Прескокни на содржина
ФК Беласица

1980-ти

„Сезона 1989/90“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1989/90“

Преглед

Беласица по испаѓањето од единствената Втора југословенска лига ја напуштаат многу играчи. Ж. Савов оди во Раднички од Ниш, З. Митев оди во Шибеник, Б. Беличев и Т. Георгиев во Вардар од Скопје, Е. Менга во Тетекс, Г. Узунов и З. Зајков во Победа од Валандово, Р. Панов и Б. Марков во Вардарски, М. Црнгаров оди во ЈНА, а К. Секулов се пензионира. Тимот го напушта тренерот Б. Истатов, главен тренер останува Р. Божинов, а негови помошници се М. Џртев и А. Трајков. Како засилувања во Беласица доаѓаат: М. Даскаловски од Тетекс, од Тиверија доаѓаат Р. Попов, М. Иванов, В. Митев и К. Минков, а од ЈНА се враќаат И. Матеничаров, В. Костов и М. Алачки. Р. Божинов е тренер првите 13 кола, а по суспензијата, во екипата пак се враќаБ. Истатов како главен тренер. Беласица по 17 кола во есенскиот дел завршува на 11-тото место со 7 победи и 7 порази, а на пеналигуби во трите нерешени натпревари. Најдобрата игра Беласица ја покажува против Бор, кој ќе епобеден со 5:0. Василев со 6 гола и Попов со 3 гола ќе се главните стрелци. Во зимскиот преоден рок, Ване Георгиев преминува во Вардарски, а оттаму во Беласицадоаѓа М. Георгиев-Шеки. Хендикеп за тимот е што во пролетниот дел нема да игра и П. Андреев. Како помошен тренер на Беласица се враќа В. Дрвошанов. Во пролетниот дел, Беласица забележува само 6 победи, кои нема да бидат доволни Беласица да го задржи третолигашкиот статус. Во финишот на првенството се случуваат доста чудни резултати, како што е поразот на Победа во Прилеп од Ц. Ѕвезда од Гнилање. Беласица со 27 бода завршува на 15-тото место, со гол-разлика 29:33. Руменовски брани на сите 34 натпревари, М. Василев со 10 гола е прв стрелец, пред центарфорот Р. Попов-Думбович со 5 гола. Т. Стојанов ја одигра последната своја полусезона во Беласица на позицијата на лево крило, на свои 37 години. Одбранбениот ред најчесто го сочинуваат Г. Стојановски какодесен бек, Н. Танушев и В. Бојчевски како леви бекови, а во централниот одбранбен ред се М. Даскаловски и М. Јовев.

Резултати и стрелци

Трета југословенска лига – исток

Трета југословенска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1989
Беласица — Ц. Ѕвезда Гнилање2:0Василев 26 Попов 90
Раднички (Крагуевац) — Беласица3:0
Беласица — Будуќност Пеќ2:0Василев 12 Бојчевски 60
Нови Пазар — Беласица1:0
Беласица — Силекс Кратово2:0Бојчевски 46 Попов 74
Дубочица (Л) — Беласица1:2автогол 20 Мутовчиев 85
Беласица — Раднички Пирот0:0на пенали 2, 4
ФАП Прибој — Беласица2:0
Беласица — Тетекс2:0Василев 60 Попов 72
Металург Скопје — Беласица1:0
Беласица — Јумко Врање0:0на пенали 2, 4
Брегалница (Штип) — Беласица1:0
Беласица — Борец Велес0:0на пенали 1, 3
Слога Краљево — Беласица2:0
Беласица — Трепча1:0Василев 36
Победа Прилеп — Беласица2:1Матеничаров 32
Беласица — Бор5:0Василев 25, 76 Стојановски 72 Андреев 84 Стојанов 88
Пролетен дел 1990
Ц. Ѕвезда Гнилање — Беласица1:0
Беласица — Раднички (Крагуевац)0:0на пенали 5, 6
Будуќност Пеќ — Беласица1:0
Беласица — Нови Пазар1:0Даскаловски 57
Силекс — Беласица1:0
Беласица — Дубочица1:1на пенали 6, 5
Раднички Пирот — Беласица4:0
Беласица — ФАП Прибој1:0Попов 54
Тетекс — Беласица2:0
Беласица — Металург Скопје1:0Василев 60
Јумко Врање — Беласица2:1Бојчевски 89
Беласица — Брегалница (Штип)1:0Василев 29
Борец Велес — Беласица2:0
Беласица — Слога Краљево2:0Попов 3 Василев 5
Трепча — Беласица3:0
Беласица — Победа Прилеп4:2Василев 5 Ѓорговски 26, 27 Алачки 83
Бор — Беласица1:0

Статистика на играчи

Тренер: Ристо Божинов, Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Руменовски340
2Г. Стојановски291
3В. Бојчевски263
4Н. Танушев240
5М. Јовев280
6М. Даскаловски251
7М. Алачки202
8М. Василев3110
9Р. Попов335
10С. Танев260
11Т. Стојанов231
12К. Минков00
13В. Митев230
14И. Матеничаров171
15П. Андреев131
16К. Мутовчиев141
17М. Иванов170
18В. Костов90
19Т. Атанасов-Баница150
20З. Јанушев70
21В. Ѓорговски32
22М. Георгиев-Шеки40
23В. Георгиев20
24Лазаров10
25А. Стојанов10
26Јанев10

Табела

Пласман
15
Одиграни
34
Победи
13
Нерешени
5
Порази
16
Дадени голови
29
Примени голови
33
Бодови
27
Фотографија од табелата за „Сезона 1989/90“, скенирана од изворниот документ

Фотографии