Прескокни на содржина
ФК Беласица

1960-ти

„Сезона 1961/62“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1961/62“

Преглед

Оваа сезона, Беласица настапува во Штипскиот потсојуз, каде игра и Тиверија. Беласица ја совладуваа Тиверија со 2:0, со головите на, В. Цветков и Б. Ангелов. За Тиверија играат: Д. Трендов, Б. Ашиков, Ѓ. Ќучуков, Лазаров, Витанов... Вополусезоната, Беласица е прва со 14 бода, забележани со 6 победи, 2 нерешени резултатии 1 пораз од Малеш, кој е главниот конкурент за влез во Првата македонска лига. Б. Ангелов со 4 гола е прв стрелец. За Беласица дебитираат новите млади надежи на струмичкиот фудбал: Ѓ. Георгиев, Р. Стојанов и Т. Шумаров. Во пролетниот дел, од ЈНА, се враќа и левиот бек, М. Џртев. Во пролетниот дел Беласица е уште поубедлива, го совладува главниот конкурент, Малеш, со 8:0, со 4 гола на Ѓ. Георгиев и хет-трикот на П. Пандазиев, а гол постигнува и ветеранот В. Цветков.

Во 18 натпревари, Беласица забележува 13 победи, 3 нерешени резултатии 2 порази, со гол-разлика 54:11. Пред квалификациите, во Беласица се враќа од Брегалница Штип и младиот десен бек Митко Џорлев. Беласица е шампион и се изборува за квалификации за влез во Првата македонска лига. Противник е Работнички од Велес. Во првиот натпревар, на 19.08.1962 г., Беласица победува со 7:1, со головите на: Ѓ. Георгиев 2, Р. Стојанов 2, П. Пантазиев 1, В. Цветков 1 и Т. Вангелов 1. Во вториот натпревар Беласица губи со 3:0, но сепак Беласица се пласира во Првата македонска лига.

На сликата (преземена од Стара Струмица) од пролетта 1962 година, од лево стојат: В. Цветков, Р. Гошев, Т. Панов, Т. Ефтимов, В. Пипералиев, Т. Шумаров, М. Ризов. Долу од лево: Б. Ангелов, Р. Стојанов, Ѓ. Георгиев, А. Гошев.

Резултати и стрелци

Штипски потсојуз

Штипски потсојуз
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1961
Брегалница (Делчево)Беласица0:3
Партизан (Грдов)Беласица1:1
БеласицаСлога (Виница)3:1Зафиров 2 Цветков
ПлачковицаБеласица1:1Стоилков 75
БеласицаЗадругар (Д.Подл)4:0А. Гошев Ризов Пандазиев Ангелов
БеласицаТиверија2:0Цветков Ангелов
БеласицаОвче Поле6:0Ангелов 2 Пандазиев М. Панов Т. Панов А. Гошев
МалешБеласица1:0
БеласицаРудар (Пробиштишп)4:0
Пролетен дел 1962
БеласицаБрегалница (Делчево)5:0Георгиев 9 Зафиров 16 Цветков 50 Ангелов 65, 72
БеласицаПартизан (Грдов)7:0Георгиев 2 Зафиров 2 Христов 1 Т.Панов 1 А.Гошев 1
Слога (Виница)Беласица1:2
Задругар (Д. Подл)Беласица1:1Георгиев
Овче ПолеБеласица0:1
БеласицаПлачковица6:0
ТиверијаБеласица1:4
БеласицаМалеш8:0Георгиев 4 Пандазиев 3 Цветков 1
Рудар (Пробиштип)Беласица5:0

Квалификации за Првата македонска лига

Квалификации за Првата македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Пролетен дел 1962
БеласицаРаботнички (Титов Велес)7:1Георгиев 2 Стојанов 2 Пандазиев Цветков Ангелов
Работнички (Титов Велес)Беласица3:0

Статистика на играчи

Состав и статистика

Состав и статистика
ИмеНастапиГолови
1Р. Гошев0
2М. Панов1
3М. Џртев0
4М. Ризов1
5Т. Панов2
6Т. Ефтимов0
7П. Пантазиев5
8Ѓ. Георгиев8
9В. Цветков4
10Р. Зафиров5
11Б. Ангелов6
12Р. Комаров0
13А. Гошев3
14К. Христов1
15Љ. Стоилков1
16Р. Стојанов0
17Т. Вангелов0
18Т. Шумаров0
19В.Пиперавалиев0
20Д. Иванов0

Табела

Пласман
1
Одиграни
18
Победи
13
Нерешени
3
Порази
2
Дадени голови
58
Примени голови
12
Бодови
29
Фотографија од табелата за „Сезона 1961/62“, скенирана од изворниот документ

Фотографии