Прескокни на содржина
ФК Беласица

1970-ти

„Сезона 1975/76“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1975/76“

Преглед

Беласица во првите 8 кола ја предводи тренерот Борис Јорданов, а помошник му е Томе Ефтимов. По заминувањето на Јорданов, Ефтимов го предводи тимот против Југококта и Охрид, а од 11 коло доаѓановиот тренер, Гоце Петровски. Беласица оваа сезона ја почнува со многу неизвесност,бидејќи чека одлука на жалбата за натпреварот Рудар (Пробиштип) и Љуботен, од која одлука зависи дали Беласица ќе испадне. Но, за среќа, натпреварот е потврден со постигнатиот резултат и Беласица останува во Првата лига. Од екипата си заминуваат: Бинев во Победа од Валандово, каде ќе игра со Данев, Вукшан, Почек, Аљоков и М. Жал. Карамучев. Во Тиверија оди В. Димитров, а по 9-тото коло и Урдинов, а во тимот ги нема веќе и К. Манолев и Ј. Панчевски. Во 4 коло се повредува стандардниот центархалф, М. Филев, во натпреварот против Скопје, кој Беласица го добива со 4:0. Најубедлива победа е забележана против Рудар, со победа од 5:0. Во градското дерби противТиверија, Беласица одигрува 1:1, а стрелец на голот за Беласица е Б. Тасев, а заТиверија е М. Секулов. Беласица на крајот од есента забележува 7 победи, 4 нерешени резултатии 6 порази, со гол-разлика 24:20.

Во зимскиот преоден рок во Тиверија оди и Босиљанов, а во тимот ги нема веќе и Чинков, Бабамов и Иванов. Како засилувања доаѓаат К. Костадинов, Р. Вучковски и М. Секулов од Тиверија, која во овој период се наоѓа во тешка состојба и оваа сезонаиспаѓа од Прва македонска лига. Оваа пролет блеска младиот голгетер Љупчо Мафков, кој дава 19 гола и со 8-те гола од есенскиот дел, со вкупно 27 гола, е прв стрелец воПрвата македонска лига. Зад него се Тасев со 7 и Стоилов со 5 гола. Мафков оваа сезонапостигнуватри хет-трика. На натпреварот против Југококта, кој Беласица го добива со 6:2, хет-трик постигнува и И. Андреев. Беласица убедливого совладува Кожуф со 5:0, а градското дерби противТиверија завршува 0:0. Најмногу натпревари оваа сезона одигрува Мафков со 34, пред К. Секулов со 33 и П. Андреев и Д. Георгиев со 32 натпревари. Беласица на крајот завршува на 11-тото место со 13 победи, 7 нерешени резултатии 14 порази, со гол-разлика 57:51, со освоени 33 бодови, а Тиверија испаѓа, додека шампион станува Брегалница од Штип, предводена од Р. Божинов.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
ФЦУ — Беласица5:2К. Секулов 20 Мафков 82
Беласица — Караорман2:0Босиљанов 60 К. Секулов 71
Куманово — Беласица4:0
Беласица — Скопје3:0Тасев 25 Мафков 45 Стоилов 78
Кожуф — Беласица2:1Тасев 81
Беласица — Рудар (Пробиштип)5:0Стоилов 40 Мафков 55, 64 Пецев 80 Божијанов 90
Тиверија — Беласица1:1Тасев 70
Беласица — Тиквеш0:1
Југококта — Беласица0:0
Беласица — Охрид4:2Мафков 31, 34, 60 П. Андреев 90
Силика — Беласица0:0
Беласица — Овче Поле1:0Стоилов 24
Балкан — Беласица1:1Тасев 80
Беласица — Брегалница (Штип)1:1Мафков 38
11 Октомври (Прилеп) — Беласица1:2П. Андреев 6 Мафков 57
Осогово — Беласица1:0
Беласица — 11 Октомври (Скопје)1:0Николов 82
Пролетен дел 1976
Беласица — ФЦУ3:0Мафков 30, 89 Стоилов 44
Караорман — Беласица3:1Тасев 85
Беласица — Куманово2:0Мафков 20, 66
Скопје — Беласица3:1Мафков 86
Беласица — Кожуф5:0И. Андреев 15 М. Секулов 29 Тасев 53 Мафков 67, 88
Рудар (Пробиштип) — Беласица5:3Мафков 52, 59, 72
Беласица — Тиверија0:0
Тиквеш — Беласица4:0
Беласица — Југококта6:2И. Андреев 1, 30, 72 Мафков 13 П. Андреев 50 Тасев 61
Охрид — Беласица2:0
Беласица — Силика2:0Мафков 68 Пецев 84
Овче Поле — Беласица1:4Мафков 37, 40 Анчев 58 автогол 59
Беласица — Балкан0:0
Брегалница (Штип) — Беласица7:3Мафков 45, 58, 90
Беласица — 11 Октомври (Прилеп)2:2Мафков 46, 57
Беласица — Осогово1:2Стоилов 41
11 Октомври (Скопје) — Беласица2:0

Статистика на играчи

Тренер: Борис Јордановски, Томе Ефтимов, Гоце Петровски

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Д. Георгиев320
2В. Кљанков300
3М. Николо171
4И. Андреев254
5К. Секулов332
6Т. Пецев312
7Р. Анчев171
8П. Андреев323
9Б. Тасев297
10Љ. Мафков3427
11В. Стоилов315
12К. Костадинов40
13М. Секулов161
14М. Кусиванов170
15Љ. Божијанов210
16М. Босиљанов82
17Р. Вучковски60
18М. Чинков50
19М. Филев30
20Поп- Трајков80
21Попов70
22Караманов30
23Табанов30
24Иванов20
25Бабамов20
26К. Андонов10
27Форев10

Табела

Пласман
10
Одиграни
34
Победи
13
Нерешени
7
Порази
14
Дадени голови
57
Примени голови
51
Бодови
33
Фотографија од табелата за „Сезона 1975/76“, скенирана од изворниот документ

Фотографии