Пелистер и Цементарница. Пред последниот натпревар во сезоната доаѓа до смена на тренерската позиција и доаѓа Б. Истатов, на местото на Р. Јанушев. Беласица во последното коло гостува во Прилеп, но губи со 1:2 и испаѓа од лигата. Беласица на 25 натпревари забележува 28 бодови со гол-разлика 25:35. Младинците на Беласица оваа сезона ја освојуваат шампионската титула.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1997
Вардар — Беласица2:0
Тиквеш — Беласица0:0
Беласица — Балкан0:0
Пелистер — Беласица3:0
Беласица — Македонија ЃП4:2Т. Атанасов 23 З. Митев 49 Т. Ефтимов 61 П. Стојанов 86
Цементарница — Беласица2:1Т. Ефтимов 77
Беласица — Силекс2:1Т. Атанасов 79, 88
Саса — Беласица1:2З. Митев 61 М. Наков 90
Беласица — Слога0:2
Скопје — Беласица3:2Т. Николов 56 Т. Атанасов 62
Беласица — Борец1:1Т. Атанасов 31
Брегалница (Штип) — Беласица3:1З. Трајковски 69
Беласица — Победа (Прилеп)2:0П. Стојанов 23 Т. Атанасов 88
Пролетен дел 1998
Беласица — Вардар2:1Н. Танушев 52 Т. Атанасов 71
Беласица — Тиквеш0:1
Балкан — Беласица3:0
Беласица — Пелистер2:0Т. Атанасов 35, 61
Македонија ЃП — Беласица1:0
Беласица — Цементарница1:0Т.Атанасов 43
Силекс — Беласица0:0
Беласица — Саса1:0Ј.Василев 87
Слога Ј — Беласица2:0
Беласица — Скопје4:1П. Стојанов 4 Н. Танушев 37 Т. Атанасов 49 Т. Мицевски 53
Борец — Беласица2:1С. Танев 83
Победа (Прилеп) — Беласица2:1Т. Атанасов 84

Статистика на играчи

Тренер: Ратко Јанушев, Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Руменовски120
2Н. Танушев172
3Н. Стоев190
4В. Костов180
5М. Даскаловски180
6Р. Дориев180
7П. Стојанов243
8С. Танев251
9Т. Атанасов2312
10З. Трајковски211
11Т. Николов241
12М. Илиев60
13М. Иванов170
14С. Петковски130
15Ј. Василев181
16З. Митев92
17М. Наков151
18Н. Киров60
19Т. Ефтимов62
20А.Манчев30
21Ј. Тренчовски50
22Р. Христовски40
23Т. Мицевски31
24Д. Андреев30
25Д. Фетиов20
26Б. Тимов10
27И. Тасев10

Табела

Пласман
13
Одиграни
25
Победи
8
Нерешени
4
Порази
13
Дадени голови
25
Примени голови
25
Бодови
28
Фотографија од табелата за „Сезона 1997/98“, скенирана од изворниот документ

Фотографии