Прескокни на содржина
ФК Беласица

1990-ти

„Сезона 1990/91“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1990/91“

Преглед

Во летниот преоден рок од Беласица заминуваат: Т. Стојанов, кој по 14 години во Беласица ја завршува својата фудбалска кариера, Г. Стојановски во Борец од Велес, М. Георгиев-Шеки во Вардарски, М. Иванов во Победа од Дабиле, К. Мутовчиев во Италија, Т. Атанасов-Баницата во Турново. Во Беласица доаѓаат: Б. Марков од Вардарски, З. Трајковски од Тиверија, а по 12 коло од ЈНА се враќаат: М. Илиев и М. Црнгаров. Беласица оваа сезона ќе ја предводат Б. Ашиков и Б. Митев, кој летото ја завршува кариерата во Победа од Валандово. Беласица игра одлично во есенскиот дел, ги победува сите 9 домашни натпревари, ФЦУ со 5:0, а Скопје и Овче Поле со по 3:0. Оваа полусезона беше во знак на искусниот М. Василев, кој постигнува 13 гола, а ефикасен е и искусниот центарфор Р. Попов-Думбович со 6 гола. Беласица станува есенски шампиони во Првата македонска лига, на 17 натпревари, остварени се 11 победи, 3 нерешени резултатии 3 порази. Најчест стартен состав во оваа полусезона е: Д. Руменовски, В. Бојчевски, Н. Танушев, В. Костов, М. Даскаловски, М. Василев. С. Танев, П. Андреев, Б. Марков, З. Трајковски, Р. Попов. Најчести алтернативи се: В. Митев, И. Матеничаров, Ј. Василев и М. Алачки. Зимата од тимот си заминуваат: М. Илиев во Брегалница од Штип и М. Црнгаров, а Н. Танушев и З. Трајковски одат во ЈНА, а за првиот тим дебитираат две идни клупски легенди, 16-годишните: В. Георгиев и Т. Атанасов. Беласица во пролетниот дел игра послабо, губејќи 6 натпревари, меѓу кои и од Македонија во Ѓорче Петров со 2:1. Во пролетниот дел најдобар стрелец на тимот е Б. Марков со 7 гола. И. Матеничаров го заменува во средината на З. Трајковски, а В. Митев на бековската позација е сдандарден на местото на Н. Танушев. Беласица на крајот е трета, зад Македонија Ѓорче Петров и Осогово, но сепак влегува во Третата југословенска лига-исток, бидејќи клубовите од Словенија и од Хрватска излегуваат од југословенските фудбалски првенства, за следната сезона,1991/92. Најдобри стрелци на тимот се: М. Василев со 18 гола, пред Р. Попов со 12 и Б. Марков со 11 гола.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1990
Беласица — Рудар (Пробиштип)1:0М. Василев 40
Куманово — Беласица0:2Попов 44, 84
Беласица — Вардарски1:0Попов 59
Караорман — Беласица1:0
Беласица — Овче Поле3:0М. Василев 41 Бојчевски 71 Попов 83
Саса Каменица — Беласица1:2Попов 67 Марков 72
Беласица — Македонија ЃП2:0М. Василев 21, 58
Брегалница (Делчево) — Беласица2:2на пенали 7, 6
Беласица — Работнички2:0М. Василев 29 Андреев 72
Осогово — Беласица1:0
Беласица — ФЦУ5:0Танев 36 М. Василев 48, 55, 72 Попов 63
Напредок (К) — Беласица1:1на пенали 5, 4
Беласица — Охрид2:0Трајковски 4 М. Василев 80
Тиквеш — Беласица1:0
Беласица — Скопје3:0М. Василев 23 Марков 46 Даскаловски 74
Беласица — Металург (Скопје)2:1М. Василев 35 Андреев 49
Победа (Валандово) — Беласица1:1на пенали 4, 2
Пролетен дел 1991
Рудар (Пробиштип) — Беласица1:0
Беласица — Куманово4:1Митев 37 М. Василев 54 Марков 62 Матеничаров 89
Вардарски — Беласица0:2Марков 28 Попов 50
Беласица — Караорман3:0Марков 7, 70 Танев 31
Овче Поле — Беласица2:1М. Василев 13
Беласица — Саса Каменица2:1Попов 43, 55
Македонија ЃП — Беласица2:1Марков 38
Беласица — Брегалница (Делчево)3:0Матеничаров 26 М. Василев 60 Андреев 80
Работнички — Беласица0:0на пенали 2, 4
Беласица — Осогово0:0на пенали 4, 5
ФЦУ — Беласица2:2на пенали 5, 3
Беласица — Напредок (К)2:0В. Костов 18 Марков 77
Охрид — Беласица2:1Бојчевски 70
Беласица — Тиквеш3:1Попов 3, 31 Марков 52
Скопје — Беласица3:1М. Василев 41
Металург (Скопје) — Беласица3:0
Беласица — Победа (Валандово)3:0М. Василев 62 К. Георгиев 64 Попов 83

Статистика на играчи

Тренер: Благој Ашиков

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Руменовски260
2В. Бојчевски262
3В. Митев271
4М. Василев(капитен)3318
5М. Даскаловски321
6В. Костов301
7И. Матеничаров222
8С. Танев303
9Р. Попов3112
10П. Андреев273
11Б. Марков3111
12К. Минков80
13Н. Танушев160
14З. Трајковски150
15М. Алачки130
16Ј. Василев151
17Т. Атанасов100
18В. Георгиев50
19М. Црнгаров40
20М. Илиев30
21Б. Димитриев30
22К. Георгиев31
23А. Костов20
24М. Јовев10
25Т. Секулов10
26Ј. Тодоров10
27Д. Панчуров10

Табела

Пласман
3
Одиграни
34
Победи
19
Нерешени
6
Порази
9
Дадени голови
57
Примени голови
27
Бодови
41
Фотографија од табелата за „Сезона 1990/91“, скенирана од изворниот документ

Фотографии