Прескокни на содржина
ФК Беласица

1990-ти

„Сезона 1991/92“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1991/92“

Преглед

Ова е последна сезона во која Беласица игра во рамките на првенствата на Југославија, организирани од ФСЈ. Беласица во есенскиот дел ја предводи Благој Митев. Како засилувања во Беласица доаѓаат двајцата најдобри стрелци на Тиверија, Д. Мавров и В. Велков, а од Кожуф доаѓа дефанзивецот Б. Оздоленовски. Од Беласица на отслужување на воениот рок заминуваат: Н. Танушев, С. Танев и З. Трајковски, И. Матеничаров заради сериозна повреда ја прекинува играчката кариера, а тимот го напушта и М. Алачки. По прогласувањето на независноста на Македонија, на 8 септември, се знае дека ова е последната сезона во југословенските лиги и делот со натпреварувачкиот карактер беше послаб. И оваа година Беласица е со слаби финансии, па многу нејзини играчи играат во други клубови. Во есенскиот дел Беласица забележува само 4 победи на 15 натпревари. Беласица најчесто игра во состав: Д. Руменовски, В. Митев, В. Бојчевски, М. Василев, М. Даскаловски, В. Костов-Манго, Т. Атанасов, П. Андреев, Р. Попов, В. Георгиев и Б. Марков. Со 7 гола, М. Василев е прв стрелец на тимот и оваа сезона е неговата последна полусезона во Беласица. Веднаш зад него се младиот напаѓач В. Георгиев со 5 и искусниот стрелец Р. Попов-Думбович со 4 гола. Во пролетниот дел доаѓа до тренерска смена и на чело на тимот пак доаѓа Б. Истатов, а негови помошници се: Р. Божинов, В. Дрвошанов и Ѓ. Ќучуков. Истатов ги враќа од Тиверија во Беласица искусните борци Р. Панов и Т. Георгиев, Г. Стојановски се враќа од Балкан од Скопје, од Брегалница Штип се враќа голманот М. Илиев, доаѓа и младиот напаѓач Т. Ефтимов, а од војска се враќаат: С. Танев и Н. Танушев. Голем хендикеп за екипата е неиграњето пролетта на М. Василев, си заминуваат и В. Костов, В. Бојчевски, В. Митев, а по првото пролетно коло, во тимот ги нема ниту Б. Марков и Д. Руменовски. Во вториот дел Беласица повторно игра слабо и забележува 5 победи на 14 натпревари. Вториот дел поминува во знакот на младиот голгетер В. Георгиев, син на легендата на Беласица, Ѓоко Георгиев. Искусниот Т. Георгиев игра во нападот и постигнува 4 гола. Над 20 натпревари оваа сезона одигруваат само: М. Даскаловски, П. Андреев и двете млади надежи, Т. Атанасов и В. Георгиев. Првенството не завршува, на едно коло пред крајот, клубовите од Македонија ја напуштаат лигата (јуни 1992) на повик од ФСМ. Беласица на 29 натпревари забележува 9 победи, 2 нерешени натпревариизгубени на пенали и 18 порази, со гол-разлика 35:65. Со тоа, Беласица завршува на 17-тото место, претпоследна во лигата.

Резултати и стрелци

Трета југословенска лига – исток

Трета југословенска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1991
Мајданпек — Беласица2:0
Беласица — Раднички Пирот2:2на пенали 1, 3
Осогово — Беласица2:0
Беласица — Косово Поле3:1Василев 13 Андреев 15 Марков 55
Јастребац — Беласица3:0
Беласица — Македонија ЃП4:1Попов 1, 61 Василев 34 Андреев 69
Победа Прилеп — Беласица3:0
Беласица — Брегалница (Штип)2:0В. Георгиев 6, 18
Дубочица — Беласица2:0
Беласица — Лирија Призрен5:0В. Георгиев 2 Василев 7, 69, 84 Попов 17
Тимок Заечар — Беласица3:1Василев 56
Беласица — Ц. Ѕвезда Гнилање1:1на пенали 0, 3
Борец Велес — Беласица2:1В. Георгиев 32
Беласица — Силекс1:3В. Георгиев 15
Топличанин — Беласица3:0
Пролетен дел 1992
Беласица — Мајданпек2:1Ефтимов 49 Попов 60
Раднички Пирот — Беласица2:0
Беласица — Осогово2:0В. Георгиев 36 Велков 87
Косово Поле — Беласица2:0
Беласица — Јастребац1:2Ефтимов 62
Македонија ЃП — Беласица3:1В. Георгиев 12
Беласица — Победа Прилеп2:1Даскаловски 3 Т. Георгиев 60
Брегалница (Штип) — Беласица2:1В. Георгиев 65
Беласица — Дубочица0:1
Метохија Призрен — Беласица0:1Т. Георгиев 77
Беласица — Тимок Заечар2:3Т. Георгиев 60, 73
Ц. Ѕвезда Гнилање — Беласица6:0
Беласица — Борец Велес3:0В. Георгиев 7, 26, 82
Силекс — Беласица4:1В. Георгиев 75

Статистика на играчи

Тренер: Благој Митев, Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Руменовски110
2Г. Стојановски140
3Н. Танушев130
4М. Василев147
5М. Даскаловски221
6Р. Панов140
7Т. Атанасов251
8В. Велков201
9В. Георгиев2812
10П. Андреев241
11Р. Попов-Думбовиќ155
12М. Илиев110
13С. Танев140
14Т. Георгиев114
15В. Бојчевски110
16В. Митев100
17Т. Ефтимов122
18Б. Марков91
19В. Костов90
20Б. Димитриев90
21К. Минков40
22К. Георгиев80
23Б. Оздоленовски40
24Т. Стојковски50
25М. Милев40
26Д. Мавров40
27М. Наков20
28Д. Алексиев20
29З. Начевски20
30В. Ѓорговски80
31З. Трајковски40
32П. Стојанов20
33Т. Секулов20
34Ј. Василев10
35К. Костов10

Табела

Пласман
15
Одиграни
29
Победи
9
Нерешени
2
Порази
18
Дадени голови
35
Примени голови
55
Бодови
18

Фотографии