Прескокни на содржина
ФК Беласица

2010-ти

„Сезона 2018/19“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2018/19“

Преглед

Беласица, по пауза од 12 години, пак се враќаво Првата македонска лига. На чело на Беласица е донесен Марјан Живковиќ. Во Беласица се враќаат неколку поранешни нејзини играчи: З. Балдовалиев од Академија Пандев, А. Милушев од Роткројц, Д. Стојков од Сент Луис, САД, а доаѓаат и Н. Вујанац, од Академија Пандев, Ф. Ивановски од Рованиеми од Финска, В. Серафимовски, В. Дробаров, С. Вујчиќ, Н. Петров, И. Вушљанин... Од Беласица си заминуваат: М. Мирчевски во Трепча, М. Костовски, А. Василев, Г. Здравков, Б. Истатов... Првенството се игра по четворокружен систем, односно противсекоја од другите 9 екипи во лигата, Беласица игра по четири пати. Беласица стартува со 3 порази, но потоа противВардар одигрува нерешено, а првата победа е забележана против Ренова во 6 коло. По освоените 13 бода од 4 до 10 коло, пак доаѓа до резултатски пад во финишот на сезоната. Беласица есенскиот дел го завршува со 4 победи, 5 нерешени резултати и 9 порази и гол- разлика 15:26. Најефикасни играчи во есенскиот дел со по 5 гола се З. Балдовалиев и Ф. Ивановски.

Во зимскиот преоден рок во Беласица се враќаат: М. Мирчевски од Трепча, по 13 години се враќа и Д. Савиќ од Земун, Б. Истатов од Плачковица и Денковски доаѓа од Индија, а од тимотзаминуваат: В. Серафимовски во Силекс, Ф. Ивановски се враќа во Финска, во КПВ, а Вушљанин и Петров одат во Нови Пазар. Беласица во пролетниот дел ја предводи Раде Цицмиловиќ, но по неколку неуспешни резултати, тимот во средината на април го презема поранешниот играч, Александар Стојанов. Беласица во четвртиот круг од првенството, во првите седум натпревари,забележува 4 победи и 4 нерешени резултати. Но, во претпоследното коло губи дома од Работнички, по што останува без шанси пред последното коло, противСилекс. Беласица, за жал, го освојува9 место од 10 екипи и испаѓа. На 36 натпревари, Беласица постигнува 9 победи, 11 нерешени резултати и 16 порази, со гол-разлика 37:49. Најдобар стрелец на тимот е П. Ѓоргиев со 9 гола, пред З. Балдовалиев, Д. Савиќ и Ф. Ивановски со по 5 гола. Беласица во пролетниот дел најчесто игра во состав: Н. Вујанац, Ј. Серафимовски, А. Милушев, З. Митевски, М. Маслац, В. Дробаров (Б. Стојанов), Д. Савиќ (М. Мирчевски), Д. Стојков (С. Сулев), П. Ѓоргиев, С. Вујчиќ, З. Балдовалиев. Беласица оваа сезона успевада стигне и до 1/2 куп на Македонија, но ќе биде елиминирана од Македонија ЃП, кој на два пати ја победува Беласица со по 1:0. Во финалето на купот, оваа сезона, Академија Пандев го освојува купот, по подоброто изведување пенали против Македонија ЃП.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2018
Победа (Прилеп) — Беласица1:0
Беласица — Академија Пандев0:2
Шкендија (Тетово) — Беласица4:1Вушљанин 10
Беласица — Вардар (Скопје)1:1Балдовалиев 59
Македонија ЃП — Беласица0:0
Ренова — Беласица0:2Ј. Серафимовски 70 Ивановски 85
Беласица — Шкупи1:0Балдовалиев 7
Работнички — Беласица1:1Ивановски 37
Беласица — Силекс1:1Балдовалиев 86
Беласица — Победа (Прилеп)2:1Балдовалиев 26 Ивановски 50
Академија Пандев — Беласица3:0
Беласица — Шкендија (Тетово)0:2
Вардар (Скопје) — Беласица1:1Ивановски 72
Беласица — Македонија ЃП1:4Милушев 19
Беласица — Ренова3:1Ивановски 9 Балдовалиев 80 Ѓоргиев 92
Шкупи — Беласица1:0
Беласица — Работнички1:2Вушљанин 92
Силекс — Беласица1:0
Пролетен дел 2019
Победа (Прилеп) — Беласица1:1Ѓоргиев 21
Беласица — Академија Пандев0:1
Шкендија (Тетово) — Беласица3:0
Беласица — Вардар (Скопје)0:0
Македонија ЃП — Беласица2:1Ѓоргиев 84
Ренова — Беласица3:2Мирчевски 31 Савиќ 91
Беласица — Шкупи2:0Ѓоргиев 9 Савиќ 75
Работнички — Беласица1:1Денковски 51
Беласица — Силекс0:1
Беласица — Победа (Прилеп)1:1Савиќ 73
Академија Пандев — Беласица0:2Дробаров 21 Ѓоргиев 30
Беласица — Шкендија (Тетово)2:1Ѓоргиев 9 автогол 64
Вардар (Скопје) — Беласица1:1Ѓоргиев 36
Беласица — Македонија ЃП3:1Савиќ 35, 72 Мирчевски 84
Беласица — Ренова3:2Мирчевски 19 Милушев 88 Ѓоргиев 91
Шкупи — Беласица2:2Маслац 35 Ѓоргиев 60
Беласица — Работнички0:1
Силекс — Беласица2:1Денковски 66

Статистика на играчи

Тренер: Марјан Живковиќ, Раде Цицмиловиќ, Ѓоко Хаџиевски, Александар Стојанов

Состав и статистика

Состав и статистика
№ИмеНастапиГолови
1Н. Вујанац320
2Ј. Серафимовски321
3А. Милушев292
4З. Митевски290
5М. Маслац160
6Д. Калпачки191
7Д. Стојков300
8В. Дробаров301
9П. Георгиев289
10С. Вујчиќ220
11З. Балдовалиев295
12Г. Пашовски30
13Ѓ. Џонов170
14И. Вушљанин160
15С. Сулев280
16Д. Савиќ165
17В. Серафимовски130
18Н. Петров120
19Ф. Ивановски115
20Б. Стојанов100
21М. Мирчевски163
22М. Ташев110
23С. Јанков50
24Х. Денковски112
25Н. Божинов70
26Т. Јанев40
27К. Тодоров60
28Б. Истатов30
29М. Арабаџиев20
30Д. Ѓоргиев10
31Ф. Наумчевски10

Табела

Пласман
9
Одиграни
36
Победи
9
Нерешени
11
Порази
16
Дадени голови
37
Примени голови
49
Бодови
38
Фотографија од табелата за „Сезона 2018/19“, скенирана од изворниот документ

Фотографии