1940-ти
„Сезона 1943“
Преглед
Во сезоната 1943 година, во Пиринската спортска област се натпреваруваат 8 екипи, поделени во две дивизии по 4 екипи. Беласица е во групата со екипите на: Устрем од Св. Врач (денешен Сандански), Македонска слава од Горна Џумаја (денешен Благоевград) и Ботев, исто така од Горна Џумаја. Беласица ги одигрува сите 6 натпревари во текот на мај и јуни. Стартува со победа од 2:0 против Македонска слава, за да одигра потоа нерешено во гости против Устрем. Беласица потоа забележува две победи против Ботев. Во петтото коло Беласица губи од Македонска слава во Г. Џумаја. На последниот натпревар,победен е Устрем со 4:1. Беласица завршува на првото место со 4 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз, со гол-разлика 14:9. Но, фудбалскиот сојуз со седиште во Горна Џумаја донесува одлука Беласица да го преигра натпреварот со Устрем, и тоа во Горна Џумаја, аБеласица во знак на револт не отидува и Ботев станува шампион. На тој начин Беласица го губи првото место и нема да игра во финалето против Весов од Петрич, кој бил најдобар во дивизијата Б. Капитен на овој тим на Беласица е Јордан Николов-Бокото, а негов заменик е Ташо Масев. На голот бил Васил Грчев, а стандардни во првиот тим биле и: П. Ефтимов, Х. Буралиев, Г. Георгиев, И. Костов, Ас. Белев и К. Џинев.
Резултати и стрелци
Пиринска спортска област
| Натпревар | Резултат | Стрелци |
|---|---|---|
| Беласица — Македонска слава | 2:0 | |
| Устрем (Св. Врач) — Беласица | 2:2 | |
| Ботев (Г. Џумаја) — Беласица | 1:2 | |
| Беласица — Ботев (Г. Џумаја) | 1:1 | службено 3, 0 |
| Македонска слава — Беласица | 5:1 | |
| Беласица — Устрем (Св. Врач) | 4:1 | службено 0, 3 |
Статистика на играчи
Состав и статистика
| № | Име | Настапи | Голови |
|---|---|---|---|
| 1 | В. Грчев | 6 | |
| 2 | Ј. Николов | 5 | |
| 3 | Т. Атанасов | 3 | |
| 4 | В. Туџаров | 3 | |
| 5 | Т. Масев | 6 | |
| 6 | П. Ефтимов | 6 | |
| 7 | Х. Буралиев | 4 | |
| 8 | Г. Георгиев | 6 | |
| 9 | И. Костов | 6 | |
| 10 | Асен Белев | 5 | |
| 11 | К. Џинев | 5 | |
| 12 | А. Пакетов | 2 | |
| 13 | Алек. Белев | 2 | |
| 14 | К. Самараков | 1 | |
| 15 | М. Босиљанов | 1 | |
| 16 | Е. Ричлиев | 1 | |
| 17 | К. Ќосев | 1 |
Табела
- Пласман
- 3
- Одиграни
- 6
- Победи
- 3
- Нерешени
- 1
- Порази
- 2
- Дадени голови
- 10
- Примени голови
- 11
- Бодови
- 7
