Прескокни на содржина
ФК Беласица

1970-ти

„Сезона 1972/73“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1972/73“

Преглед

Тренер на Беласица на почетокот е довчерашниот играч, 28-годишниот Ѓоко Георгиев, а помошен тренер е Милчо Ризов. Во летниот преоден рок од Беласица заминуваат: Р. Данев во Југококта од Ѓорче Петров, К. Костадинов и С. Вукшан во Тиверија, М. Ѓурчилов во Победа од Валандово, М. Морарцалиев во Победа од Прилеп, С. Грнчаров во Тетекс, а М. Џидалов и Ѓ. Георгиев ја завршуваат играчката кариера. Како засилување доаѓа Р. Анчев од Тиверија, а оваа сезона и талентираната млада генерација родени во 1954, 1955 и 1956 ќе дебитираат за првиот тим (Љ. Мафков, И. Андреев, В. Стоилов). Во 6 коло на местото на голманот Ј. Панчевски, влегува идниот голман на олимписката репрезентација на Југославија, Б. Георгиев. Капитен на тимот е В. Димитров, кој по 7 коло оди во ЈНА. Од 9 коло за тренер е именуван Славко Џорлев. Од 13 коло за Беласица започнува да настапува М. Чинков, кој се враќа од ЈНА, а станува и капитен на тимот. Беласица завршува на 11-тото место со 17 бода и гол-разлика 22:27. На полусезоната најдобар стрелец на екипата е Н. Секулов со 7 гола, пред В. Рингов со 4 гола и Шеки со 3 гола. Во зимската пауза Н. Секулов оди во Вардар од Скопје, а Д. Босиљанов се враќа од ЈНА. Славко Џорлев по 29-тото коло и нерешеното (1:1) со Рудар од Пробиштип, си дава самиот отказ, а на чело на тимот, пак се враќа Ѓ. Георгиев. Во 30-тото коло на гостувањето против Скопје, Беласица преку М. Секулов во 65 минута изедначува, а домаќините го напаѓаат судијата, по што потоа Беласица го добива овој натпревар со службени 0:3. Во последното коло Беласица го победува шампионот Работнички со 2:1, со головите на В. Рингов и Т. Аљоков. Оваа сезона поминува во знакот на идната ѕвезда на македонскиот фудбал, Васил Рингов, кој постигнува 15 гола и со тоа си обезбедува трансфер во Партизан од Белград. Младиот напаѓач Љ. Мафков со 5 гола навестува дека ќе е следниот голгетер на тимот, кој вкупно со 115 гола во дресот на Беласица ќе е најдобар стрелец на сите времиња. Беласица завршува на 8 место со 34 бодови, со гол-разлика 48:52.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1972
БеласицаОвче Поле3:0Н. Секулов 24, 28 М. Георгиев 72
Вардар (Неготино)Беласица3:0
БеласицаБорец (Титов Велес)0:0
Слога (Скопје)Беласица1:0
БеласицаФЦУ (Скопје)3:1Н. Секулов 20, 82 Рингов 87
ЈугококтаБеласица5:0
Беласица11 Октомври (Прилеп)3:1Н. Секулов 42 Манолев 44 М. Секулов 88
КараорманБеласица1:0
БеласицаБалкан (Скопје)3:1Бинев 63 Рингов 82 М. Секулов 84
ПелистерБеласица1:1Аљоков 8
БеласицаЉуботен0:1
Рудар (Пробиштип)Беласица1:2Н. Секулов 5, 85
БеласицаСкопје1:0Рингов 25
Маврово (Гостивар)Беласица3:1Рингов 73
БеласицаОсогово1:1Тасев 63
Беласица11 Октомври (Скопје)3:1Тасев 6 М. Георгиев 10, 69
РаботничкиБеласица7:1Чинков 12
Пролетен дел 1973
БеласицаВардар (Неготино)2:0Рингов 89, 90
Борец (Титов Велес)Беласица4:2М. Георгиев 3 Урдинов 72
БеласицаСлога (Скопје)2:0Рингов 57 Мафков 81
ФЦУ (Скопје)Беласица2:0
Овче ПолеБеласица1:1Рингов 3
БеласицаЈугококта3:1Аљоков 50 Рунгов 55 Мафков 84
11 Октомври (Прилеп)Беласица2:0
БеласицаКараорман2:2Рингов 29 Бинев 77
Балкан (Скопје)Беласица2:0
БеласицаПелистер2:1Рингов 74 Мафков 78
ЉуботенБеласица1:0
БеласицаРудар (Пробиштип)1:1М. Секулов 57
СкопјеБеласица1:1
БеласицаМаврово (Гостивар)1:0Аљоков 68
ОсоговоБеласица2:1Рингов 37
11 Октомври (Скопје)Беласица5:4Мафков 4, 38 Рингов 20, 23
БеласицаРаботнички2:1Рингов 42 Аљоков 65

Статистика на играчи

Тренер: Ѓоко Георгиев, Славко Џорлев

Состав и статистика

Состав и статистика
ИмеНастапиГолови
1Б. Георгиев250
2К. Манолев311
3Р. Урдинов311
4Р. Анчев260
5А. Грнчаров290
6П. Бинев322
7М. Геориев-Шеки274
8М. Секулов254
9Б. Тасев202
10Т. Аљоков264
11В. Рингов3215
12Ј. Панчевски120
13М. Николов220
14Љ. Мафков145
15Н. Секулов107
16М. Чинков101
17Д. Босиљанов110
18В. Димитров70
19Љ. Божијанов80
20Паунов50
21И. Андреев40
22Иванов20
23В. Стоилов40

Табела

Пласман
8
Одиграни
34
Победи
14
Нерешени
6
Порази
14
Дадени голови
48
Примени голови
52
Бодови
34
Фотографија од табелата за „Сезона 1972/73“, скенирана од изворниот документ

Фотографии