Прескокни на содржина
ФК Беласица

1960-ти

„Сезона 1965/66“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1965/66“

Преглед

По одличната голгетерска сезона, М. Џидалов преминува во силната екипа на Брегалница од Штип, а со него заминува и Б. Пандев. Сулејманов оди во Борец од Велес, а Томе Ефтимов ја презема тренерската позиција и ретко ќе игра. Во екипата на Беласица се враќа искусниот стрелец Р. Зафиров. Беласица е засилена и со: голманот В. Младенов, кој доаѓа од Војводина, Д. Иванов, кој се враќа од ЈНА, а од младинскиот состав, кој го освојува младинскиот куп е десното крило, М. Чинков. Во првиот натпревар од сезоната Беласица ја победува Пелагонија од Битола со 4:0, со по двата гола на искусните стрелци, С. Џорлев и Р. Зафиров. По само 2 одиграни натпревари, П. Пантазиев оди во ЈНА. Беласица во 7 коло го совладува и вториот прволигаш од Битола, екипата на Работник, со голот на К. Христов. С. Џорлев дава по два гола на натпреварите против Вардар од Неготино (4:1) и Тетекс (3:1). Во есенскиот дел, добро ќе одигра и младиот М. Чинков, кој постигнува 3 гола. Во првиот тим редовно настапуваат и Т. Семенков и Ј. Петровиќ. На крајот од есенскиот дел, Беласица е на 8 место со 12 бода од 13 натпревари и гол-разлика 19:18. Најдобри стрелци се: С. Џорлев со 7 гола и К. Христов со 5 гола. На тренерската позиција доаѓа искусниот стратег Чедо Хаџиски-Џингис. Во пролетниот дел за првиот тим дебитира уште еден младинец, А. Малинов-Пата. Беласица во вториот дел игра послабо и забележува само 5 победи на 13 натпревари. Во последниот натпревар од сезоната, Беласица го победува шампионот Работнички од Скопје со 3:0, со двата гола на С. Џорлев и со голот на Ј. Петровиќ. Со тоа Беласица се спасува од испаѓање, бидејќи Љуботен има полоша гол-разлика и испаѓа. Беласица на крајот завршува на 12-тото место со 10 победи, 2 нерешени резултати и 14 порази, со гол-разлика 32:36. Најдобри стрелци оваа сезона се: С. Џорлев со 10 гола, пред К. Христов со 6 и М. Чинков со 4 гола.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1965
Беласица — Пелагонија (Битола)4:0С. Џорлев 31, 32 Зафиров 57, 79
Борец (Велес) — Беласица2:0
Беласица — Брегалница (Штип)0:0
Караорман — Беласица3:0
Беласица — Љуботен1:1Христов 10
МИК Скопје — Беласица2:0
Беласица — Работник (Битола)1:1Христов 18
Напредок (Кичево) — Беласица2:0
Беласица — Вардар (Неготино)4:1С. Џорлев 8, 40 Петровиќ 46 Христов 78
Беласица — Маврово (Гостивар)5:1Христов 10 С. Џорлев 12 Шумаров 41 Чинков 63, 80
Тиквеш — Беласица2:0
Беласица — Тетекс3:1С. Џорлев 14, 87 Чинков 44
Работнички — Беласица2:1Христов 75
Пролетен дел 1966
Пелагонија (Битола) — Беласица4:1Ризов 50
Беласица — Борец (Велес)4:0Христов 7 Семенков 22, 35 Чинков 60
Брегалница (Штип) — Беласица1:0
Беласица — Караорман1:0С. Џорлев 84
Љуботен — Беласица1:0
Беласица — МИК Скопје0:1
Работник (Битола) — Беласица2:0
Беласица — Напредок (Кичево)1:0Трајков 82
Вардар (Неготино) — Беласица3:0
Маврово (Гостивар) — Беласица3:0
Беласица — Тиквеш3:0Иванов 6 С. Џорлев 66 Ризов 81
Тетекс — Беласица3:0
Беласица — Работнички3:0Петровиќ 57 С. Џорлев 67, 86

Статистика на играчи

Тренер: Томе Ефтимов, Чедо Хаџиски

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Р. Комаров230
2М. Џорлев260
3М. Џртев190
4М. Ризов242
5Т. Шумаров221
6А. Трајков261
7Т. Семенков232
8С. Џорлев2111
9К. Христов226
10Д. Иванов221
11М. Чинков204
12В. Младенов50
13Ј. Петровиќ182
14Р. Зафиров122
15П. Петков30
16А. Малинов30
17П. Пантазиев20
18Циев20
19Т. Ефтимов20
20Пиперавалиев10
21Ѓузелов10
22Варизелов10

Табела

Пласман
12
Одиграни
26
Победи
10
Нерешени
2
Порази
14
Дадени голови
32
Примени голови
36
Бодови
22
Фотографија од табелата за „Сезона 1965/66“, скенирана од изворниот документ

Фотографии