Прескокни на содржина
ФК Беласица

2000-ти

„Сезона 2003/04“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 2003/04“

Преглед

Беласица, во август 2003 год., по втор пат игра во купот на УЕФА, против Публикум од Словенија и губи 2:7 и 0:5. Летото си заминуваат: Р. Попов (Литекс), П. Стојанов (Работнички), З. Андонов, Н. Киров, И. Митров (Турново), Јеловац... Беласица се засилувасо неколку квалитетни играчи: П. Ристевски и Г. Грујовски од Победа од Прилеп, Т. Атанасов (Брегалница Делчево), Т. Ефтимов (Башкими), С. Салаховиќ, Д. Кнежевиќ, Е. Феризовиќ...

Беласица по двете втори места во претходните две сезони, пак има високи амбиции и добар состав, но за жал резултатите не секако во претходните сезони. До 8 коло, Беласица се наоѓа на 3 место, зад Вардар и Победа, но потоа започнуваатлоши резултати.Започнуваатфинансиските проблеми за клубот и заминување на некои играчи во текот на сезоната. По 9 коло, си одитренерот П. Блажевски, а него го наследуваР. Анчев за кратко, по што за тренердоаѓа С. Станчиќ. Беласица во купот пак е елиминирана од Слога Југомагнат. Беласица на крајот од есенската полусезона завршува како 9-та, со 5 победи, 5 нерешени резултати и 7 порази со гол-разлика 22:24. Во есенскиот дел со својата ефикасност се истакнаа: З. Балдовалиев со 9 гола и С. Салаховиќ со 6 гола. З. Балдовалиев е прогласен за најдобар спортист на Струмица за 2003 година, а Г. Попов за најдобар млад спортист.

Зимата заминуваат најдобрите играчи на тимот: З.Балдовалиев (Публикум), Д. Масев (Вардар), Г. Попов (АЕК), Б. Михајловиќ (Работнички), Т. Атанасов и Н. Танушев (Куманово), Р. Дориев и Т. Ефтимов (Пирин од Благоевград), Љ.Стоилов (Турново), В. Костов, С.Салаховиќ... Тимот нивното заминување се обидува да го надополни со интернационалиците: С. Јеловац и А. Муса, З. Начевски од Брегалница од Штип, М. Јованов од Турново и со млади играчи. Во пролетниот дел овој тимзабележувапет победи и еден нерешен резултат и 10 порази. Најубедливата победа е забележана против Цементарница со 4:1. На крајот, Беласица е на 10 место со 36 бодови и гол-разлика 35:57. Најмногу голови за Беласица оваа година постигнуваат: З. Балдовалиев 9, пред С. Салаховиќ со 6 и С. Јеловац со 5 гола. Најмногу натпревари одигруваат: Р. Христовски и И. Поцев по 26, пред П. Ристевски со 25 натпревари.

Резултати и стрелци

Прва македонска лига

Прва македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 2003
БеласицаЦементарница4:4Балдовалиев 38, 49, 62 Салаховиќ 54
Брегалница (Делчево)Беласица0:0
БеласицаСилекс4:0Салаховиќ 5 Балдовалиев 39, 55 Ефтимов 87
Вардар (Скопје)Беласица1:0
БеласицаСлога Југомагнат1:1Дориев 93
БеласицаМаџари Солидарност2:0Костов Г. Попов
ТиквешБеласица0:1Ефтимов 27
БеласицаБашкими2:0Балдовалиев 47, 59
Победа ПрилепБеласица2:0
БеласицаРаботнички3:5Салаховиќ 49, 80 Балдовалиев 70
Напредок (Кичево)Беласица2:2Салаховиќ 9 Мохајловиќ 18
ЦементарницаБеласица2:1Балдовалиев 72
БеласицаБрегалница (Делчево)0:0
СилексБеласица2:0
БеласицаВардар (Скопје)2:1Масев 19 Салаховиќ 33
Слога ЈугомагнатБеласица3:0
Маџари СолидарностБеласица1:0
Пролетен дел 2004
БеласицаТиквеш0:0
БашкимиБеласица1:0
БеласицаПобеда Прилеп3:1З. Начевски 14 Јеловац 22 Муса 48
РаботничкиБеласица3:0
БеласицаНапредок (Кичево)1:0М. Стојков 89
СилексБеласица4:0
БеласицаСлога Југомагнат1:3С. Пандев 28
Победа ПрилепБеласица3:0
БеласицаНапредок (Кичево)0:1
Маџари СолидарностБеласица3:0
БашкимиБеласица2:0
БеласицаТиквеш2:0Јеловац 53 Муса 57
Брегалница (Делчево)Беласица0:2Муса 11 Јеловац 56
БеласицаЦементарница4:1Муса 25 С. Пандев 53 Јеловац 59, 66
Вардар (Скопје)Беласица7:2З. Начевски 12 П. Ристевски 30
БеласицаРаботнички0:2

Статистика на играчи

Тренер: Пане Блажевски, Синиша Станиќ, Звонко Тодоров

Состав и статистика

Состав и статистика
ИмеНастапиГолови
1И. Дисиќ200
2Р. Христовски260
3И. Поцев260
4А. Муса164
5М. Стојков181
6Г. Попов151
7П. Ристевски251
8Б. Михајловиќ151
9З. Балдовалиев159
10Д. Масев151
11С. Јеловац165
12Г. Јовчев70
13А. Адамс170
14З. Начевски142
15М. Јованов150
16В. Костов131
17Ј. Христов120
18Љ. Стоилов120
19С. Салаховиќ126
20С. Пандев140
21М. Ташев170
22П. Неделковски60
23А. Стојанов130
24Т. Ефтимов102
25Р. Дориев71
26В. Николов50
27Д. Кнежевиќ80
28Р. Ристов60
29Б. Маневски50
30А. Василев40
31Н. Караколев100
32Е. Феризовиќ30
33Н. Танушев20
34Д. Ристовски20
35Ѓ. Вргов30
36Т. Атанасов40
37А. Митев30
38Д. Димитровски30
39М. Ѓоршев20
40Б. Митров20
41В. Данилов30
42Г. Грујовски10
43Д. Брзаковски10
44С. Петрески10
45А. Лери10

Табела

Пласман
10
Одиграни
33
Победи
10
Нерешени
6
Порази
17
Дадени голови
35
Примени голови
57
Бодови
36
Фотографија од табелата за „Сезона 2003/04“, скенирана од изворниот документ

Фотографии