Прескокни на содржина
ФК Беласица

1970-ти

„Сезона 1977/78“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1977/78“

Преглед

Оваа сезона Беласица е предводена од познатиот тренерски тандем, Митко Џртев и Благој Ашиков. Претседател на управата е поранешниот легендарен играч на Беласица од педесеттите години на минатиот век, Александар Трендов. Беласица ја напушта младиот центархалф К. Секулов, кој оди во Победа од Прилеп, додека неговиот брат, М. Секулов, по 4 коло заминува во ЈНА, а во ЈНА заминува и М. Георгиев-Шеки. Засилување на тимот е десното крило В. Стојков, кој доаѓа од Кукла од Куклиш. Оваа сезона за првиот тим дебитира и младиот 17-годишен младински репрезентативец, Милан Василев. Василев дебитира во третото коло, кога тешко се повредува стандардниот првотимец, Илија Андреев. Во првиот натпревар пред домашните навивачи, В. Стојков со два гола го решава натпреварот и добива 10-ка од новинарите. Најдобри стрелци есента се: В. Стојков и Љ. Мафков со по 6 гола. Најубедливи победи се остварени против Охрид 6:1 и Караорман 4:0. Беласица најчесто игра во состав: Д. Георгиев, Р. Анчев (М. Кљанков), В. Стоилов (М. Митев), Т. Пецев, М. Василев (М. Филев), А. Мастев, В. Стојков, П. Андреев, Б. Тасев, Љ. Мафков и Т. Стојанов. Во пролетниот дел, Беласица е предводена од Ламбро Поп Димитров, а привремено тимот го води и Т. Ефтимов. Беласица се засилува со најдобриот стрелец на Тиверија, Томе Балдовалиев. Мафков против Транскоп од Битола постигнува хет-трик, а против Гостивар постигнува 4 гола. На крајот од првенството, Мафков со 16 гола е прв стрелец на тимот, пред Стојков со 10, Тасев со 6, Стојанов со 5 и Балдовалиев со 4 гола. Беласица завршува на крајот во втората половина на табелата. Оваа сезона Тиквеш е шампион на Првата македонска лига, а Кимов е најдобар стрелец. Традиционално, во август 1978 г. играт шампионот на лигата, Тиквеш, против остатокот од лигата, предводен од тренерот на второпласираната екипа во лигата. Тренерот на Пелистер во својата идеална екипа на првенството од другите17 клубови, повикува двајца играчи на Беласица, а тоа се Петар Андреев и Томе Стојанов.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1977
Транскоп (Битола) — Беласица3:0
Беласица — Југококта3:1П. Андреев 51 Стојков 66, 80
Слога Виница — Беласица2:0
Беласица — Караорман4:0Тасев 40 Мафков 49, 62 П. Андреев 77
Куманово — Беласица1:0
Беласица — Осогово1:0Мафков 64
Вардар Неготино — Беласица4:2Стојков 48 Тасев 85
Беласица — Тиквеш0:1
Слога Скопје — Беласица3:2Стоилов 83, 89
Беласица — Пелистер1:2Стојков 71
Скопје — Беласица0:0
Победа (Валандово) — Беласица1:1Мафков 5
Беласица — Охрид6:1Мафков 5, 8 Стојков 18, 89 Василев 42 Тасев 70
11 Октомври — Беласица1:1Стојанов 75
Беласица — Кожуф2:1Стојанов 55 Тасев 56
Силика Гостивар — Беласица3:0
Беласица — Балкан2:2Стоилов 45 Пецев 64
Пролетен дел 1978
Беласица — Транскоп (Битола)4:0Мафков 27, 65, 75 Стојанов 43
Југококта — Беласица2:0
Беласица — Слога Виница1:1Стојанов 56
Караорман — Беласица1:0
Беласица — Куманово1:0Стојанов 71
Осогово — Беласица3:1Стојков 41
Беласица — Вардар Неготино4:2Стојков 9, 35 Балдовалиев 73 Мафков 89
Тиквеш — Беласица4:1Мафков 37
Беласица — Слога Скопје3:1Балдовалиев 18, 25 Стојков 60
Пелистер — Беласица1:0
Беласица — Скопје1:0Василев 61
Беласица — Победа (Валандово)1:0автогол 24
Охрид — Беласица0:3
Беласица — 11 Октомври (Прилеп)2:0Мафков 15 Тасев 28
Кожуф — Беласица2:0
Беласица — Гостивар6:0Мафков 4, 28, 36, 80 Балдовалиев 21 П. Андреев 89
Балкан — Беласица2:1Тасев 11

Статистика на играчи

Тренер: Митко Џртев, Ламбо Поп Димитров

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Георгиев250
2В. Кљанков220
3В. Стоилов303
4Т. Пецев311
5М. Василев212
6А. Мастев310
7В. Стојков3010
8П. Андреев333
9Б. Тасев256
10Љ. Мафков3216
11Т. Стојанов295
12К. Костадинов110
13Р. Анчев240
14Т. Балдовалиев144
15М. Митев80
16М. Филев90
17Н. Џорлев40
19Буралиев30
20М. Секулов20
21М. Гарванлиев40
22З. Тодоров20
23В. Марковски10
24Бабамов10
25Л. Георгиев10
26И. Зрнцев30
27T. Влахов20
28Филипов10

Табела

Пласман
12
Одиграни
34
Победи
14
Нерешени
5
Порази
15
Дадени голови
54
Примени голови
45
Бодови
33
Фотографија од табелата за „Сезона 1977/78“, скенирана од изворниот документ

Фотографии