Прескокни на содржина
ФК Беласица

1970-ти

„Сезона 1973/74“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1973/74“

Преглед

Оваа сезона, Струмица за прв пат има два прволигаши, по влегувањето на Тиверија, во елитното друштво. Беласица ја предводи Ѓоко Георгиев, а потпреседател еЧедо Хаџиски. Од екипата летото си заминуваат Васил Рингов, кој оди во Партизан од Белград, заедно со Благој Истатов. Во ЈНА се: Б. Тасев и В. Димитров. Беласица во првото градско дерби одиграно во рамките на Првата македонска лига, одигува 1:1 со Тиверија, а стрелец на голот еП. Бинев. Беласица во есенскиот дел како домаќин одигрувадва натпревари во Свети Николе, против Балкан и против 11 Октомври од Прилеп. Младата екипа на Беласица во есенскиот дел забележува9 победи, 2 нерешени резултати и 6 порази согол-разлика 29:20 и освојува20 бодови. Во есенскиот дел, најдобар стрелец еновата ѕвезда, М. Георгиев-Шеки со 9 гола, пред Љ. Мафков со 7, Т. Аљоков со 4 и М. Чинков со 3 гола. Одбраната на Беласица најчесто ево состав: Б. Георгиев, И. Андреев, М. Николов, П. Бинев, А. Грнчаров и Р. Урдинов. Во зимскиот преоден рок, Атанас Грнчаров оди во Вардар од Скопје, а М. Секулов и Р. Анчев во Тиверија. Во Беласица се враќа М. Морарцалиев од Победа од Прилеп, Р. Данев од Југококта од Ѓорче Петров, В. Димитров од ЈНА, а почнува да игра и младинецот В. Марковски. Во пролетниот дел, Беласица забележува7 победи, 2 нерешени резултатии 8 порази. На свој терен Беласица ги победувасо по 1:0 и двете најдобри екипи во лигата, Тетекс и Брегалница од Штип, каде игра Р. Божинов, подоцна долгогодишниот тренер на Беласица. Беласица го губи градското дерби од Тиверија, со 1:3. Најмногу натпревари, по 32 вкупно, одигруваат: П. Бинев, Р. Урдинов, В. Стоилов и М. Георгиев. Најдобри стрелци оваа сезона се: М. Георгиев-Шеки со 13 гола, Мафков со 9, Бинев со 6, а Аљоков и Стоилов постигнале по 5 гола. На крајот Беласица завршува на 5-тото место, со 36 бода и гол-разлика 49:47.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1973
Беласица — Скопје1:0М. Секулов 17
Силика (Гостивар) — Беласица2:1Аљоков 60
Беласица — Љуботен3:0М. Георгиев 58, 72 Босиљанов 62
Осогово — Беласица1:0
Беласица — Рудар (Пробиштип)2:0М. Георгиев 17 Мафков 69
Беласица — ФЦУ (Скопје)4:0Чинков 4, 47 Аљоков 55, 71
Брегалница (Штип) — Беласица1:0
Беласица — Охрид3:0М. Георгиев 47, 62 автогол
Борец (Титов Велес) — Беласица0:0
Беласица — Слога (Скопје)2:1Аљоков 34 М. Георгиев 61
Вардар (Неготино) — Беласица0:1М. Георгиев 80
Беласица — Тиквеш2:0Стоилов 47 Мафков 57
Тетекс — Беласица3:2Мафков 43, 60
Беласица — Балкан (Скопје)2:3Чинков 25 Мафков 35
Тиверија — Беласица1:1Бинев 71
Беласица — 11 Октомври (Прилеп)2:1М. Георгиев 6 Бинев 33
Југококта — Беласица7:3Мафков 36, 79 М. Георгиев 48
Пролетен дел 1974
Скопје — Беласица2:1М. Георгиев 63
Беласица — Силика (Гостивар)1:0Аљоков 61
Љуботен — Беласица0:3Мафков 7 М. Георгиев 63 Бинев 87
Беласица — Осогово3:0Бинев 43, 70 Стоилов 64
Рудар (Пробиштип) — Беласица1:1Босиљанов 52
ФЦУ (Скопје) — Беласица2:0
Беласица — Брегалница (Штип)1:0И. Андреев 4
Охрид — Беласица4:1М. Георгиев 25
Беласица — Борец (ТитовВелес)1:1Стоилов 21
Слога (Скопје) — Беласица3:1Стоилив 80
Беласица — Вардар (Неготино)1:0Бинев 69
Тиквеш — Беласица5:0
Беласица — Тетекс1:0Марковски 56
Балкан (Скопје) — Беласица1:2Стоилов 6 Мафков 85
Беласица — Тиверија1:3Марковски 6
11 Октомври (Прилеп) — Беласица3:1Морарцалиев 29
Беласица — Југококта1:2М. Георгиев 55

Статистика на играчи

Тренер: Ѓоко Георгиев

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Б. Георгиев210
2И. Андреев191
3М. Николов230
4Р. Урдинов320
5М. Морарцалиев161
6П. Бинев326
7М. Чинков233
8Т. Аљоков295
9Љ. Мафков219
10М. Георгиев-Шеки3213
11В. Стоилов325
12Д. Георгиев150
13М. Босиљанов232
14В. Димитров160
15А. Грнчаров140
16К. Манолев160
17М. Секулов101
18В. Марковски62
19Р. Анчев70
20Л. Георгиев70
21Р. Данев40
22Иванов40
23Т. Пецев10
24Ј. Панчевски10
25Андонов10

Табела

Пласман
5
Одиграни
34
Победи
16
Нерешени
4
Порази
14
Дадени голови
49
Примени голови
47
Бодови
36
Фотографија од табелата за „Сезона 1973/74“, скенирана од изворниот документ

Фотографии