Прескокни на содржина
ФК Беласица

1980-ти

„Сезона 1984/85“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1984/85“

Преглед

На почетокот на сезоната, Пане Блажевски оди во белградски Рад, а Горан Стојменов и Бранко Марков одат во ЈНА во Белград. Ванчо Дрвошанов станува помошник-тренер на Истатов, но понекогаш и настапува, влегувајќи од клупата. Помошник-тренер е и Р. Божинов. Претседател на клубот е некогашниот играч Алексаднар Трендов, додека со младинските категории работат клупските легенди: Томче Ефтимов-Жонглер и Александар Трајков–Чанда.

Во Беласица доаѓаат: Б. Јовановски од РЕК Битола, Узунов од Галеника, Зајков од Победа од Валандово, Руменовски од Тиверија, а од позајмица од Дојранско Езеро се враќаат: А. Пандев и В. Митев. Во финалето на купот на Македонија губат од Пелистер во Битола со 3:0. Беласица во првото коло ја поразува екипата на Брегалница во Штип со головите на новајлијата Б. Јовановски и М. Боев. Беласица по првите 4 кола е прва, а во првите седум кола нема пораз. Во 10 коло, на гостувањето во Битола, се случува кршењето на ногата на првиот голман на тимот, Душко Василев. Во 9 коло од ЈНА си доаѓа Милосовски, а во 11 коло, од ЈНА се враќа Р. Панов. Во 12 коло Беласица ја забележува најубедливата победа од 3:0 против Влазними од Ѓаковица. Во последното коло, против најдобрата екипа во лигата, ОФК Белград, Беласица освојува еден бод со голот на М. Василев. На полусезоната, А. Пандев и Митеви одат во Тиверија, а од Тиверија во Беласица доаѓа В. Алтнов. Беласица во пролетниот дел одигрува дури 8 нерешенинатпревари, а најинтересниот ќе биде во последното коло, против ОФК Белград,шампионот на лигата. Во Белград натпреварот завршува 3:3, со хет-трикот на Г. Узунов, кој со овие 3 гола, ќе има вкупно 6 гола и ќе биде најдобар стрелец на тимот во оваа сезона. Најмногу натпревари одигрува М. Боев - 33, а веднаш зад него со по 31 натпревар биле: П. Андреев и Б. Јовановски. На крајот од сезоната, Беласица завршува на 11 место, со 9 победи, 16 нерешени резултатии 9 порази и освоени 34 бодови и гол-разлика 28:32.

Резултати и стрелци

Втора југословенска лига – исток

Втора југословенска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1984
Брегалница (Штип) — Беласица1:2Б. Јовановски 27 Боев 76
Беласица — Напредак (Крушевац)1:1Василев 37
Слобода Ужице — Беласица0:1Б. Јовановски 55
Беласица — ОФК Титоград2:0Василев 32 Секулов 44
Колубара — Беласица1:1М. Георгиев 66
Галеника Земун — Беласица0:0
Беласица — Трепча0:0
Раднички Пирот — Беласица2:0
Беласица — Борац Чачак0:0
Пелистер — Беласица1:0
Беласица — Влазними (Ѓаковица)3:0Зајков 1 Милосовски 58 Б. Јовановски 66
Рад Белград — Беласица2:1Секулов 72
Беласица — Иванград0:0
Нови Пазар — Беласица3:0
Беласица — Лирија Призрен1:0Милосовски 68
Бор — Беласица2:2Т. Георгиев 8 Узунов 42
Беласица — ОФК Белград1:1Василев 46
Пролетен дел 1985
Беласица — Брегалница (Штип)0:0
Напредак (Крушевац) — Беласица4:0
Беласица — Слобода Ужице1:0Секулов 30
ОФК Титоград — Беласица1:1Милосовски 31
Беласица — Колубара0:0
Беласица — Земун1:1Секулов 89
Трепча — Беласица1:0
Беласица — Раднички Пирот1:1Б. Јовановски 20
Борац Чачак — Беласица1:0
Беласица — Пелистер1:0Б. Јовановски 4
Вразними (Ѓаковица) — Беласица2:0
Беласица — Рад Белград1:0Узунов 32
Иванград — Беласица2:1Узунов 86
Беласица — Нови Пазар2:1Милосовски 32, 50
Лирија Призрен — Беласица1:1Боев 46
Беласица — Бор0:0
ОФК Белград — Беласица3:3Узунов 10, 14, 80

Статистика на играчи

Тренер: Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
2М. Василев273
3Т. Стојанов210
4Б. Митев290
5К. Секулов (капитен)284
6З. Зајков271
7Б. Јовановски315
8П. Андреев310
9М. Боев332
10М. Георгиев-Шеки281
11Г. Узунов296
12Д. Василев100
13Т. Георгиев211
14Р. Панов200
15З. Милосовски215
16А. Сетинов170
17Д. Руменовски130
18В. Дрвошанов90
19А. Пандев60
20Б. Беличев60
21В. Алтнов30
22В. Митев20
23З. Митев10

Табела

Пласман
11
Одиграни
34
Победи
9
Нерешени
16
Порази
9
Дадени голови
28
Примени голови
32
Бодови
34
Фотографија од табелата за „Сезона 1984/85“, скенирана од изворниот документ

Фотографии