Прескокни на содржина
ФК Беласица

1980-ти

„Сезона 1981/82“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1981/82“

Преглед

Беласица оваа сезона влегувасо новиот тренер, Василие Шијаковиќ од Белград, а помошник е Благој Ашиков. Во тимот како засилувања доаѓаат: Р. Попов, А. Мишев, В. Милушев и М. Кусиванов, сите од Тиверија. Од Беласица си заминува Р. Анчев во Вардарски, а во ЈНА одиЉ. Мафков. Во ЈНА веќе подолго време сеи: К. Секулов, И. Андреев, А. Мастев, М. Шијаков... Во есенскиот дел, Беласица започнува со 2:2 против Вардарски во Богданци,каде играат Н. Секулов и Р. Анчев. Беласица најубедливата есенска победа ја забележува против Борец од Т. Велес, кој е победен со 4:0 со двата гола на А. Мишев и по еден гол на В. Стојков и А. Пандев. Беласица на крајот на есенскиот дел забележува4 победи, 5 нерешени резултатии 6 порази, со гол-разлика 13:12, а најдобар стрелец е А. Мишев-Џонсон со 3 гола. Беласица во есенскиот дел најчесто настапува во состав: Б. Истатов, М. Кусиванов, Т. Георгиев, В. Дрвошанов (Т. Пецев), Б. Митев, Р. Панов, А. Мишев, М. Василев, В. Стојков (Р. Попов), П. Андреев и Т. Стојанов (А. Пандев). Зимата доаѓа до смена на тренерот, на чело доаѓа Никола Божиќ. Во ЈНА на полусезоната заминува П. Андреев, а Б. Митев по 20 коло. Во Беласица доаѓа десниот бек, Б. Младеновски, а во тимот оваа година игра и Ж. Василев. Пецев ја завршува својата година,заради повреда. Беласица во пролетниот дел забележува неколку убедливи победи. Во 20-тото колого победува Кожуф со 7:0, со по два гола на: Т. Стојанов, М. Василев и А. Пандев и со еден гол на А. Мишев. Во 25-тото коло Беласица го совладува Напредок од Кичево со 4:0, со двата гола на Т. Стојанов и со по еден гол на М. Василев и А. Пандев. Во последниот натпревар пред својата публика, Беласица го совладува и Куманово со 5:1, со хет–трикот на М. Василев и со по еден гол на В. Дрвошанов и К. Секулов. Беласица завршува на 6 место, со 12 победи, 7 нерешени резултатии 11 порази, со гол-разлика 44:32. Најдобар стрелец на тимот е М. Василев со 10 гола, пред Т. Стојанов со 9 гола и Пандев со 6 гола.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1981
ВардарскиБеласица2:2П. Андреев 74 Мишев 85
БеласицаПобеда (Валандово)1:0автогол 78
Слога СкопјеБеласица1:0
БеласицаПелистер1:0Стојков 72
КожуфБеласица1:0
Брегалница (Штип)Беласица0:0
БеласицаМеталург (Скопје)1:2П. Андреев 21
ЉуботенБеласица1:0
БеласицаБорец Велес4:0Мишев 13, 66 Стојков 25 Пандев 31
Напредок (Куманово)Беласица3:1Попов 60
БеласицаРаботнички0:0
БеласицаОсогово2:1Стојанов 64 Т. Георгиев 89
КумановоБеласица0:0
Вардар (Неготино)Беласица0:0
БеласицаСаса1:1Кусиванов 76
Пролетен дел 1982
БеласицаВардарски2:0Стојанов 21 Милушев 38
Победа (Валандово)Беласица1:0
БеласицаСлога Скопје2:0К. Секулов 37 Стојанов 57
ПелистерБеласица7:1Дрвошанов 39
БеласицаКожуф7:0Стојанов 19, 74 Пандев 57, 72 Василев 66, 68 Мишев 90
БеласицаБрегалница (Штип)2:1Пандев 40 Василев 59
Металург (Скопје)Беласица0:2Василев 4, 80
БеласицаЉуботен1:1Попов 84
Борец ВелесБеласица2:1Василев 30
БеласицаНапредок (Куманово)4:0Стојанов 39, 70 Василев 74 Пандев 75
РаботничкиБеласица3:1Стојков 57
БеласицаВардар (Неготино)2:0Стојанов 61 Пандев 65
ОсоговоБеласица1:0
БеласицаКуманово5:1Василев 10, 70, 81 Дрвошанов 30 К. Секулов 59
СасаБеласица2:1Стојанов 73

Статистика на играчи

Тренер: Василие Шијаковиќ, Никола Божиќ

Состав и статистика

Состав и статистика
ИмеНастапиГолови
1Д. Георгиев180
2М. Кусиванов231
3Т. Георгиев241
4В. Дрвошанов232
5Р. Панов260
6Б. Митев200
7А. Мишев284
8М. Василев2910
9А. Пандев206
10В. Стојков213
11Т. Стојанов239
12Б. Истатов120
13Ж. Василев180
14П. Андреев152
15Б. Младеновски80
16К. Секулов112
17Т. Пецев100
18Р. Попов172
19В. Милушев91
20Г. Стојменов40
21В. Митев60
22М. Даскаловски10

Табела

Пласман
6
Одиграни
30
Победи
12
Нерешени
7
Порази
11
Дадени голови
44
Примени голови
32
Бодови
31
Фотографија од табелата за „Сезона 1981/82“, скенирана од изворниот документ

Фотографии