Прескокни на содржина
ФК Беласица

1970-ти

„Сезона 1979/80“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1979/80“

Преглед

Беласица оваа сезона пак влезе со шампионски амбиции. За нов тренер на екипата е назначен Љубиша Арсеновиќ, а негов помошен тренер е Митко Џртев. Од екипата си заминуваат: Б. Тасев во Вардарски, В. Стоилов во Тиверија и М. Иванов во Единство од Пиперево. Т. Аљоков, М. Почек и К. Костадинов оваа сезона нема да настапуваат веќе за Беласица. Од Тиверија во Беласица се враќа Р. Анчев, а ќе се врати и Поп Трајков, а ќе почнат да играт и младинците: М. Шијаков и Влахов. Во првиот натпревар против Работнички, Беласица ја гледаат 8.000 гледачи. Најубедлива победа остварувапротив Љуботен со6:0, со 4 голови на Мафков. Пред 7.000 гледачи, Беласица на домашен терен го совладува тимот на Пелистер со 1:0, со голот на поранешниот играч на Вардар од Скопје и Тетекс, Нико Секулов. Во есенскиот дел, Беласица најчесто игра во состав: Б. Истатов, М. Василев, Б. Митев (Р. Анчев), В. Дрвошанов, К. Секулов, И. Андреев, В. Стојков (М. Георгиев), И. Андреев, Љ. Мафков (Н. Секулов), П. Андреев, Т. Стојанов. По зимскиот преоден рок, ги нема веќе: Шијаков и Влахов. Во пролетниот дел, најубедлива победа од 5:1 остварува против Вардарски, додека Кожуф е победен со 4:0, со хет-трикот на Н. Секулов. Беласица на крајот од оваа сезона по втор пат последователно завршува на третото место. Најдобар стрелец на тимот е Љ. Мафков со 11 гола, пред Н. Секулов со 10 и В. Стојков и М. Василев со по 6 гола. Најмногу настапи оваа сезона има П. Андреев, вкупно 29 од 30 натпревари, пред И. Андреев и Љ. Мафков со 27 и В. Дрвошанов и М. Василев со 26 натпревари.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1979
БеласицаРаботнички0:0
Брегалница (Штип)Беласица2:0
БеласицаЉуботен6:0Мафков 4, 40, 60, 71 Стојков 21 Василев 39
КараорманБеласица0:1Мафков 58
БеласицаНапредок (Кичево)1:0Мафков 35
ТиквешБеласица0:0
Беласица11 Октомври (Прилеп)1:0Дрвошанов 90
БеласицаВардар Неготино2:0Стојков 8 Б. Митев 33
ВардарскиБеласица0:2Василев 60, 85
БеласицаПелистер1:0Н. Секулов 57
КожуфБеласица1:0
БеласицаСаса0:0
Победа (Валандово)Беласица2:1М. Георгиев 34
БеласицаБорец Велес2:0Н. Секулов 38 Мафков 64
Слога СкопјеБеласица0:0
Пролетен дел 1980
РаботничкиБеласица2:0
БеласицаБрегалница (Штип)2:0Б. Митев 12 Стојков 21
ЉуботенБеласица2:4Василев 4 Стојков 8 Мафков 59 Н. Секулов 70
БеласицаКараорман0:1
Напредок (Кичево)Беласица2:0
БеласицаТиквеш3:1Б. Митев 11 Мафков 26 П. Андреев 68
11 Октомври (Прилеп)Беласица1:2Мафков 58 Василев 70
Вардар (Неготино)Беласица1:1Мафков
БеласицаВардарски5:1Б. Митев 5 Анчев 41, 87 Н. Секулов 57, 85
ПелистерБеласица0:0
БеласицаКожуф4:0Н. Секулов 14, 23, 26 Стојков 55
СасаБеласица1:0
БеласицаПобеда (Валандово)1:1Б. Митев 38
Борец ВелесБеласица2:0
БеласицаСлога4:1Н. Секулов 1, 40 Василев 49 Мафков 68

Статистика на играчи

Тренер: Љубиша Арсеновиќ

Состав и статистика

Состав и статистика
ИмеНастапиГолови
1Б. Истатов200
2М. Василев266
3Б. Митев225
4В. Дрвошанов261
5К. Секулов250
6И. Андреев270
7В. Стојков246
8П. Андреев291
9Н. Секулов1910
10Љ. Мафков2711
11Т. Стојанов240
12Д. Георгиев110
13Т. Пецев210
14Р. Анчев192
15М. Георгиев-Шеки101
16А. Мастев100
17М. Шијаков40
18Љ. Михајлов30
19М. Митев40
20Поп Трајков40
21Влахов20
22З. Манев10

Табела

Пласман
3
Одиграни
30
Победи
15
Нерешени
7
Порази
8
Дадени голови
43
Примени голови
23
Бодови
37
Фотографија од табелата за „Сезона 1979/80“, скенирана од изворниот документ

Фотографии