Прескокни на содржина
ФК Беласица

1980-ти

„Сезона 1983/84“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1983/84“

Преглед

На почетокот на сезоната, во Беласица доаѓаат: Д. Василев и М. Боев од Победа Валандово и Чича од Леотар од Требиње. Беласица ја напуштаат: Мафков, Стојков, Кусиванов, Ж. Василев кои одат во Тиверија, а Мишев и И. Андреев одат во Вардарски, додека Грнчаров оди во Металург од Скопје. Т. Георгиев е во ЈНА.

Беласица по првите 4 кола има три победи, а легендарна е победата од 2:4 против Галеника во Земун. Беласица игра и 1/16 на купот на Југославија против Динамо од Загреб и губи минимално. Тренерот Истатов има проштален натпревар во ноември, против Партизан од Белград. Зимата, З. Милосовски и Р. Панов одат во ЈНА. На полусезоната, Беласица се засилува со: Гугов од Дојранско Езеро, Павлов од Вардар и А. Сетинов од Металург. Беласица во пролетниот дел на трите натпревари против белградските екипи забележува две победи против Галеника и Рад и нерешен резултат со ОФК Белград. Од гостински терен се враќа со 4 нерешени натпревари против: Трепча, Напредак Крушевац, Тимок Заечар и Пелистер.

На крајот, Беласица завршува на 5-тото место, од 34 натпревари, забележува 12 победи, 10 нерешенирезултати, 12 порази, со гол разлика 42:43.

Ова е најуспешната сезона во историјата на Беласица, бидејќи со овој пласман меѓу првите пет во Втората лига - исток, се вбројува вкупно меѓу 30-те најдобри екипи во Југославија, а исто така и со пласманот во 1/16 на купот на Југославија.

Од 25 играчи што настапуваат во првенството, 16 играчи се од струмичкиот регион, што е показател за квалитетот на играчите, коишто потекнувале од овој наш регион.

Резултати и стрелци

Втора југословенска лига – исток

Втора југословенска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1983
Слобода Ужице — Беласица3:1Дрвошанов 40
Беласица — Бор2:0К. Секулов 18 Милосовски 65
Галеника Земун — Беласица2:4Милосовски 39, 57 Боев 62 Василев 71
Беласица — Иванград2:0Дрвошанов 9 Стојменов 80
Колубара — Беласица3:0
Рад Белград — Беласица1:1Милосовски 10
Беласица — Трепча1:0Стојменов 29
Раднички Пирот — Беласица1:0
Беласица — Тетекс1:0Боев 75
ОФК Белград — Беласица2:1М. Георгиев 20
Беласица — Сутјеска1:1К. Секулов 67
Борац Чачак — Беласица1:0
Беласица — Напредак Круш2:0Милосовски 40 Блажевски 47
Влазрими — Беласица1:1М. Георгиев 15
Беласица — Тимок Заечар1:2К. Секулов 60
Рамиз Садику — Беласица2:0
Беласица — Пелистер0:0
Пролетен дел 1984
Беласица — Слобода Ужице2:3М. Георгиев 55 Дрвошанов 88
Бор — Беласица1:0
Беласица — Галеника1:0Т. Георгиев 60
Иванград — Беласица1:0
Беласица — Колубара2:1М. Георгиев 49, 87
Беласица — Рад Белград2:0Блажевски 47 К. Секулов 57
Трепча — Беласица2:2Стојменов 35 Боев 88
Беласица — Раднички Пирот0:0
Тетекс — Беласица2:1А. Сетинов 3
Беласица — ОФК Белград1:1Блажевски 58
Сутјеска — Беласица5:2Блажевски 60 Даскаловски 84
Беласица — Борац Чачак1:0К. Секулов 57
Напредак (Кр) — Беласица2:2Стојменов 10 М. Георгиев 68
Беласица — Влазрими1:0К. Секулов 15
Тимок Заечар — Беласица1:1Дрвошанов 87
Беласица — ГАК Рамиз Садику2:1А. Сетинов 65 Блажевски 84
Пелистер — Беласица4:4К. Секулов 30 Д. Василев 32 Блажевски 51 Т. Георгиев 65

Статистика на играчи

Тренер: Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Георгиев200
2М. Василев321
3Б. Митев311
4В. Дрвошанов294
5К. Секулов327
6Р. Панов160
7М. Георгиев-Шеки306
8П. Андреев310
9М. Боев233
10П. Блажевски336
11Г. Стојменов314
12Д. Василев151
13Т. Стојанов200
14З. Милосовски155
15А. Сетинов132
16Љ. Гугов130
17Д. Павлов140
18Т. Георгиев72
19Б. Марков100
20Чича50
21И. Голац10
22А. Пандев30
23М. Даскаловски31
24З. Митев20
25Б. Оздоленовски10

Табела

Пласман
5
Одиграни
34
Победи
12
Нерешени
10
Порази
12
Дадени голови
42
Примени голови
43
Бодови
34
Фотографија од табелата за „Сезона 1983/84“, скенирана од изворниот документ

Фотографии