Прескокни на содржина
ФК Беласица

1960-ти

„Сезона 1962/63“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1962/63“

Преглед

Беласица по помината една година во Штипски потсојуз, се враќа во Првата македонска лига. На чело на тимот е Јордан Николов-Бокото, а капитен е искусниот центарфор, В. Цветков. Беласица ја напушта Р. Зафиров, а по 15 години поминати во Беласица,се откажува од фудбалската игра М. Панов. Во Беласица постепено младите играчи почнуваат да играат во првиот тим: Ѓ. Георгиев, Р. Комаров, М. Ризов, Р. Стојанов, Т. Шумаров, Д. Иванов,... Од Брегалница Штип се враќа Митко Џорлев, кој претходната пролет игра во Штип, заедно со своите браќа: Славко и Атанас. Р. Стојанов ќе постигне хет-трик во победата од 1:3 во Кичево, против Напредок во 4 коло. Во следното коло, со голот на Ѓ. Георгиев, Беласица минималного победуватимот на Работнички. Во последните 5 кола, сите 7 голови за Беласица ги постигнува П. Пантазиев, донесувајќи му на тимот 3 победии 2 нерешени резултати. Беласица со одличните игри во есенскиот делго освојува второто место со 8 победи, 2 нерешени резултатии три порази, веднаш зад Победа од Прилеп. Најдобри стрелци се: П. Пантазиев со 8 и Р. Стојанов со 6 гола. Во зимскиот дел доаѓа Миле Димков од Осогово, кој заедно со Ѓоко Георгиев се главните стрелци на тимот во пролетниот дел. Од Тиверија доаѓаат: Д. Трендов и З. Сулејманов. Беласица во пролетниот дел има потежок распоред и го расипува пласманот од есента. Р. Стојанов повторно постигнува хет-трик против Напредок, а Ѓ. Георгиев постигнува два гола против КСК Куманово, за победа од 4:0. На крајот од сезоната, Беласица завршува на 6 место, со 11 победи, 5 нерешени резултатии 10 порази и гол-разлика 45:44. Беласица оваа сезона има еден од најдобрите напади во својата историја. Најдобри стрелци на Беласица оваа сезона се: Ѓ. Георгиев со 12 гола, пред П. Пантазиев со 10 и Р. Стојанов со 9 гола. Оваа сезона стандарден голман на Беласица станува Р. Комаров, а одбраната е мешавина од искусни играчи, како Т. Панов и Т. Ефтимов и млади надежни играчи, како: М. Џртев, М. Џорлев, М. Ризов и Т. Шумаров.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1962
Вардар (Неготино) — Беласица1:2М. Џорлев 48
Победа (Прилеп) — Беласица8:3Пантазиев 8 Георгиев 82 Стојанов 90
Беласица — Караорман3:0Стојанов 53 Цветков 78 Христов 83
Напредок (Куманово) — Беласица1:3Стојанов 35, 60, 65
Беласица — Работнички (Скопје)1:0Георгиев 35
Охрид — Беласица1:2Стојанов 65 Цветков 82
Беласица — Тиквеш2:0Цветков 1 Христов 38
Пелистер — Беласица3:1Георгиев 50
Беласица — Тетекс2:1Пантазиев 30, 89
Беласица — Љуботен1:0Пантазиев 8
КСК (Куманово) — Беласица0:0
Беласица — Металец (Скопје)2:0Пантазиев 23, 53
Брегалница (Штип) — Беласица2:2Пантазиев 30, 70
Пролетен дел 1963
Вардар (Неготино) — Беласица2:1Георгиев 46
Беласица — Победа (Прилеп)1:2Георгиев 76
Караорман — Беласица4:2Георгиев 13 Пантазиев 76
Беласица — Напредок (Куманово)6:1Стојанов 10, 20, 53 Георгиев 15, 41 Димков 70
Работнички (Скопје) — Беласица4:1Георгиев 74
Беласица — Охрид1:1Димков 81
Тиквеш — Беласица2:1Димков 87
Беласица — Пелистер4:2Димков 37, 48 Д. Трендов 42 Пантазиев 67
Тетекс — Беласица6:2Георгиев 18 Т. Панов 80
Љуботен — Беласица2:0
Беласица — КСК (Куманово)4:0Д. Трендов 17 Георгиев 50, 54 Цветков 65
Металец (Скопје) — Беласица0:0
Беласица — Брегалница (Штип)0:0

Статистика на играчи

Тренер: Јордан Николов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Р. Комаров240
2М. Џорлев161
3М. Џртев230
4М. Ризов260
5Т. Панов241
6Т. Ефтимов260
7П. Пантазиев2510
8Ѓ. Георгиев2512
9В. Цветков224
10Р. Стојанов239
11К. Христов162
12Р. Гошев30
13Т. Шумаров120
14М. Димков115
15Д. Иванов60
16Д. Трендов42
17В. Пипералиев40
18Б. Ангелов20
19З. Сулејманов10
20Николов10
21Љ. Стоилков10
22Т. Вангелов10

Табела

Пласман
6
Одиграни
26
Победи
11
Нерешени
5
Порази
10
Дадени голови
46
Примени голови
44
Бодови
27
Фотографија од табелата за „Сезона 1962/63“, скенирана од изворниот документ

Фотографии