Прескокни на содржина
ФК Беласица

1950-ти

„Сезона 1956/57“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1956/57“

Преглед

Беласица оваа сезона за прв пат се натпреварува во 4 зона, која се состоиод екипи од Македонија, Косово и Јужна Србија. Покрај Беласица, од Македонија во оваа лига учествуваати: Работнички Скопје, Победа од Прилеп и Металец од Скопје. Екипата ја предводи Чедо Хаџиски-Џингис. Беласица стартува со победа од 2:0 против Слобода од Ужице. По катастрофата од Металец, Беласица првин одигрува2:2 противНапредак од Крушевац, а потоа во Краљево Беласица успева да ѝ одземе бод на Слога, за да ја победат во следното коло и Победа од Прилеп со головите на М. Панов и Цветков . Потоа, Беласица запаѓаво резултатска криза. Беласица во есенскиот дел забележува 2 победи, 3 нерешени резултати и 7 порази со гол-разлика 15:32. Беласица со 7 бодаго освојиува последното, 13-то место. Во зимската пауза доаша Ѓуро Ефтимов од Вардар и Јанев. Пролетта Беласица стартува слабо, со 5 порази. Конечно со хет-трикот на Цветков во 6 пролетно коло, совладана е Слога од Краљево. Во следниот домашен натпревар, Караманов со 2 гола носи победа над Тимок. Последното коло, Беласица со победа од 2:0 над Трепча, се простува воваа сезона. Беласица на крајот завршува на 13-то место, со 14 бодови и гол-разлика 27:65 и испаѓа од лигата, а испаѓаат и Металец од Скопје, Тимок од Заечар, Приштина и Слобода од Ужице.

Нападот на Беласица оваа сезона го предводеше, Васо Цветков, кој со 10 гола е најефикасен стрелец на тимот, пред Ефински со 4 и М. Панов со 3 гола.

Резултати и стрелци

4 југословенска зона

4 југословенска зона
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1956
Беласица — Слобода Ужице2:0Ефински 61, 63
Раднички Ниш — Беласица5:2Цветков 14 Харилов 84
Беласица — Дубочица Лесковац1:3Цветков 43
Металец Скопје — Беласица9:0
Беласица — Напредак Крушевац2:2автогол 25 Цветков 80
Слога Краљево — Беласица2:2Ефински 69 М. Панов 71
Беласица — Победа Прилеп2:1Т. Панов 21 Цветков 57
Тимок Заечар — Беласица2:1Ефински 35
Беласица — Приштина1:1Цветков 35
Работнички — Беласица2:0
Беласица — Раднички Крагуевац2:3Ѓ. Панов 29 М. Панов 61
Трепча Т. Митровица — Беласица2:0
Пролетен дел 1957
Слобода Ужице — Беласица2:1Т. Ефтимов 85
Беласица — Раднички Ниш0:2
Дубочица Лесковац — Беласица4:0
Беласица — Металец Скопје1:2М. Панов 76
Напредак Крушевац — Беласица7:1Цветков 18
Беласица — Слога Краљево3:0Цветков 13, 38, 89
Победа Прилеп — Беласица3:0
Беласица — Тимок Заечар2:1Караманов 30, 50
Приштина — Беласица4:2Цветков 31 Ќосев 61
Беласица — Работнички0:0
Раднички Крагуевац — Беласица8:0
Беласица — Трепча Т.Митровица2:0Харилов 11 Ќосев 57

Статистика на играчи

Тренер: Чедо Хаџиски

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Р. Гошев150
2Т. Панов231
3С. Киров220
4Т. Вангелов200
5А. Трендов140
6Т. Ефтимов201
7П. Караманов192
8М. Панов233
9В. Цветков1610
10К. Ефински194
11К. Харилов241
12А. Ушаков90
13К. Ќосев132
14Т. Терзиев50
15П. Стојанов40
16Ѓ. Ефтимов30
17Ѓ. Јанев30
18Љ. Стоилков30
19Ѓ. Панов21
20Ашиков10
21Димов10
22Димушевски10

Табела

Пласман
13
Одиграни
24
Победи
5
Нерешени
4
Порази
15
Дадени голови
27
Примени голови
65
Бодови
14
Фотографија од табелата за „Сезона 1956/57“, скенирана од изворниот документ

Фотографии