Прескокни на содржина
ФК Беласица

2010-ти

„Сезона 2012/13“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2012/13“

Преглед

Беласица по испаѓањето од Втората македонска лига, доживува егзодус, ја напуштаат скоро сите играчи и останува да игра со младинскиот тим. В. Георгиев и П. Стојанов ги завршуваат своите кариери, С. Петковски и Ј. Серафимовски одат во Тиверија, Д. Илиев преминува во лондонски Арсенал, како млад 17-годишен голман. На чело на тимот како тренер застанува поранешниот напаѓач, Тони Ефтимов. Претседател на клубот е Петар Мишовски. Од искусните играчи, по летниот преоден рок, остануваат само голманот С. Краљевски, играчите од средината А. Стојанов и М. Алаѓозовски и голгетерот Ѓ. Лиманов. Од играчите кои остануваат во тимот, второлигашко искуство имаатсамо уште: А. Багашовски и Ѓ. Глигоров. Беласица сезоната ја започнува со натпревар од 1/16 на купот на Македонија, против Силекс и го губи со 1:3. Единствениот гол за Беласица го постигнува младиот и перспективен М. Цонев. Во градското дерби против Тиверија, во рамките на 12 коло, натпреварот завршува 1:1. Почетниот состав на Беласица на овој натпревар е: С. Краљевски, И. Ников, Љ. Ѓоргиев, Р. Адамов, А. Багашовски, О. Падешки, М. Алаѓозовски, А. Стојанов, М. Цонев, Ѓ. Лиманов и Ѓ. Глигоров. Беласица по 17 кола забележува 13 победи, 2 нерешени резултати и 2 порази, со гол-разлика 52:8. Со 41 бод, Беласица е на четвртото место, а на првото место е Василево со 46, пред Тиверија со 44. Во зимската пауза, Беласица ја напуштат и А. Стојанов и Ѓ. Лиманов, кои заминуваат во Корзо од Прилеп. Младинците на Беласица учествуваат на турнирот во Вијареџо, каде сепредводени од Т. Ефтимов и П. Стојанов. Беласица во пролетниот дел со овој млад тим нема да биде конкурентна на Тиверија и на крајотзавршува на 4 место. Во пролетниот дел, Тиверија ја победува Беласица со 3:1. Беласица во последното коло го совладува Карбинци со 9:0 и со тоа ја минува границата од 100 постигнати гола во ова првенство. Беласица на 33 натпреваризабележува23 победи, 3 нерешени резултати и 7 порази, со гол-разлика 102:23. Пред Беласица се Тиверија, која како прва, ќе влезе во Втората македонска лига, Василево на второто и Осогово на третото место.

Резултати

Трета македонска лига – исток

Трета македонска лига – исток
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2012
Беласица — Плачковица1:1
Астибо Штип — Беласица1:6
Беласица — Осогово0:1
Агрос Грдовце — Беласица1:7
Беласица — Саса2:0
Работник (Џумајлија) — Беласица0:2
Беласица — Василево2:1
Малеш — Беласица0:3
Беласица — Тракања (Градско Балдовци)9:0
Зрновци — Беласица1:0
Беласица — Чешиново2:0
Беласица — Тиверија1:1
Три Чешми — Беласица0:4
Беласица — Рудар (Пробиштип)3:1
1 Мај — Беласица0:3
Беласица — Слога Виница3:0
Карбинци — Беласица0:4
Пролетен дел 2013
Плачковица — Беласица1:0
Беласица — Астибо Штип3:0
Осогово — Беласица1:0
Беласица — Агрос Грдовце4:1
Саса — Беласица0:2
Беласица — Работник (Џумајлија)7:1
Василево — Беласица2:1
Беласица — Малеш6:0
Тракања — Беласица1:1
Беласица — Зрновци4:0
Чешиново — Беласица2:1
Тиверија — Беласица3:1
Рудар (Пробиштип) — Беласица0:4
Беласица — 1 Мај5:2
Слога Виница — Беласица1:2
Беласица — Карбинци9:0

Статистика на играчи

Тренер: Тони Ефтимов

Состав и статистика

Состав на сезоната:

За Беласица оваа сезонаиграат:

1. С. Краљевски

2. И. Ников

3. О. Падешки

4. А. Стојанов

5. Љ. Георгиев

6. А. Багашовски

7. М. Алаѓозовски

8. Ѓ. Глигоров

9. М. Шијаков

10. М. Цонев

11. Ѓ. Лиманов

12. Е. Аметов

13. В. Јованов

14. М. Филипов

15. З. Митевски

16. Т. Милев

17. Ж Ангелов

18. Д. Костадинов

19. Н. Коцев

20. И. Димитров

21. Р. Адамов

22. К. Нистров

23. И. Ѓоргиев

24. Д. Стојанов

Табела

Пласман
4
Одиграни
33
Победи
23
Нерешени
3
Порази
7
Дадени голови
102
Примени голови
23
Бодови
72
Фотографија од табелата за „Сезона 2012/13“, скенирана од изворниот документ

Фотографии