Беласица, во септември 1931 година, го добива своето ново игралиште. На отварањето на игралиштето, Беласица игра против Спорт клуб од Куманово и успевада забележи победа од 3:1. Следниот ден, пак се среќаваатистите противници, но Беласица губи со0:2. Беласица, оваа сезона, за прв пат за првак на Струмица се бораттри екипи, покрај Беласица и Тиверија, тука еи екипата на Шумадија, која еновоформирана. Беласица во есенскиот дел првин одигрува0:0 против Шумадија, а потоа ја победува Тиверија со 2:0. Во пролетниот дел, Беласица еуште подобра и во март 1932 година првин ја победуваШумадија со 0:5, а потоа и Тиверија со 0:4. Во полуфиналето Беласица го совладуваи Кожуф на негов терен со 1:6. Во финалето за првак на жупата, Беласица го победуваи Горски од Велес, со 4:2. Потоа, Беласица се натпреварува за првак на провинцијата. Во полуфиналето се среќавасо екипата на Југославија од Прилеп, која ја совладуваБеласица со 4:1. Во оваа сезона, Беласица покажувадека е една од најдобрите екипи во Македонија.