Прескокни на содржина
ФК Беласица

1960-ти

„Сезона 1968/69“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1968/69“

Преглед

Тимот оваа сезона продолжува да го води Јордан Николов-Бокото. Од Беласица заминуваат: Ј. Петровиќ во Брегалница од Штип, Т. Семенков во Работнички, а во составот ги нема: И. Камиларов, С. Босиљанов и В. Дрвошанов. Благој Истатов по 7 коло заминува во Победа од Прилеп. Најголемо засилување на тимот е враќањето на центарфорот Ѓоко Георгиев од ЈНА, а кој последно играл за Работнички. Беласица започнува силовито и по 6 кола е прва со 11 бодови. На крајот од есенскиот дел, Беласица има 17 бодови, со 7 победи, 3 нерешени резултатии 5 порази. По заминувањето на Истатов, на голот пак се враќа, К. Костадинов, а во одбраната се: Ќучуков, Димитров, Шумаров, Трајков и Зографски. Во нападот најефикасни се: Џидалов со 7 гола, пред Пантазиев со 5 и Георгиев со 4 гола. Во зимската пауза се враќаат: Т. Семенков и В. Дрвошанов, од 24 коло почнува да игра и Р. Котев, а шанса им се дава и на млади играчи, како што се: П. Бинев, голманот Ѓ. Димитриев, М. Секулов, Р. Анчев, Ѓ. Митев и Табанов. Во составот ги нема А. Малинов кој оди во ЈНА и Т. Шумаров. Беласица игра променливо, од убедливи победи против Караорман (5:0), Питу Гули (7:2), Маврово (4:0) и Кожуф(4:1), па до немоќ на туѓ терен, каде од 8 натпревари, забележува само 1 нерешен натпревар против ФЦУ во Скопје. Котев во 7 натпревари постигнува 6 гола. Повеќе голови од него постигнуваат само: П. Пантазиев 13, М. Џидалов 11 и Б. Ашиков 7 гола. А. Трајков-Чанда ги одигрува сите 30 натпревари, како стартер.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1968
Беласица — Балкан (Скопје)3:2Џидалов 13 Малинов 51 Трајков 82
Беласица — Вардар (Неготино)1:0Џидалов 80
Борец (Титов Велес) — Беласица0:2Пантазиев 4 Џидалов 62
Беласица — БСК (Битола)1:1Шумаров
КСК (Куманово) — Беласица2:1Георгиев 15 Чинков 42
Беласица — Љуботен3:1Ашиков 33 Џидалов 48, 78
Караорман — Беласица3:1Трајков 78
Беласица — МИК Скопје0:1
Питу Гули (Крушево) — Беласица1:1Георгиев 65
Беласица — ФЦУ (Скопје)1:1Малинов 9
Маврово (Гостивар) — Беласица4:1Џидалив 65
Беласица — Осогово6:1
Тетекс — Беласица5:1Георгиев 60
Беласица — Охрид3:2Пантазиев 31, 55 Босиљанов 65
Кожуф — Беласица1:0
Пролетен дел 1969
Балкан (Скопје) — Беласица3:0
Вардар (Неготино) — Беласица2:0
Беласица — Борец (Титов Велес)3:2Пантазиев 24, 28 Ашиков 60
БСК (Битола) — Беласица1:0
Беласица — КСК (Куманово)2:0Пантазиев 10, 40
Љуботен — Беласица2:0
Беласица — Караорман5:0Ашиков 38 Пантазиев 51 Семенков 55 Џидалов 60 Зографски 70
МИК Скопје — Беласица4:2Зографски 69 Пантазиев 90
Беласица — Питу Гули (Крушево)7:2Џидалов 7, 40, 43 Котев 30, 53 Пантазиев 44, 84
ФЦУ (Скопје) — Беласица2:2Котев 31 Зографски 78
Беласица — Маврово (Гостивар)4:0Котев 4, 54 Ашиков 37, 50
Осогово — Беласица1:0
Беласица — Тетекс2:3Семенков 44 Зографски 65
Охрид — Беласица3:1Георгиев 62
Беласица — Кожуф4:1Ашиков 25 Семенков 74 Котев 76 Дрвошанов 85

Статистика на играчи

Тренер: Јордан Николов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1К. Костадинов250
2Ѓ. Ќучуков270
3В. Димитров230
4Љ. Зографски264
5В. Дрвошанов151
6А. Трајков302
7М. Чинков211
8Б. Ашиков217
9П. Пантазиев2513
10Р. Панчуров190
11М. Џидалов2611
12Б. Истатов60
13Т. Семенков153
14Т. Шумаров141
15Ѓ. Георгиев135
16А. Малинов123
17Р. Котев76
18М. Босиљанов81
19П. Бинев40
20Ѓ. Митев10
21Ѓ. Димитриев20
22М. Секулов10
23Р. Анчев10
24М. Почек10
25М. Џорлев10
26А. Томов10
27Табанов10

Табела

Пласман
7
Одиграни
30
Победи
13
Нерешени
4
Порази
13
Дадени голови
58
Примени голови
48
Бодови
30
Фотографија од табелата за „Сезона 1968/69“, скенирана од изворниот документ

Фотографии