Прескокни на содржина
ФК Беласица

1950-ти

„Сезона 1955/56“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1955/56“

Преглед

По одлуката за расформирање на Првата македонска лига и формирање на 4 зона (со екипи од Македонија, Косово и Јужна Србија), Беласица оваа сезона, по неуспешните квалификации за влез во 4 зона, игра во Штипскиот потсојуз. Екипата ја предводи Чедо Хаџиски-Џингис. На голот на Беласица се менуваат Р. Гошев и А. Ушаков, на бековските позиции се менуваат браќата Панови, Стоилков и Киров. Во централниот одбранбен ред играат, Т. Вангелов, А. Трендов и Т. Ефтимов. Во офанзивниот дел играат: К. Ќосев, П. Караманов, центарфорот, В. Цветков, К. Ефински, К. Харилов и А. Гошев. Беласица во есенскиот дел е на чело на табелата, а забележува само два порази. Во пролетниот дел, Беласица игра многу ефикасно, на 5 од 9-те пролетни натпревари постигнува 5 гола или повеќе. Беласица во лигата со 10 екипи, на крајоте убедлива и забележува 13 победи, 3 нерешени резултати и 2 порази, со гол-разлика 76:20.

Беласица со 29 бода има дури 7 бода повеќе од второпласираниот Кожуф. Тиверија, предводена од капитенот, Ѓуро Ефтимов, е победена два пати од Беласица со 6:1 и со 5:0. Во квалификациите за влез во 4 зона, Беласица се судрувасо Пелистер од Битола. На првиот натпревар во Битола на 24 јуни, Беласица одигрува 1:1, а голот за Беласица го постигнува левото крило, К. Харилов. Во реваншот Беласица победува со 2:1, со головите на Т. Ефтимов и В. Цветков.

Резултати и стрелци

Штипски потсојуз

Штипски потсојуз
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1955
Овче Поле — Беласица1:1
Беласица — Тиверија6:1
Победа (Титов Велес) — Беласица2:2
Беласица — Вардар (Неготино)12:2
Плачковица — Беласица2:5
Единство (Титов Велес) — Беласица3:1
Беласица — Осогово5:1
Кожуф — Беласица2:1
Беласица — Малеш4:0
Пролетен дел 1956
Беласица — Овче Поле5:0
Тиверија — Беласица0:5
Беласица — Победа (Титов Велес)5:1
Вардар (Неготино) — Беласица1:3
Беласица — Плачковица7:0
Беласица — Единство (Титов Велес)4:0
Беласица — Кожуф7:1
Осогово — Беласица1:2
Малеш — Беласица1:1

Квалификации за 4 зона

Квалификации за 4 зона
НатпреварРезултатСтрелци
Пролетен дел 1956
Пелистер — Беласица1:1Харилов 16
Беласица — Пелистер2:1Ефтимов 15 Цветков 30

Статистика на играчи

Тренер: Чедо Хаџиски

Состав и статистика

Состав на сезоната:

За екипата на Беласица оваа сезона настапуваат:

1. Р. Гошев

2. М. Панов

3. Љ. Стоилков

4. Т. Вангелов

5. А. Трендов

6. Т. Ефтимов

7. К. Ќосев

8. П. Караманов

9. В. Цветков

10. К. Ефински

11. К. Харилов

12. А. Ушаков

13. Ѓ. Панов

14. Т. Панов

15. С. Киров

16. Т. Терзиев

17. А. Гошев

18. Д. Бошков

19. В. Семенков

20. Г. Јанев

21. П. Стојанов

22. Г. Митев

23. Б. Ѓоргиев

Табела

Пласман
1
Одиграни
18
Победи
13
Нерешени
3
Порази
2
Дадени голови
76
Примени голови
19
Бодови
29
Фотографија од табелата за „Сезона 1955/56“, скенирана од изворниот документ

Фотографии