1930-ти
„Сезона 1937/38“

Преглед
Беласица оваа сезона за шампион на групата Струмица игра против Шумадија. Беласица во првиот натпревар губи со 0:1. Во реваншот, Беласица победува со 0:4 на гостувањето кај Шумадија, но заради нерегистриран играч, Беласица го губи службено натпреварот со 3:0. Шумадија продолжува понатаму за првак на Велешката жупа. За Беласица оваа сезона настапуваат: Ристо Филипов и Блажо Ристоманов на голманската позиција, а на бековската позиција играат Алеко Фиданчев и Јордан Николов-Бокото. На позицијата халф играат: Киро Динев, Ристо Витанов и Стојан Ќосев, а во нападот играат Сибиновиќ, Мрваљевиќ, Сандо Масев, Славчо Минанов, Методи Босиљанов, Никола Трендов, Јанко Јанев и Душко Панов. За екипата играат уште и: Киро Панов, Мито Стојанов, Миле Киров, Павле Јаков, Митко Китанов, Данило Мрваљевиќ, Љупчо Прошев, Ѓоше Ристоманов, Андрико Смиљанов и други.
Резултати
Група Струмица
| Натпревар | Резултат | Стрелци |
|---|---|---|
| Беласица — Шумадија | 0:1 | |
| Шумадија — Беласица | 3:0 |
Табела
- Пласман
- —
- Одиграни
- 2
- Победи
- 0
- Нерешени
- 0
- Порази
- 2
- Дадени голови
- 0
- Примени голови
- 4
- Бодови
- 0