Прескокни на содржина
ФК Беласица

1990-ти

Сезона 1992/93

Екипа на ФК Беласица, есен 1992

1992

Екипа на ФК Беласица, есен 1992

Преглед

Во јуни 1992 година ФФМ донесува решение за формирање на државната Прва македонска фудбалска лига. Укинати се правилата за шутирање пенали по нерешен исход и за настап на тројца млади под 21 година. Летото 1992 си оди Т. Георгиев, а во подготовките се повредува и младиот голгетер В. Георгиев. Екипата е засилена со двајца искусни играчи: С. Гошев од Победа Валандово и Б. Шонтевски од Малеш. Летото пак владее беспарица и си одат Б. Истатов со А. Трајков и В. Дрвошанов. Пред почетокот на сезоната се наоѓа спонзор,за тренер е донесен Гоце Петровски, а помошник му е Илија Андреев. Првиот натпревар во независна Македонија Беласица го игра против Македонија во Ѓорче Петров и завршува 0:0. Првиот домашен натпревар го играат против Пелистер и Беласица победува со 2:0, со головите на П. Андреев во 75 и С. Гошев во 80 минута. Оваа полусезонасо своите голови се истакнуваат: Т. Ефтимов 9 и С. Гошев со 5 гола, а одма позади нив се капитенот П. Андреев со 3 гола и столбот на одбраната, Р. Панов, исто така со 3 гола. Во првиот тим, покрај овие 4 играчи,најчесто играат и: М. Илиев, Г. Стојановски, Н. Танушев, В. Костов, М. Даскаловски, С. Танев, Б. Шонтевски, а најчести алтернативи се: З. Трајковски, В. Митев, В. Велков и П. Ристевски. Во 12 коло, Беласица го дочекува Вардар и успеваат да одиграт 1:1, со голот на Р. Панов во 89 минута. Беласица завршува на 7 место со 19 бода. Во зимската пауза си оди Б. Шонтевски во Брегалница од Делчево, а В. Бојчевски оди во Тиверија. По залечувањето на повредата, се враќа В. Георгиев, кој постигнува 3 гола во пролетната полусезона. По 22 кола и победата над Саса од 1:0, Беласица избива на второто место, зад Вардар со 27 бода. Но, пак се појавуваат финансиски проблеми и по 25-тото коло си оди тренерот Г. Петровски, а на чело доаѓа Илија Андреев. Во последните кола, за првиот тим дебитираат: И. Ѓузелов и С. Петковски. Беласица на крајот завршува на 9-тото место со 34 бодови, со 12 победи, 10 нерешени резултати, 12 порази и гол-разлика 41:44. Прв стрелец на тимот е Т. Ефтимов со 10 гола, пред С. Гошев со 6 и П. Андреев со 5 гола. Младата екипа на Беласица го освојува купот на Македонија, со победа од 5:2 над Пелистер, со головите на: В. Георгиев, Т. Секулов, Т. Атанасов, Аљоков и Ристов.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1992
Македонија ЃП — Беласица0:0
Беласица — Пелистер2:0Андреев 75 Гошев 80
Победа Прилеп — Беласица3:1Гошев 70
Беласица — Металург (Скопје)0:0
Саса — Беласица1:0
Беласица — Осогово2:1Ефтимов 38 Танев 64
Балкан Скопје — Беласица0:0
Беласица — Брегалница (Штип)5:2Гошев 17 Андреев 48 Ефтимов 53 Даскаловски 73 Шонтевски 75
Тетекс — Беласица2:2Андреев 42 Ефтимов 90
Беласица — ФЦУ4:2Ефтимов 8, 90 Панов 56 Шонтевски 80
Силекс — Беласица5:2Ефтимов 46 Панов 87
Беласица — Вардар Скопје1:1Панов 89
Рудар (Пробиштип) — Беласица3:2Гошев 21, 46
Слога Југомагнат — Беласица3:2Стојановски 78, 84
Беласица — Тиквеш2:0Велков 16 Ефтимов 44
Вардарски — Беласица0:1Велков 80
Беласица — Борец Велес2:1Ефтимов 18, 37
Пролетен дел 1993
Беласица — Македонија ЃП3:0Костов 22 Ефтимов 66 Андреев 84
Пелистер — Беласица1:1Гошев 36
Беласица — Победа Прилеп1:0Панов 28
Металург (Скопје) — Беласица0:0
Беласица — Саса1:0Костов 21
Осогово — Беласица1:0
Беласица — Балкан Скопје0:0
Брегалница (Штип) — Беласица2:0
Беласица — Тетекс0:2
ФЦУ — Беласица2:0
Беласица — Силекс1:1Даскаловски 34
Вардар Скопје — Беласица3:0
Беласица — Рудар (Пробиштип)0:0
Беласица — Слога Југомагнат2:1Андреев 12 Георгиев 57
Тиквеш — Беласица4:1Трајковски 84
Беласица — Вардарски2:1Георгиев 44, 75
Борец Велес — Беласица2:1Стојановски 75

Статистика на играчи

Тренер: Гоце Петровски, Илија Андреев

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1М. Илиев230
2Г. Стојановски323
3Н. Танушев230
4В. Костов292
5Р. Панов314
6М. Даскаловски272
7Т. Атанасов200
8П. Андреев285
9С. Гошев226
10С. Танев251
11Т. Ефтимов2710
12З. Манев100
13В. Митев190
14Б. Шонтевски152
15З. Трајковски211
16И. Арапов120
17П. Ристевски180
18В. Георгиев153
19В. Велков82
20Т. Секулов80
21И. Ѓузелов40
22Стоилов30
23В. Бојчевски20
24П. Стојанов20
25Д. Мавров20
26М. Аљоков20
27С. Петковски10
28Ристов10
29Алексовски10
30М. Митев10

Табела

Пласман
9
Одиграни
34
Победи
12
Нерешени
10
Порази
12
Дадени голови
41
Примени голови
44
Бодови
34
Фотографија од табелата за Сезона 1992/93, скенирана од изворниот документ

Фотографии

  • 1993

    Младата екипа на Беласица со Купот на Македонија, 1993