Прескокни на содржина
ФК Беласица

1930-ти

„Сезона 1932/33“

Преглед

Беласица во оваа сезона пак игра во Велешката жупа, во групата два, која се состоиод трите струмички клубови: Беласица, Тиверија и Шумадија. Беласица пак излегувапобедник во оваа група, притоа во последниот натпревар убедливо ја победува Тиверија со 5:0. Во мај, 1933 година, Тиверија го менува името во Југославија. Во борбата за првак на Велешката група, Беласица во полуфиналето се судрува со екипата на Слога од Велес, која епобедник од групата еден, во која се натпреварувале 6 екипи од Велес. Беласица губи со 1:4 на домашен терен и со овој натпревар завршуваоваа сезона за Беласица.

Резултати

Велешка жупа, II група - Струмица

Велешка жупа, II група - Струмица
НатпреварРезултатСтрелци
Пролетен дел
ШумадијаБеласица1:1
БеласицаТиверија5:0

Полуфинале

Полуфинале
НатпреварРезултатСтрелци
БеласицаСлога (Велес)1:4

Табела

Пласман
Одиграни
3
Победи
1
Нерешени
1
Порази
1
Дадени голови
7
Примени голови
5
Бодови
3
Фотографија од табелата за „Сезона 1932/33“, скенирана од изворниот документ