Прескокни на содржина
ФК Беласица

1930-ти

„Сезона 1936/37“

Преглед

Управата и играчите на Беласица пред почетокот на оваа сезона сепод притисок да го променат името, Беласица. Но, Управата на клубот и играчите не се согласиледа го направаттоа. Под притисок на тогашните власти, Беласица останувабез управа и играчи. Постарите играчи се откажуваатод играње фудбал, а помладите, предводени од голманот Р. Филипов,продолжуваатда тренираат и да играат пријателски натпревари. Потсојузот се заканува дека ќе ја избрише Беласица од регистарот на клубовите. Но, со финансиски средства од Динчо Туџаров и Ѓошо Станоев, се уплатуваат1.000 динари на име на такси и клубот продолжувада постои. Во новата управа, покрај нив, влегуваати: Панчо Грчев, Киро Бошнаков, Ванчо Кацарски, Ристо Витанов, Владимир Белев и други. Оваа сезона Беласица не игра во рамките на Велешката жупа, па СД Југославија станувашампион на групата Струмица, победувајќи го тимот на СД Шумадија.

Резултати

Оваа сезона Беласица не игра во рамките на Велешката жупа, па СД Југославија станува шампион на групата Струмица, победувајќи го тимот на СД Шумадија.

Табела

Фотографија од табелата за „Сезона 1936/37“, скенирана од изворниот документ

Фотографии