1920-ти
„Беласица 1926–1930“
Преглед
Беласица, која била членка од порано во „Београдскиот лоптачки сојуз“, учествувала во Скопската жупа, во првата група, во сезоната 1926/27. Во оваа група со 6 тима, покрај Беласица, биле и Бабунски од Велес и 4 тима од Скопје: Победа, Скопски СК, Граѓански и Спарта. Сите натпревари се одиграле пролетта 1927 година. Беласица првенството го започнала со пораз од 9:3 од најдобрата екипа во групата, Победа од Скопје. Во извештајот од овој натпревар, новинарот ги истакнал: капитенот Миладиновиќ, Глигоријевиќ и Симиќ. Потоа, Беласица одиграла 1:1 против Бабунски во Велес. Последните три натпревари против другитетри скопски екипи, Беласица нема да ги игра и ги загубила сите службено со 0:3. Беласица на тој начин од овие пет натпревари, забележила 4 порази и само еден нерешен натпревар, односно освоила само еден бод, со гол-разликата од 4:19.
Во декември 1927 година се формирал „Скопскиот лоптачки потсојуз“. Беласица нема да игра официјални натпревари во сезоната 1927/28. Можно е Беласица привремено да престанала со активност, бидејќи во 1928 година повтоено е примена во Фудбалскиот сојуз.
Во следната сезона, 1928/29, Беласица и Тиверија играле меѓусебно за победник во фудбал на градот Струмица. Беласица излегува како победник од овој двомеч. Во финалето за првак на провинцијата, Беласица се сретналапротив Кожуф и загубиласо 2:0.
Во сезоната 1929/30, Беласица и Тиверија играле повторно за првак на градот Струмица. На 15 декември 1929 година, Беласица победила со 6:0, против Тиверија. Беласица победила и во вториот натпревар, во претколото, со 3:1, на 4 мај 1930 година. Во следното коло, Беласица играла на 18 мај 1930 година против Кожуф во Гевгелија. Кожуф играл со нерегистрирани играчи, па иако победил со 3:1, Беласица го добила службено натпреварот со 3:0. Но, првенството на „Скопскиот лоптачки потсојуз“ било поништено од Југословенскиот фудбалски сојуз, заради два наместени натпревари. Беласица на тој начин не добила можност да се бори за шампионската титула во овој потсојуз, бидејќи првенството предвреме завршило.
Резултати
Скопска жупа, прва група, 1926/27 (сите натпревари одиграни пролетта 1927):
Победа (Скопје) - Беласица 9:3
Бабунски (Велес) - Беласица 1:1
Скопски СК, Граѓански и Спарта - трите натпревари не се одиграни, изгубени службено 0:3
1928/29, за победник на градот Струмица:
Беласица - Тиверија, двомеч - Беласица победник (резултатите не се наведени во книгата)
Финале за првак на провинцијата:
Кожуф - Беласица 2:0
1929/30, за првак на градот Струмица:
15.12.1929: Беласица - Тиверија 6:0
04.05.1930: Беласица - Тиверија 3:1 (претколо)
18.05.1930: Кожуф - Беласица 3:1, добиено службено од Беласица 3:0 (Кожуф играл со нерегистрирани играчи)
Табела
- Пласман
- —
- Одиграни
- 9
- Победи
- 3
- Нерешени
- 1
- Порази
- 5
- Дадени голови
- 16
- Примени голови
- 22
- Бодови
- 7
