Беласица повторно ја враќа титулата за најдобра екипа во Струмица, победувајќи гиСД Југославија со 1:0 и СД Шумадија со 7:0. Беласица се вклучуваво борбата за освојување на Провинциската лига. Во април 1939 година, Беласица во првиот натпревар го победува тимот на Тиквеш од Неготино со 3:2. Во реваншот, тимот на Тиквеш победува со 1:0, но заради неправилности, Беласица го добива натпреварот со 3:0 и со тоа тимот оди во третото коло. Беласица во дуелот со СК Радовишки, на домашен терен победува со 2:0, а на гостински терен, Беласица успева да победи со 3:1. Во полуфиналето во мај 1939 г., Беласица за противник го има тимот на СД Југославија од Битола. Двата натпревари се регистрирани со резултат 3:0, во корист на Беласица. Со тоа, Беласица за прв пат се пласира во финалето на провинцијата, каде се сретнувасо екипата на Звечан од Косовска Митровица. Беласица во првиот натпревар на гостувањето во Косовска Митровица губи со 1:7. На реваншот во Струмица, Беласица победува со 4:2, но тоа не е доволно за освојување на провинциската титула. Оваа сезона е најуспешна за Беласица во периодот меѓу двете светски војни.