Прескокни на содржина
ФК Беласица

1980-ти

„Сезона 1985/86“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1985/86“

Преглед

Во својата трета сезона во Втората југословенска лига – исток, Беласица влегува со можеби најсилниот состав што го имала во нејзината историја. Благој Истатов по долги преговори решава да продолжи да ја води Беласица. Во Беласица како засилување пристигаат многу квалитетни играчи. Доаѓа младиот голгетер, Н. Шабани од Вардар, од белградски Рад се враќа генијалниот П. Блажевски, искусниот голман, Љ. Димовски од Победа од Прилеп, М. Јовановски од Саса, Д. Јорданов од Осогово и Воротовиќ од Прва искра. Кариерата ја завршува В. Дрвошанов, М. Георгиев–Шеки оди во Тиверија, З. Милосовски оди во Брегалница (Штип), во есенскиот дел не игра М. Боев, а го нема ни голманот Д. Георгиев. Беласица го повторува најголемиот успех со освојувањето на купот на Македонија и игра во 1/16 на купот на Југославија против Риека на Кантрида, каде губи во финишот 4:1. Беласица започнува добро, па така во гости ќе е совладана Слобода од Ужице со двата гола на Б. Јовановски. Беласица во есенскиот дел на два пати постигнува по 5 гола на Градскиот стадион „Младост“ против Земун 5:1 и Брегалница од Штип 5:0. Беласица завршува со 16 бодови на 10 место. Најчесто Беласица игра во состав: Љ. Димовски на голот, на бековските позиции: М. Василев , Т. Георгиев и Т. Стојанов, во задната линија К. Секулов, Р. Панов и З. Зајков. На десното крило игра брзиот Битолчанец, Б. Јовановски, во средината неуморливите П. Андреев и П. Блажевски, на левото крило Г. Узунов, а во нападот се менуваат Н. Шабани и Д. Јорданов. Како замени ќе влегуваат и: М. Јовановски, Г. Стојменов, Б. Марков и Воротовиќ. Во пролетниот дел во составот се враќа М. Боев, а од Тиверија доаѓа В. Алтнов, а си оди Воротовиќ. Најубедлива победа е забележана против Ловќен од 7:0. Пролетниот дел минува во знакот на голгетерот Неџат Шабани, кој постигнува 8 гола, а вкупно 12 во сезоната, со што е прв стрелец на тимот пред Г. Узунов со 8 и Б. Јовановски со 6 гола. Најмногу настапи, по 33 забележуваат Р. Панов и М. Василев, пред П. Андреев и Б. Јовановски со 32 натпревари. На 34 натпревари, Беласица забележува 14 победи и 5 нерешенирезултати, со гол-разлика 50:48, 33 бода. Беласица е 13-та, а на првите две места се Раднички од Ниш и Рад од Белград.

Резултати и стрелци

Втора југословенска лига – исток

Втора југословенска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1985
Борац Чачак — Беласица2:1Секулов 61
Беласица — Раднички Крагуевац1:0Б. Јовановски 36
Напредак Крушевац — Беласица0:3
Слобода Ужице — Беласица0:2Б. Јовановски 75, 82
Беласица — Пелистер1:1Узунов 25
Ловќен Цетиње — Беласица4:1Узунов 7
Беласица — Земун5:1М. Јовановски 9 Б. Јовановски 27 Узунов 37 Зајков 56 Стојменов 75
Раднички Ниш — Беласица2:0
Беласица — Ц. Ѕвезда Гнилање0:1
Нови Пазар — Беласица2:0
Беласица — Брегалница (Штип)5:0Шабани 44 Секулов 50 Василев 55 Панов 70 Стојанов 77
Трепча — Беласица0:0
Беласица — Рад Белград2:2Шабани 26 Марков 69
Иванград — Беласица1:0
Беласица — Тетекс1:0Шабани 75
Раднички Пирот — Беласица1:1Јорданов 73
Беласица — Бор2:1Секулов 10 Узунов 53
Пролетен дел 1986
Беласица — Борац Чачак2:1Шабани 30 Узунов 55
Раднички Крагуевац — Беласица3:0
Беласица — Напредак Крушевац1:1Шабани 40
Беласица — Слобода Ужице1:0Шабани 21
Пелистер — Беласица1:0
Беласица — Ловќен Цетиње7:0Зајков 36, 51 Шабани 50, 57 Б. Јовановски 72, 86 Узунов 82
Земун — Беласица4:1Шабани 25
Беласица — Раднички Ниш3:2Узунов 10, 81 Зајков 35
Ц. Ѕвезда Гнилање — Беласица3:0
Беласица — Нови Пазар1:0Секулов 81
Брегалница (Штип) — Беласица2:1Василев 31
Беласица — Трепча2:1Шабани 39 Блажевски 46
Рад Белград — Беласица4:2Стојменов 60 Марков 77
Беласица — Иванград3:0Панов 21 М. Јовановски 70 Шабани 81
Тетекс — Беласица2:1Шабани 68
Беласица — Раднички Пирот3:1Блажевски 27, 28 Василев 48
Бор — Беласица2:0

Статистика на играчи

Тренер: Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Љ. Димовски250
2М. Василев333
3Т. Георгиев230
4З. Зајков304
5К. Секулов (капитен)314
6Р. Панов332
7Б. Јовановски326
8П. Блажевски303
9Н. Шабани2412
10П. Андреев320
11Г. Узунов278
12Д. Руменовски100
13Д. Јорданов191
14М. Јовановски222
15Т. Стојанов141
16Б. Митев100
17Б. Марков72
18В. Алтанов110
19Г. Стојменов92
20М. Боев40
21Воротовиќ20

Табела

Пласман
13
Одиграни
34
Победи
14
Нерешени
5
Порази
15
Дадени голови
50
Примени голови
48
Бодови
33
Фотографија од табелата за „Сезона 1985/86“, скенирана од изворниот документ

Фотографии