Прескокни на содржина
ФК Беласица

1940-ти

„Беласица 1945–1948“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Беласица 1945–1948“

Преглед

По ослободувањето на Македонија, СД Беласица, која во 1945 година е преименувана во ФД Илинден, повторно започнувасо играње фудбал. Во 1945 година најпрвин Илинден почнува да игра пријателски натпревари со други екипи од овој регион: Тиверија, Кожуф од Гевгелија, Страшо Пинџур од Кавадарци, кој е победен со 3:1... Илинден продолжува со пријателски натпревари и во 1946 година и имаме резултат од натпреварот со Кожуф, кога екипата од Гевгелија победува со 2:0. Во 1946 година е формиран Фудбалскиот сојуз на Македонија. ФД Илинден се вклучува во лигашки натпревари во пролетта 1947 година, кога 25 екипи сеподелени во 5 групи. Илинден (Беласица) ево струмичката група, каде има три екипи. Покрај Илинден, тука сеи Ванчо Китанов од Пехчево и Малеш од Берово. Трите екипи играат меѓусебно по два натпревари во текот на месеците април и мај 1947 година.

Во есенскиот дел од 1947 година се донесува одлукамакедонските екипи да бидат поделени во 4 зони. Беласица во 4. зона игра против: Македонија од Кочани, Ванчо Прке од Штип и Овче Поле од Свети Николе. Победниците од 4-те зони потоа играат за добивање шампион на Македонија, во т.н. Меѓузонско првенство. Илинден започнува со 3:3 во Штип против екипата на Ванчо Прке, за да ја совлада потоа екипата на Македонијанод Кочани со 2:1 во Струмица. Во третото есенско коло, на 14.09.1947 г. игра 1:1 против Овче Поле од Свети Николе. Во овој натпревар Илинден настапува во состав: В. Грчев, Р. Буралиев, Ѓ. Панов-Бели, В. Ловцалиев, И. Николов-Моторетката, В. Николов, И. Ташков, Д. Панов, В. Андонов, Ѓ. Боцинов, М. Годев. Во октомври 1947 г. Илинден учествува во купот на Југославија, наречен куп на Маршал Тито. Вопрвиот натпревар го совладува со 5:0 тимот на Малеш од Берово, а потоа губат 2:1, во Гевгелија против, Кожуф. Пролетниот дел од првенството започнува да се игра во февруари 1948 година. Тимот на Ванчо Прке го добива денешното име, Брегалница од Штип и гостува во Струмица. Илинден победува со 3:0, а составот на тимот има две измени во однос на натпреварот со Овче Поле. Наместо И. Ташков и М. Годев, ќе настапат И. Чулевски и С. Николов. Во составот на Илинден игра и Д. Крстев на натпреварот против Македонија во Кочани, кој Илинден гогуби со 0:2.

Илинден на крајот го освојува второто место, со 3 победи, 2 нерешени резултати и 1 пораз, со 10:7 гол-разлика, веднаш зад Македонија од Кочани.

Илинден учестува и во купот на Маршал Тито и во 1948 година, кога Илинден на 04.07. ја победува екипата на Победа од Валандово со 4:0. Во следното коло, на 11.07., Илинден губи со2:0 од екипата на Страшо Пинџур од Кавадарци. Во младинците на Беласица настапуваат идните првотимци: Т. Панов, К. Ќосев и С. Крстев.

Резултати

Струмичката група

Струмичката група
НатпреварРезултатСтрелци
Ванчо КитановИлинден2:6
МалешИлинден0:3
ИлинденМалеш3:0

Илинден од 4. зона

Илинден од 4. зона
НатпреварРезултатСтрелци
Есен 1947
Ванчо Прке (Штип)Илинден3:3
ИлинденМакедонија (Кочани)2:1
Овче ПолеИлинден1:1
Пролет 1948
ИлинденБрегалница (Штип)3:0
Македонија (Кочани)Илинден2:0
ИлинденОвче Поле1:0

Статистика на играчи

Состав и статистика

Состав на сезоната:

Играчи од сезоната 1947/48:

1. В. Грчев

2. Р. Буралиев

3. Ѓ. Панов-Бели

4.В. Ловцалиев

5. И. Николов-Моторетката

6. В. Николов

7. И. Чулевски

8. Д. Панов

9. В. Андонов

10. Ѓ. Боцинов

11. С. Николов

12. Д. Крстев

13. М. Годев

14. И. Ташков

15. Т. Костов

16. Г. Иванов

17. М. Стоилков

Табела

Пласман
Одиграни
10
Победи
7
Нерешени
2
Порази
1
Дадени голови
22
Примени голови
9
Бодови
16

Фотографии