Прескокни на содржина
ФК Беласица

1950-ти

„Сезона 1951“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Сезона 1951“

Преглед

Беласица оваа сезона ја отвара со одигрување пријателски натпревар против скопски Вардар, на 19.02.1951 година. Со овој натпревар официјално се пушта во употреба новиот стадион, а на првиот натпревар присуствуваат 6.000 гледачи. Беласица го губи натпреварот со 0:4, а играчи во составот се: А. Ушаков, Ѓ. Панов, Г. Иванов, С. Георгиев, Ѓ. Аџиташков, М. Трендов, Насков, И. Николов, В. Цветков, А. Трендов и И. Чулевски. Беласица во сезоната 1951 година се натпреварува во Титовелешката зона. Беласица игра одличен фудбал и своите противници ги совладува убедливо. Најубедлива епобедата од 13:1 против Локомотива од Гевгелија, а на овој натпревар младиот голгетер, В. Цветков, постигнува 6 гола, додека Чулевски постигнува 3 гола. Покрај Беласица, во оваа лига се натпреварува и екипата на Работник од Струмица. Беласица станува есенски првак и забележува 7 победи и по 1 пораз и 1 нерешен резултат.

Во пролетниот дел нема да играат Локомотива од Гевгелија и Задругар од Ваташа. Беласица игра уште подобро и забележува само еден нерешен резултат против главниот ривал, Железничар од Титов Велес. По освојувањето на првото место во оваа зона, Беласица игра квалификации за влез во Македонската лига. Во две групи од по 4 екипи биле поделени осум екипи. Беласица е во група со Металец од Скопје, Братство од Гостивар и Караорман. Беласица стартува добро со нерешен резултатпротив Караорман во Струга и победа против Братство во Гостивар. Но, потоа следува пораз на домашен терен од Металец. Во следните два домашни натпревари, Беласица забележува две убедливи победи против Караорман и Братство. Во последното коло Беласица губи во Скопје, но сепак завршува на второто место, кое воделово Македонската републиканска лига.

Резултати и стрелци

Титовелешка зона

Титовелешка зона
НатпреварРезултатСтрелци
Пролетен дел 1951
БеласицаМ. Малиманов (Неготино)4:1
ВардарскиБеласица1:0
БеласицаЛокомотива (Гевгелија)13:1Цветков 6 Чулевски 3 Харилов 2 Ќосев Иванов
Задругар (Ваташа)Беласица1:4
БеласицаПобеда (Валандово)9:0
БеласицаУдарник (Пирава)10:0
Работник (Велес)Беласица1:1
БеласицаРаботник (Струмица)6:1
БеласицаЖелезничар (Велес)3:1
Есенски дел 1951
БеласицаВардарски4:0
Победа (Валандово)Беласица0:5
БеласицаРаботник (Велес)5:0
Ударник (Пирава)Беласица0:6
Работник (Струмица)Беласица0:2
Железничар (Велес)Беласица0:2
М.Малиманов (Неготино)Беласица2:2

Квалификации за Македонска лига

Квалификации за Македонска лига
НатпреварРезултатСтрелци
Есенски дел 1951
КараорманБеласица1:1
Братство (Гостивар)Беласица0:1
БеласицаМеталац (Скопје)0:1
БеласицаКараорман4:1
БеласицаБратство (Гостивар)5:0
Металац (Скопје)Беласица1:0

Статистика на играчи

Состав и статистика

Состав на сезоната:

Играчи:

1. А. Ушаков

2. Ч. Хаџиски

3. Ѓ. Панов

4. То. Ефтимов

5. В. Ловцалиев

6. М. Трендов

7. К. Ќосев

8. И. Николов

9. В. Цветков

10. И. Чулевски

11. К. Харилов

12. В. Грчев

13. А. Трендов

14. Ѓ. Аџиташков

15. Д. Панов

16. Т. Вангелов

17. Д. Андонов

18. Поцевски

19. Г. Иванов

20. Костадинов

21. Насков

Табела

Пласман
1
Одиграни
16
Победи
13
Нерешени
2
Порази
1
Дадени голови
76
Примени голови
9
Бодови
28
Фотографија од табелата за „Сезона 1951“, скенирана од изворниот документ

Фотографии