Прескокни на содржина
ФК Беласица

1960-ти

„Сезона 1963/64“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1963/64“

Преглед

Беласица оваа сезона се засилувасо тројца играчи од Тиверија, и тоа: Б. Ашиков, М. Џидалов и А. Трајков-Чанда. Во спротивна насока, во Тиверија заминува Д. Трендов. Беласица во есенската сезона игра ефикасно, притоа постигнувајќи 31 гол на 13 натпревари. Пантазиев со два гола во првото коло, против Металец од Скопје, ја започнува својата серија и завршува со 8 гола, во есенскиот дел. Беласица го совладува тимот на КСК Куманово со 5:1 во 3 коло, а Југохром воТетово со 7:0 во 10 коло, со хет-трикот на Б. Ашиков, двата гола на Ѓ. Георгиев и по еден на Р. Стојанов и П. Пантазиев. На крајот од есенскиот дел, Беласица е осма со 13 бода и гол-разлика од 31:22. Во зимската пауза, Б. Ашиков заминува во есенскиот шампион, Брегалница од Штип, а З. Сулејманов во Вардар од Неготино. Во Беласица доаѓаатголманот С. Босиљанов и Р. Ристевски од Вардар Неготино. Беласица во вториот дел од првенството игра поквалитетно и забележува 7 победи, 3 нерешени резултатии 3 порази од КСК, Југохром и Тиквеш. Миле Димков е најефикасен во пролетниот дел, на три натпревари постигнува по два гола. Џидалов игра сѐ почесто на позицијата лево крило и го постигнува и единствениот гол против Пелистер. Со шампионот Брегалница одигрува 1:1 во Штип, со голот на Ѓ. Георгиев. А. Трајков започнува да настапува стандардно во првиот тим, а во 23 коло за Беласицадебитира голманот К. Костадинов. Ова е последната сезона воБеласица за ветераните В. Цветков и Т. Панов. Како прв стрелец на тимот завршува Ѓ. Георгиев со 12 гола, пред М. Димков со 10 и П. Пантазиев со 9 гола. На крајот, Беласица завршува на второто место со 30 бодови и гол-разлика 52:38, само 4 бода помалку од Брегалница.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1963
Работнички — Беласица3:2Пантазиев 18 Георгиев 44
Беласица — Металец (Скопје)3:1Пантазиев 31, 40 Димков 57
Пелистер — Беласица2:1Георгиев 79
Беласица — КСК (Куманово)5:1Пантазиев 25 Димков 42 М. Џорлев 55 Стојанов 66 Георгиев 69
Охрид — Беласица5:2Цветков 23, 87
Беласица — Караорман3:2Георгиев 3 Цветков 17 Џидалов 27
Кожуф — Беласица1:1Стојанов 53
Беласица — Брегалница (Штип)0:0
Вардар (Неготино) — Беласица2:1Ашиков 28
Беласица — Југохром (Јегуновце)7:0Ашиков 28, 54, 89 Стојанов 38 Пантазиев 47 Георгиев 59, 88
Тетекс — Беласица3:2Ашиков 20 Пантазиев 22
Беласица — Тиквеш2:1Пантазиев 16 Георгиев 28
Напредок (Кичево) — Беласица2:2Пантазиев 13 Т. Панов 70
Пролетен дел 1964
Беласица — Работнички0:0
Металец (Скопје) — Беласица0:0
Беласица — Пелистер1:0Џидалов 80
КСК (Куманово) — Беласица2:1автогол 20
Беласица — Охрид4:0Димков 67, 82 Цветков 72 Пантазиев 80
Караорман — Беласица0:1Димков 23
Беласица — Кожуф5:0Цветков 6 Димков 52, 76 Георгиев 63, 74
Брегалница (Штип) — Беласица1:1Георгиев 50
Беласица — Вардар (Неготино)1:0Георгиев 7
Југохром (Јегуновце) — Беласица5:0
Беласица — Тетекс3:1Џидалов 22 Димков 38 Стојанов 89
Тиквеш — Беласица5:0
Беласица — Напредок (Кичево)4:3Георгиев 19 Димков 24, 58 Ристевски 50

Статистика на играчи

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Р. Комаров220
2Т. Шумаров180
3М. Џртев240
4М. Џорлев161
5Т. Панов211
6М. Ризов190
7П. Пантазиев269
8М. Димков2410
9Ѓ. Георгиев2412
10Р. Стојанов184
11М. Џидалов193
12С. Босиљанов50
13В. Цветков135
14Т. Ефтимов120
15А. Трајков110
16Б. Ашиков85
17Д. Иванов60
18К. Христов40
19Р. Ристевски40
20З. Сулејманов30
21А. Гошев10
22К. Костадинов10

Табела

Пласман
2
Одиграни
26
Победи
12
Нерешени
6
Порази
8
Дадени голови
52
Примени голови
38
Бодови
30
Фотографија од табелата за „Сезона 1963/64“, скенирана од изворниот документ

Фотографии