Прескокни на содржина
ФК Беласица

1960-ти

„Сезона 1967/68“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1967/68“

Преглед

Беласица оваа сезона ја започнувасо неколку сериозни засилувања. Во екипата се враќаат: Б. Ашиков од Брегалница Штип, М. Џидалов од ЈНА, М. Димков од Работнички, С. Босиљанов од Борец од Т. Велес, В. Димитров од Тиверија, а се реактивира и М. Џорлев. Од екипата заминуваат: Б. Карамучев и Д. Иванов во Тиверија. Начело на Беласица е Момчило Илиќ, а капитен е Томче Ефтимов, на кого ова му е 17-та сезона во Беласица. Екипите во овој период имаат право само на една измена, а воениот рок во ЈНА траел 18 месеци. Беласица првите два домашни натпревари ги игра надвор од Струмица, заради 3-месечното реновирање на стадионот. Натпреварот со Караорман го игра во Свети Николе, а натпреварот со Вардар од Неготино го игра во Штип. Во 8 коло Беласица забележува победа од 10:1 против Борец од Титов Велес. Беласица на домашен терен забележува 6 победи и 1 нерешен резултат, а на гостински терен забележува 2 нерешени резултатии 4 порази во есенскиот дел. Најдобар стрелец е Ј. Петровиќ со 10 гола, пред М. Џидалов и Т. Семенков со по 4 гола. Костадинов брани на 11 натпревари, а Комаров и Босиљанов бранат само на по 1 натпревар. Во зимскиот период доаѓа до тренерска смена, си оди Илиќ, а доаѓа Јордан Николов-Бокото. По 17 сезони, Т. Ефтимов ја завршува својата играчка кариера, а во составот ги нема и Р. Комаров и М. Димков. Од 18 коло во тимот од ЈНА се враќа младиот 21-годишен голман, Благој Истатов, кој до крајот на сезоната ќе брани на 8 натпревари. Од Победа Прилеп доаѓа Љ. Зографски. Во пролетниот дел Беласица игра послабо и забележува 5 победи, 1 нерешен резултат и 7 порази. По 20 коло, Ј. Петровиќ, кој е најдобар стрелец на тимот, почнува да игра на позиција на центархалф. На крајот од сезоната, Беласица завршува на 5-тото место со 26 бодови и гол-разлика 55:38. Најефикасен играч на Беласица е Ј. Петровиќ со 12 гола, пред Т. Семенков со 10 и М. Џидалов и капитенот, Б. Ашиков, со по 7 гола.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1967
БеласицаКараорман3:0Чинков 9 Пантазиев 20 Димков 49
Маврово (Гостивар)Беласица3:1Димков 21
БеласицаВардар (Неготино)4:3Димков 7 Ашиков 10 Петровиќ 25 Семенков 36
ЉуботенБеласица1:0
БеласицаПелагонија (Битола)2:1Петровиќ 41, 60
ОхридБеласица2:2Чинков 23 Петровиќ 88
БеласицаМИК Скопје1:1Петровиќ 58
БеласицаБорец (Титов Велес)10:1Шумаров 12 Семенков 25, 38 Пантазиев 28 Ашиков 47 Џидалов 50, 53, 65 Петровиќ 59 Чинков 77
КСК (Куманово)Беласица4:0
БеласицаБалкан4:2Семенков 5 Малинов 7 Петровиќ 27, 60
ТетексБеласица1:0
БеласицаТиквеш2:1Петровиќ 40, 47
РаботничкиБеласица1:1Џидалов 80
Пролетен дел 1968
КараорманБеласица3:1Ашиков 67
БеласицаМаврово (Гостивар)3:0Трајков 60 Семенков 65 Петровиќ 89
Вардар (Неготино)Беласица2:0
БеласицаЉуботен1:2Шумаров 16
БСК (Битола)Беласица3:0
БеласицаОхрид4:1Џидалов 26, 80 Ашиков 47, 66
МИК (Скопје)Беласица2:1Ќучуков 86
Борец (Титов Велес)Беласица1:1Семенков 45
БеласицаКСК (Куманово)5:0Петровиќ 15 Семенков 25 Пантазиев 40, 48, 85
Балкан (Скопје)Беласица2:1Чинков 79
БеласицаТетекс2:0Семенков 18 Ашиков 52
ТиквешБеласица5:3Ашиков 10 Пантазиев 38 Џидалов 74
БеласицаРаботнички3:1Семенков 25, 85 Босиљанов 50

Статистика на играчи

Тренер: Момчило Илиќ, Јордан Николов

Состав и статистика

Состав и статистика
ИмеНастапиГолови
1К. Костадинов140
2Ѓ. Ќучуков211
3В. Димитров170
4В. Дрвошанов210
5Т. Шумаров131
6А. Трајков261
7Т. Семенков2510
8П. Пантазиев196
9Ј. Петровиќ2512
10Б. Ашиков207
11М. Џидалов227
12Б. Истатов80
13А. Малинов151
14И. Камиларов120
15Р. Панчуров110
16М. Чинков114
17М. Џорлев70
18Т. Ефтимов40
19С. Босиљанов50
20М. Димков33
21Љ. Зографски10
22Р. Комаров10
23М. Босиљанов21

Табела

Пласман
5
Одиграни
26
Победи
11
Нерешени
4
Порази
11
Дадени голови
55
Примени голови
43
Бодови
26
Фотографија од табелата за „Сезона 1967/68“, скенирана од изворниот документ

Фотографии