Прескокни на содржина
ФК Беласица

1980-ти

„Сезона 1980/81“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1980/81“

Преглед

Оваа сезона Беласица е предводена од тренерот Р. Божинов, со надеж дека ќе се отиде чекор понатаму по двете последователно освоени трети места. Но, тимот стартува ослабен без голгетерот Н. Секулов кој оди во Победа од Валандово, а К. Секулов по одиграните први 4 натпревари оди во ЈНА. Беласица се засилува со Р. Панов и Б. Гонев, кои доаѓаат од Тиверија, а во тимот се враќа и Б. Тасев од Вардарски. Во есенскиот дел Беласица забележува неколку убедливи победи. Најубедлива победа остварувапротив Металург од Скопје со 7:2, кога Т. Стојанов и В. Дрвошанов постигнуваат по два гола. Саса е победена со 4:0, а 11 Октомври од Прилеп со 4:2. Зимата во ЈНА, покрај К. Секулов,заминуваат и А. Мастев, И. Андреев и М. Шијаков. Во пролетниот дел во првиот тим влегува младиот 18-годишен бек, Т. Георгиев. Во првите три кола тимот го предводи Златко Илиевски, поранешен тренер на младинците на Вардар, а потоа Упрвата на тимот го враќа Ристо Божинов, а на крајот тимот го предводи Благој Истатов како главен тренер, а Божинов како помошник-тренер. Најубедливи победи Беласица забележува против Вардар од Неготино и Тиквеш со по 3:0 и Слога од Скопје со 3:1. На крајот, Беласица завршува на 12 место и во 30 кола забележува 11 победи, 5 нерешени резултатии 14 порази, со гол-разлика 40:36. Шампион е Победа од Прилеп, која во последното коло во Струмица ја совладува Беласица со 2:3.

Оваа сезона најдобар стрелец на клубот елегендата Петар Андреев со 8 гола, пред В. Стојков со 6 и Т. Стојанов, Љ. Мафков и М. Георгиев со по 4 гола.

Најмногу натпревари одигруваатМ.Василев и Б. Митев, по 29 натпревари од вкупно 30 кола. Зад нив со по 28 натпревари се: П. Андреев и Љ. Мафков со 28 и Т. Стојанов со 27 натпревари.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1980
Беласица — Вардарски1:0П. Андреев 50
Слога Виница — Беласица2:0
Беласица — Љуботен1:0К. Селулов 9
Вардар (Неготино) — Беласица2:0
Беласица — Напредок (Куманово)3:1Георгиев 44 автогол 53 Мастев 65
Борец Велес — Беласица1:0
Беласица — 11 Октомври (Прилеп)4:2Василев 13 Мафков 25 Георгиев 38 Стојков 63
Брегалница (Штип) — Беласица1:0
Беласица — Саса4:0Панов 18 Георгиев 37 П. Андреев 45 Стојков 75
Беласица — Металург (Сскопје)7:2Мафков 4 Дрвошанов 31, 60 П. Андреев 52 Стојанов 56, 85 Зрнцев 75
Беласица — Пелистер1:1Мафков
Тиквеш — Беласица1:0
Беласица — Кожуф0:2
Победа (Прилдеп) — Беласица3:0
Пролетен дел 1981
Вардарски — Беласица1:0
Беласица — Слога (Скопје)3:1П. Андреев 47, 56 Василев 59
Љуботен — Беласица2:1автогол 17
Беласица — Вардар (Неготино)3:0Мафков 50 Стојанов 55 П. Андреев 73
Напредок (Куманово) — Беласица1:0
Беласица — Борец Велес1:1Дрвошанов 55
11 Октомври (Прилеп) — Беласица4:1Стојков 58
Беласица — Брегалница (Штип)0:0
Саса — Беласица1:0
Беласица — Победа (Валандово)2:1П. Андреев 35 Стојков 80
Металург (Скопје) — Беласица1:1Василев 55
Пелистер — Беласица0:1Анчев 43
Беласица — Тиквеш3:0Георгиев 27 П. Андреев 79 А. Пандев 90
Кожуф — Беласица2:1Стојанов 2
Беласица — Победа (Прилеп)2:3Стојков 20, 73

Статистика на играчи

Тренер: Ристо Божинов, Златко Илиевски, Благој Истатов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Георгиев210
2М. Василев292
3Р. Анчев261
4В. Дрвошанов203
5Б. Митев290
6Р. Панов251
7В. Стојков236
8П. Андреев288
9Љ. Мафков284
10М. Георгиев234
11Т. Стојанов274
12Б. Истатов90
13Т. Пецев150
14Т. Георгиев140
15А. Мастев91
16Б. Гонев110
17И. Андреев100
18К. Секулов40
19Љ. Михајлов80
20А. Пандев61
21М. Шијаков40
22И. Зрнцев41
23Б. Тасев40
24З. Манев20
25В. Митев10
26Иванов10
27Тушев10

Табела

Пласман
12
Одиграни
30
Победи
11
Нерешени
5
Порази
14
Дадени голови
40
Примени голови
36
Бодови
27
Фотографија од табелата за „Сезона 1980/81“, скенирана од изворниот документ

Фотографии