Прескокни на содржина
ФК Беласица

1990-ти

„Сезона 1993/94“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1993/94“

Преглед

Летото 1993 на чело на Беласица доаѓа Никола Илиевски-Џиџи, негови помошници се Илија Андреев и Панче Пантазиев, а тренер на голманите е Костадин Костадинов. Летото Беласица ја напуштаат повеќе играчи: М. Даскаловски и С. Гошев одат во Први Партизан од Турново, С. Танев и Н. Танушев во Победа од Валандово, М. Илиев во Единство Пиперево, В. Велков во Победа од Дабиле и Стоилов во Тиверија. Во Беласица доаѓаат браќата Сашо и Горан Караџови од Металург Скопје, Димитковски од Тиквеш и Хаџиосмановиќ, Тасиќ, Османагиќ и Анастасиевиќ. По 9 коло, во Беласица се враќа Благој Истатов, а помошници му се А. Трајков и Н. Секулов. Во првото коло Беласица забележува победа од 4:1, со двата гола на В. Георгиев и по еден на Р. Панов и С. Караџов, а во третото коло совладана е и екипата на Македонија ЃП со 2:0. Во следните три натпревари се забележани три нерешени натпревари, но потоа работите тргнуваат во лош правец. По 15 кола од есенското првенство, Беласица завршува на 12-тото место со само 3 победи, 6 нерешени резултати и 6 порази со гол-разлика 18:29. Најдобар есенски стрелец е В. Георгиев со 5 гола, пред Д. Хаџиосмановиќ со 3 и Р. Панов, С. Караџов и Т. Атанасов со по 2 гола. Во зимскиот преоден рок, В. Георгиев преминува во Борец од Велес, браќата Караџови и Димитковски одат во Тиквеш, В. Митев, Т. Секулов и П. Ристевски одат во второлигашот Тиверија, голманот З. Манев во Победа од Дабиле, Тасиќ во Дојранско Езеро, а си одат и Анастасиевиќ и Османагиќ. Беласица ги враќа: голманот, М. Илиев од Единство, Б. Беличев од Победа Валандово, В. Бојчевски од Турново, Р. Дориев од Тиверија и М. Јовев од Брегалница Штип. Во пролетниот дел оди тешко и во првите 6 кола, Беласица не постигнува ниту еден гол, но сепак забележува четири нерешени исходи, со резултат 0:0. Постот со голови е прекинат во 7 пролетно коло со победата над Рудар од 3:2, предводени од Д. Хаџиосмановиќ,кој постигнува два гола. В. Костов со два гола ѝ донесува победува на Беласица против Победа од Прилеп. Најубедливата победа Беласица ја забележува со победата од 6:0, против Караорман, кога Ефтимов постигнува хет-трик. Во последното коло, Беласица игра 2:2противСилекс. Беласица игра и пријатески натпревар против италијанскиот прволигаш Фоџа. На крајот од сезоната, Беласица е на 12-тото место, со 7 победи, 12 нерешени резултати и 11 порази и гол-разлика од 35:48. Хаџиосмановиќ со 10 гола е најдобар стрелец, пред Георгиев со 5, Ефтимов со 4 и Андреев и Атанасов со по 3 гола. Стандарден дел од одбраната се: Р. Панов, В. Костов, Г. Стојановски, И. Ѓузелов и М. Илиев.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1993
Беласица — Борец Велес4:1Георгиев 6, 45 Панов 65 С. Караџов 82
Осогово — Беласица1:0
Беласица — Македонија ЃП2:0Георгиев 81 Атанасов 82
Беласица — Балкан (Скопје)1:1Хаџиосмановиќ 30
Саса — Беласица1:1Стојановски 85
Беласица — Пелистер1:1Хаџиосмановиќ 2
Рудар (Пробиштип) — Беласица2:1Хаџиосмановиќ 33
Беласица — ФЦУ2:2Андреев 42 Атанасов 58
Вардар (Скопје) — Беласица6:1Андреев 71
Беласица — Љуботен1:1Георгиев 45
Победа Прилеп — Беласица4:0
Беласица — Слога Југомагнат1:1С. Караџов 3
Караорман — Беласица2:1Трајковски 52
Беласица — Тиквеш1:0Георгиев 37
Силекс — Беласица6:1Панов 25
Пролетен дел 1994
Борец Велес — Беласица0:0
Беласица — Осогово0:0
Македонија ЃП — Беласица0:0
Балкан (Скопје) — Беласица2:0
Беласица — Саса0:0
Пелистер — Беласица3:0
Беласица — Рудар (Пробиштип)3:2Атанасов 3 Хаџиосмановиќ 58, 67
ФЦУ — Беласица0:1Ефтимов 70
Беласица — Вардар (Скопје)1:4Хаџиосмановиќ 63
Љуботен — Беласица2:0
Беласица — Победа Прилеп2:1Костов 7, 74
Слога Југомаг — Беласица1:1Хаџиосмановиќ 58
Беласица — Караорман6:0Ефтимов 19, 80, 83 Хаџиосмановиќ 49 Јовев 54 Трајковски 63
Тиквеш — Беласица2:1Хаџиосмановиќ 43
Беласица — Силекс2:2Хаџиосмановиќ 22 Андреев 80

Статистика на играчи

Тренер: Никола Илиевски, Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1М. Илиев150
2Г. Стојановски241
3И. Ѓузелов190
4Б. Беличев130
5Р. Панов262
6В. Костов252
7Т. Атанасов233
8З. Трајковски292
9Д. Хаџиосмановиќ2810
10П. Андреев223
11Т. Ефтимов204
12З. Манев70
13В. Георгиев155
14С. Караџов132
15Р. Дориев110
16В. Бојчевски90
17Г. Караџов80
18К. Илиев90
19П. Стојанов100
20М. Јовев80
21Тодоров80
22С. Петковски70
23В. Митев50
24П. Ристевски60
25Димитковски50
26Тасиќ30
27Османагиќ30
28Анастасиевиќ30
29Д. Алексиев30
30Т. Секулов30

Табела

Пласман
12
Одиграни
30
Победи
7
Нерешени
12
Порази
11
Дадени голови
35
Примени голови
48
Бодови
26
Фотографија од табелата за „Сезона 1993/94“, скенирана од изворниот документ

Фотографии